Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Македонија

Лишени од слобода турски и узбекистански државјани за фалсификување дозволи за престој
Лишени од слобода турски и узбекистански државјани за фалсификување дозволи за престој
Денеска во раните утрински часови, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и СВР Скопје спроведоа акција во скопската населба Чаир, при што приведоа шест странски државјани под сомнение за фалсификување службени документи и нелегален престој. Акцијата е спроведена околу 01:30 часот, кога се лишени од слобода четири лица од Турција – А.З. (30), З.А. (26), Е.С.О. (20) и А.У. (51), како и двајца државјани од Узбекистан – Н.А.Т. (39) и А.Д.М.У. (27). Претресот, извршен со судска наредба во домот на А.З. на подрачјето на Чаир, бил инициран поради сомневање за сторен прекршок по Законот за странци и член 378 од Кривичниот законик (фалсификување исправа). При претресот, петмина од затекнатите лица немале дозволи за престој, а биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека се користеле за криминални активности: дозволи за престој, пари, печати, лаптоп компјутери и турски патни исправи. Сите шест лица се задржани во полициска станица. Одделението за прекуграничен криминал и миграции работи на целосно документирање на случајот, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични и прекршочни пријави.
Во Македонија и Србија е замрзнат имотот на осомничен за злоупотреби во РЕК Битола
Во Македонија и Србија е замрзнат имотот на осомничен за злоупотреби во РЕК Битола
Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Македонија, упати итно барање до надлежните органи на Република Србија за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври. Од српските органи беше побарано да забранат на правното лице од Белград, на неговиот управител или на друго лице во нивно име да ги отуѓува, оптоварува или да располага со моторните возила за кои постои сомнение дека се набавени и претставуваат посредна имотна корист од кривичните дела за кои е отворена истрага. Дополнително, од српските власти е побарано да се обезбеди и да се отвори сеф за кој е утврдено дека осомничениот го поседува во една српска банка со цел да се провери неговата содржина. Поднесените барања се прифатени и српското обвинителство издаде наредби за замрзнување на наведениот имот. Освен ова, од сметките на осомничениот и неговата фирма во државава, која исто така е опфатена со истрагата, по барање на обвинителството се замрзнати околу 30 милиони денари, а обвинителството побара да се забрани и располагање на дополнителен движен и недвижен имот во државава – три стана во Скопје, парцела градежно неизградено земјиште и гаража стекнати во 2024 година, како и три товарни и едно патничко возило набавени во 2025 година, за кои постои сомнение дека претставуваат принос од казниво дело, односно имот кој во иднина може да е предмет на конфискација поради сторените кривични дела кои се опфатени со истрагата.
Царинската управа заплени цигари, ветеринарни препарати, брендирана облека и девизи
Царинската управа заплени цигари, ветеринарни препарати, брендирана облека и девизи
Мобилни екипи на царинската управа во изминатите денови спречија низа прекршочни дела на граничните премини и во внатрешноста на државата, при што е запленета разновидна стока, девизи и документи. Во акциите се откриени и спречени обиди за шверц на цигари, ветеринарни препарати, облека со ознаки на познати брендови, германски регистарски таблички и мигранти. На граничниот премин Деве Баир, при контрола на автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје, откриен е обид за шверц на 160 штеки цигари, кои биле сокриени во делови за вентилација, под седиштата и во багажот. Цигарите биле во сопственост на возачот, македонски државјанин, против кого е поведена прекршочна постапка. Значајна заплена е забележана и на Богородица, каде мобилен тим спречил нелегален внес на 100 килограми ветеринарни препарати и додатоци за исхрана за добиток, за чиј увоз е потребна посебна дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство. Производите биле пронајдени во кабината на камион, а против возачот е поведена постапка. Исто така, при контрола на стока во Царинската испостава Тетово, откриени се 1.512 метри квадратни теписи кои не биле опфатени со царинските документи. На граничниот премин Богородица, при контрола на камион со стока од Турција за Косово, запленети се 80 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки, поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. На Табановце, при личен претрес на македонски државјанин кој патувал за Берлин, пронајдени се непријавени седум илјади евра. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени две илјади евра, а останатите се задржани. На истиот премин запленети се и 665 парчиња гел за нокти кои се обидел да ги прошверцува возач на камион. На граничниот премин Блаце, пак, под седиштата на минибус пронајдени се непријавени очила за сонце со проценета вредност од околу 60.000 денари. Мобилната служба за скенер на Богородица откри обид за криумчарење на пет мигранти, државјани на Сиера Леоне, Египет и Екваторска Гвинеја, скриени во товарно возило. Лицата се предадени на МВР за понатамошна постапка. На граничниот премин Блаце, мобилен тим откри три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи скриени во јакните на тројца македонски државјани. Тие се обиделе да воведат возила во слободен промет без плаќање на увозни давачки, а против нив е поведена соодветна постапка. Царинската управа најави продолжување на засилените контроли со цел спречување на сите облици на нелегална трговија.
Фатени крадците кои ограбија златарница и две продавници во Прилеп - украденото вратено на сопствениците
Фатени крадците кои ограбија златарница и две продавници во Прилеп - украденото вратено на сопствениците
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп вчеравечер, во 19:20 часот, приведоа три лица под сомнение дека извршиле серија тешки кражби на подрачјето на градот. Лишени од слобода се А.А. (29) и двајца малолетници, сите од Прилеп. Тие се сомничат дека сториле тешки кражби во две колонијални продавници и една златарница. Од МВР информираат дека украдените предмети се пронајдени и веќе се вратени на нивните сопственици. По целосно документирање на случајот, против приведените ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 236 од Кривичниот законик, кој се однесува на кривичното дело „тешка кражба“.
Избран изведувач за реконструкција на Универзална сала - ќе биде готова до крајот на 2027 година
Избран изведувач за реконструкција на Универзална сала - ќе биде готова до крајот на 2027 година
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска соопшти дека е завршена постапката за избор на изведувач за реконструкција на Универзалната сала во Скопје по принцип „Клуч на рака“, означувајќи го крајот на повеќе од една деценија застој во реализацијата на овој капитален проект. „По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзалната сала во сјајот што го заслужува, ќе стане симбол на културата на нашиот град“, изјави министерот Љутков. Министерството донесе Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка, а по завршувањето на законските рокови и потпишувањето на договорот, се очекува веднаш да започнат градежните активности. Министерот Љутков истакна дека успеале да го откочат процесот, преземајќи ги сите потребни мерки, вклучувајќи изработка на нова проектна документација, измени на постојниот проект и обезбедување на предуслови за успешна реализација. Обновената Универзална сала, која досега беше домаќин на над 5.000 настани и ја посетиле над 5.800.000 граѓани, повторно ќе стане центар за културни настани и собирање на скопјани. Дополнително, најавено е дека објектот ќе биде дел од манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.
Преработувачката индустрија учествува со 25,9% во бруто-додадената вредност на државата
Преработувачката индустрија учествува со 25,9% во бруто-додадената вредност на државата
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека Преработувачката индустрија има најголемо учество од 25.9% во бруто-додадената вредност во 2024 година. Во 2024 година, 68.889 пазарно-ориентирани деловни субјекти реализирале промет од 2.152.867 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 486.170 милиони денари. Најголем промет од 40.2% реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.3%. Најголемо учество во вкупната бруто додадена вредност има Преработувачката индустрија со 25.9%, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 21.3%, Градежништвото со 9.6% и Информациите и комуникациите со 9.2%.
Лажна сообраќајка во која тешко е повредена ќерка ѝ - 71-годишна скопјанка е измамена за 36.300 евра
Лажна сообраќајка во која тешко е повредена ќерка ѝ - 71-годишна скопјанка е измамена за 36.300 евра
СВР Скопје регистрираше уште една голема измама, каде што 71-годишна жена од Скопје била измамена за сума од 36.300 евра преку добро познатата шема со лажна сообраќајна несреќа. Измамата била пријавена вчера, на 16.10.2025 година, во 17:20 часот. Според пријавата, криминалците најпрво ја контактирале жената телефонски. Едно лице се претставило како полициски службеник и ѝ соопштило дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и дека е тешко повредена. Веднаш потоа, ѝ било кажано дека мора да плати одредена сума за да се изврши итна операција. Кратко потоа, жртвата повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар. Ова лице ѝ дало прецизни инструкции каде да ги остави парите. Кратко потоа, жртвата повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар. Ова лице ѝ дало прецизни инструкции каде да ги остави парите. Жената ги оставила парите, по што сфатила дека е измамена. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите на оваа тешка измама.
Во Штип е отворен Дино Парк - Нова атракција за семејствата, учениците и туристите
Во Штип е отворен Дино Парк - Нова атракција за семејствата, учениците и туристите
Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов објави дека Дино Паркот, сместен во познатата шума во Бриони, е отворен и веќе стана новото омилено место за сите жители, посетители и љубопитни истражувачи. Паркот ја пренесува магијата на праисторискиот свет, нудејќи им на децата, семејствата и учениците можност да научат нешто ново на забавен начин. „Дино Паркот во Штип е новото омилено место за сите! Магијата на праисторискиот свет, пренесена во познатата шума во Бриони, веќе е отворена за сите деца, семејства, ученици, туристи и љубопитни истражувачи, кои ќе научат нешто ново на забавен начин!“, напиша Јорданов. Посетителите можат да ги видат репликите на најпознатите диносауруси, како што се Т-Рекс, Брахиосаурус, Стегосаурус и Птеранодонот, кои ги пречекуваат со нивната импозантна големина и реални животински крици. Градоначалникот изрази надеж дека паркот ќе стане симбол на детската љубопитност и имагинација.
Скопскиот и охридскиот аеродром опслужиле 2.585.096 патници во првите девет месеци - најмногу летови има кон Турција, Германија и Швајцарија
Скопскиот и охридскиот аеродром опслужиле 2.585.096 патници во првите девет месеци - најмногу летови има кон Турција, Германија и Швајцарија
Продолжува позитивниот тренд на раст на бројот на патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид, кои во првите девет месеци од годината опслужиле вкупно 2.585.096 патници, што претставува зголемување од 6% во однос на истиот период минатата година. Во истиот период е забележано и зголемување на бројот на летови за 3%, односно се реализирани 20.141 летови. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, истакна дека овие резултати се потврда за успешноста на долгорочната стратегија на компанијата, која се должи на внимателно планирање и континуирана посветеност кон подобрување на услугите. „За овој константен позитивен тренд на раст во голема мера влијаеа новоотворените осум линии од двата аеродроми на почетокот на годинава, во соработка со авикомпаниите и Владата“, вели Курт. Тој најави дека стабилниот раст се очекува да продолжи и до крајот на годината, благодарение на најавените седум нови авио-поврзувања преку „Виз ер“, кои ќе стартуваат кон крајот на октомври и декември, како и повторното поврзување на Скопје со Женева преку „Изиџет“ од 3 ноември. Новите линии од Скопје се кон Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака, Прага и Келн, а од Охрид кон Базел. Дополнителни нови линии се најавени и за 2026 година. Само во септември опслужени се 329.523 патници (раст од 8%) и 2.422 летови (раст од 1%). Меѓународниот Аеродром Скопје опслужил 2.375.264 патници (раст од 5,4%), додека Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид бележи двоцифрен раст од 16,2% со 209.832 услужени патници. Најфреквентна дестинација од Скопје останува Истанбул (двата аеродрома) со 16,9% пазарен удел, а најмногу директни летови има кон Турција (25,1%), Германија (24,7%) и Швајцарија (10,9%).
КХВ го одобри преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на српската Алта банка
КХВ го одобри преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на српската Алта банка
Комисијата за хартии од вредност (КХВ), на својата 68-ма седница одржана денеска, 16 октомври 2025 година, донесе Решение со кое ја утврди успешноста на понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на АЛТА БАНКА АД Белград. Седницата на КХВ со која е донесена оваа одлука ја претседаваше претседателката на Комисијата, м-р Бујаре Абази. Врз основа на извршената понуда за преземање, АЛТА БАНКА АД Белград се стекна со дополнителни 345.175 обични акции на Стопанска банка АД Битола. Овој новостекнат пакет акции претставува учество од 88% од вкупниот број обични акции на битолската банка. Со оваа трансакција, вкупниот кумулативен удел на АЛТА БАНКА АД Белград во Стопанска банка АД Битола достигна 93%. Вкупниот број на обични акции што ги поседува српската банка сега изнесува 364.614 акции (вклучувајќи ги и претходно поседуваните 19.439 акции).
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk