Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Македонија

Швајцарската компанија Баумер ги разгледува можностите за нова инвестиција во Македонија
Швајцарската компанија Баумер ги разгледува можностите за нова инвестиција во Македонија
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, денеска оствари работна средба со менаџментот на фабриката Баумер која работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1. На средбата се разговараше за досегашните активности на фабриката, како и плановите за во иднина и потенцијалната нова инвестиција, по што беше реализирана и обиколка низ производствениот погон. Димовски нагласи дека дирекцијата за ТИРЗ ја поддржува секоја нова инвестиција која ќе донесе поголем економски раст за државата и ќе отвори нови работни места. „Како институција активно работиме за уште поголем развој на постоечките компании во рамки на зоните, но и за нови потенцијални инвестиции кои дополнително ќе влијаат позитивно на националната економија. Оваа Влада, уште од самиот почеток како главни цели ги постави економскиот раст, новите инвестиции и новите работни места, а со досегашните резултати по повеќе од една година, верувам дека можеме уште повеќе.“ - изјави Димовски. Директорот на фабриката, Соња Стефановска, посочи дека според резултатите кои се постигнати од страна на компанијата во изминатиот период, постојат можности за потенцијално зголемување на производните капацитети и воведување на нови технологии со што ќе се отворат и нови работни места. Швајцарската компанија Баумер произведува напредна сензорска технологија, енкодери, мерни инструменти од областа на електрониката. Компанијата е присутна со 39 подружници низ 19 земји од светот, а во Македонија е присутна од 2019 година, кога официјално го отвори производствениот капацитет во ТИРЗ Скопје 1, каде се наоѓа и истражувачкиот центар во кој работат инженери од областа на електрониката, информатиката и машинската технологија.
КХВ издаде дозвола на Раде Кончар Трансформатори и Електрични постројки за преземање на Раде Кончар Апаратна Техника
КХВ издаде дозвола на Раде Кончар Трансформатори и Електрични постројки за преземање на Раде Кончар Апаратна Техника
Комисијата за хартии од вредност, на 67-мата седница која се одржа на 25 септември, донесе Решение со кое на Раде Кончар Трансформатори и Електрични постројки ТЕП ДООЕЛ Скопје му се издава дозвола за давање понуда за преземање на Раде Кончар Апаратна Техника АД Скопје. Понудата за преземање се однесува на сите 151.709 обични акции со право на глас издадени од Раде Кончар - Апаратна техника АД Скопје, освен 51.557 обични акции со право на глас кои се во сопственост на преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него и 2.964 обични акции на кои им е регистрирано ограничување на правото на глас кои се во сопственост на Друштвото за производство и трговија Раде Кончар - Трансформатори и Електрични постројки - ТЕП ДООЕЛ Скопје. Според податоците наведени во Проспектот Преземачот се обврзува да ги откупи сите 151.709 обични акции со право на глас по цена од 2.435,00 денари по акција. Рокот за прифаќање на понудата започнува од денот на првото објавување на понудата за преземање, a ќе заврши 28 календарски дена по започнувањето на рокот за прифаќање на понудатa за преземање. Согласно Понудата за преземање, преземачот не утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена, за понудата за преземање да се смета за успешна.
Мицкоски: Од 1 октомври почнува исплатата на линеарното зголемување на пензиите
Мицкоски: Од 1 октомври почнува исплатата на линеарното зголемување на пензиите
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, најави дека од 1 октомври ќе започне исплатата на линеарното зголемување на пензиите, како дел од владината стратегија за поддршка на пензионерите во земјава. „Од 1 октомври ќе започне првата корекција на пензиите, односно линеарното зголемување. Потоа, дополнително ќе следи уште едно зголемување на пролет, со што ќе се заокружи инвестицискиот циклус за зголемување на пензиите“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавеното есенско зголемување на пензиите. Како што посочи премиерот, по овој процес, вкупното зголемување на пензиите за секој пензионер ќе достигне 7.000 денари, што, како што истакна, значително ги надминува претходните ветувања за зголемување на пензиите од 5.000 денари за време на кампањата.
Од слобода е лишен тетовец кој ги обоил со црвена боја регистарските таблички и вградил флешери на својот автомобил
Од слобода е лишен тетовец кој ги обоил со црвена боја регистарските таблички и вградил флешери на својот автомобил
Полициски службеници од Полициското одделение Теарце вчера (25 септември) во 16:40 часот го лишиле од слобода 56-годишниот Р.Љ. од Тетово, поради сериозни сообраќајни прекршоци. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Р.Љ. управувал со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, при што бил забележан дека ги имал изменето регистарските таблички и додал нелегални светлосни сигнали (флешери) на возилото. Во моментот на контролата, од возилото биле одземени преправените регистарски таблички и вградените флешери. Полициските службеници го приведоа осомничениот поради кршење на неколку закони, вклучително член 139 точка 11, член 36 точка 5 од Законот за возила, како и член 225 точка 9 од Законот за безбедност на патниот сообраќај. По комплетирањето на истрагата, МВР најави дека ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци за сторените прекршоци.
М-НАВ успешно го отстрани дефектот на радарската глава Бањски Рид, повторно е ставен во функција
М-НАВ успешно го отстрани дефектот на радарската глава Бањски Рид, повторно е ставен во функција
М-НАВ АД Скопје ја информира македонската јавност дека по три дена интензивна работа, стручниот тим успешно го отстранил дефектот на електрониката на радарската глава Бањски рид. По поправката, на 24 септември 2025 година, во 16:40 часот, радарската глава беше вратена во функција и започнати се неопходни тестирања кои траеја до 25 септември 2025 година до 12 часот, кога истата беше повторно вклучена во системот за контрола на воздушниот сообраќај. Согласно информациите од М-НАВ, за време на нефункционалноста на радарската глава, безбедноста на воздушниот сообраќај не беше доведена во опасност. Сите безбедносни мерки беа имплементирани во согласност со меѓународните стандарди, а само беше забележан краткотраен намалување на протокот на летови на Меѓународниот аеродром Скопје. Од компанијата исто така нагласуваат дека било каква дезинформација која предизвикува страв кај јавноста само дополнително ја нарушува довербата во институциите и предизвикува штети на државата. М-НАВ АД Скопје упати благодарност до Владата на Република Македонија, како и до Министерот за транспорт и врски, г. Александар Николовски, за нивната безрезервна поддршка во овие моменти.
Царинската управа заплени дрога, цигари, суплементи, парфеми и алкохол на граница и во внатрешноста
Царинската управа заплени дрога, цигари, суплементи, парфеми и алкохол на граница и во внатрешноста
40 штеки цигари, 5 грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми, 7.500 евра, 600 пакувања со вештачки трепки, 35 литри алкохолни пијалоци и разна друга стока е запленета во текот на изминатите денови, во случаи на откриени прекршочни дела, при што против сторителите е спроведена соодветна постапка. Најголем дел од случаите се откриени од мобилните тимови кои при контроли извршени на граничните премини и во внатрешноста на државата открија и спречија повеќе прекршочни дела: - 40 штеки цигари и 17 парфеми, се откриени на Меѓуградската автобуска станица при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Истанбул-Гостивар, извршена на Меѓуградската автобуска станица Скопје. Непријавените производи биле пронајдени на повеќе места во внатрешноста на автобусот - фиоката над возачот, позади возачкото седиште, во фиоката над предните скали, под и на претпоследните седишта и во просторот за одмор на возачите. - Пет грама опојна дрога марихуана е откриена при контрола на патнички кампер со швајцарски регистарски таблички со кој француски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце. - При претрес на возач на автобус на граничниот премин Табановце, откриени се непријавени 9.500 евра. На лицето, македонски државјанин, согласно законските прописи му се вратени две илјади евра, а останатите 7.500 евра се запленети. - Во друг случај на граничниот премин Табановце, мобилен тим при контрола на камион со скенер, откри разна стока која не била пријавена меѓу која и опрема за уредување на домот. - При контрола на минибус на влез во државата на граничниот премин Блаце се откриени дури 2.700 ќесички со суплементи Arabesca Genitals и Arabesca Slim Mix, кои биле скриени на различни места во возилото. Возачот на минибусот, изјавил дека пронајдената стока е пратка која требало да ја достави на лице во Скопје. - Вкупно 600 пакувања со вештачки трепки, се пронајдени при контрола на патните торби на италијанска државјанка кој допатувала на Меѓународниот аеродром Скопје со лет од Рим. - При контрола на стока со потекло од Турција наменета за фирма од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4 се запленети 120 пара чорапи со ознаки на заштитена трговска марка поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Во други случаи царински службеници на граничните премини Дојран и Табановце, открија прекршочни дела при што се запленети употребувана пумпа, 35 литри алкохолни пијалоци, 117 парчиња облека и разна друга стока.
Македонија со повеќе произведена отколку потрошена електрична енергија во јули
Македонија со повеќе произведена отколку потрошена електрична енергија во јули
Државниот завод за статистика објави дека во јули, Македонија забележа значителен пораст во производството на електрична енергија, со вкупно произведени 458.478 MWh, што е за 8.8% повеќе од бруто-домашната потрошувачка. Според податоците, вкупната потрошувачка по видови енергенти во јули 2025 изнесува: - 421.489 MWh електрична енергија. - 25.599 милиони nm3 природен гас. - 357.665 тони јаглен. - 112.946 тони нафтени продукти. Државниот завод за статистика наведува дека бруто-домашното производство на електрична енергија целосно ја покрива бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, односно учествува со 100%. Дополнително, 99.9% од вкупната потрошувачка на јаглен се користи за производство на електрична енергија.
Анализа на АВМУ: Колкави се приходите во телевизиите и радијата?
Анализа на АВМУ: Колкави се приходите во телевизиите и радијата?
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа третиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со мониторингот на известувањето на радиодифузерите за Локалните избори 2025, спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, доделените дозволи за радио емитување, активностите на полето на меѓународната соработка. На состанокот беа презентирани и наодите од Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година. Анализата содржи податоци за економското работење на радиодифузерите, односно податоци за вкупните приходи, вкупните трошоци, финансискиот резултат од работењето и просечниот број на вработени. Вкупните приходи во индустријата во 2024 година изнесувале 3.219,21 милиони денари, додека вкупните трошоци 2.994,12 милиони денари. Вкупните приходи на МРТ биле значително повисоки отколку во претходните години и изнесувале 1.365,55 милиони денари, додека вкупните трошоци изнесувале 1.266,52 милиони денари. Јавниот сервис работел со добивка во износ од 87,81 милион денари, што е најдобар финансиски резултат остварен во последните шест години. Приходите што ги оствариле сите комерцијални телевизии заедно изнесувале 1.607,39 милиони денари, додека вкупните трошоци изнесувале 1.503,13 милиони денари. Вкупните приходи на пазарот на радијата изнесувале 246,27 милиони денари, а трошоците на радиостаниците изнесувале 224,47 милиони денари. Просечниот број вработени лица во редовен работен однос во 36-те комерцијални телевизии изнесувал 887 лица, додека кај радиостаниците изнесувал 186 лица.
Средба на Николоски и Казидакис, во фокусот е изградбата на брза пруга на коридорот 10
Средба на Николоски и Казидакис, во фокусот е изградбата на брза пруга на коридорот 10
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис. Ова е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоцијата на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти. На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите. Беа презентирани стратешките приоритети на Владата во инфраструктурата и се потенцира важноста од поефикасно регионално поврзување како предуслов за забрзан економски развој на регионот. Се истакна силната одлучност на двете Влади за изградба на брзата пруга на коридорот 10, регионален проект кој ќе овозможи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа. На средбата се презентираа усовите за инвестирање во земјата како и можноста за поголема економска и трговска соработка меѓу бизнис заедницата на двете земји. На средбата заклучија дека соработката и реализацијата на проектите од регионално значење ќе продолжи во следниот период во насока на зголемување на ефикасноста на транспорот и меѓуграничната соработка.
Владата потпиша договор за соработка со Обединетото Кралство за модернизација на железничката инфраструктура
Владата потпиша договор за соработка со Обединетото Кралство за модернизација на железничката инфраструктура
Министерот за транспорт Александар Николоски најави важен чекор напред во развојот на железничката инфраструктура во земјава. На редовна седница на Владата е разгледана и усвоена информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство, Кросрејл Интернешнал Лимитед (Crossrail International Limited - CIL). Овој договор за соработка претставува значаен потег за модернизација на македонската железничка мрежа, со посебен фокус на развојот на брзата железница и товарниот железнички сообраќај. Како дел од договорот, двете страни ќе соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во областите како што се сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, модернизација на депоата и железничкиот возен парк. "Овој договор е продолжување на веќе успешната соработка помеѓу нашата влада и владата на Обединетото Кралство, која започна во контекст на партнерството за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти," изјави министерот Николоски. "Со оваа соработка, ќе имаме можност да ја унапредиме нашата железничка инфраструктура и да го зајакнеме транспортниот сектор во Македонија." Договорот е важечки пет години, со можност за продолжување на уште пет години, и ќе има значајно влијание врз развојот на железничката инфраструктура и економскиот раст на земјата.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk