Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Средба Мицкоски-Кошта: Разговори за гасен интерконектор со Србија и Косово, решавање на тарифите за челикот на македонските производители
Средба Мицкоски-Кошта: Разговори за гасен интерконектор со Србија и Косово, решавање на тарифите за челикот на македонските производители
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Главна тема на разговор било актуелното приближување на земјата кон Европската Унија и конечното формално отпочнување на преговорите. Мицкоски потенцираше дека на состанокот ги повторил истите достоинствени позиции по сите понижувања што ѝ се случиле на земјата во изминатите 25 години на нејзиниот пат кон ЕУ. Покрај евроинтеграциите, на средбата биле разгледани и неколку стратешки важни проекти за земјата кои се приоритет и за претседателот Кошта. Меѓу нив се гасниот интерконектор со Србија и кракот на гасоводот кон Косово, како и решавање на тарифите за челикот и челичните производи на македонските производители. Исто така, станало збор и за заеднички проект на македонската Влада и Европската комисија, кој се однесува на проекти што треба да се реализираат во Кочани и кочанскиот регион. Премиерот Мицкоски ја оцени средбата како исклучително успешна и продуктивна, најавувајќи дека неговата агенда во Брисел продолжува со настан со Еуроњуз и вечера со комесарката Марта Кос, од кои очекува позитивни вести.
Раководството на „Гранит АД“ купува акции - Семејството Милковски ја зацврстува сопственоста
Раководството на „Гранит АД“ купува акции - Семејството Милковски ја зацврстува сопственоста
Градежната компанија „ГД Гранит АД Скопје“ информира за значително стекнување на обични акции од страна на дел од членовите на Управниот и Надзорниот одбор на компанијата. Акцијата е реализирана согласно член 34 од Правилата за котација на Берзата, кој налага објавување на трансакции на внатрешни лица. Со нови акции се стекнаа: - Страшо Милковски - претседател на Управниот одбор, се стекна со 8.760 обични акции. - Зоран Милковски - член на Управниот одбор, се стекна со 12.300 обични акции. - Ивана Милковска Симева - претседател на Надзорниот одбор, се стекна со 14.716 обични акции.
Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика - Во фокусот се инвестиции во регионали енергетски коридори
Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика - Во фокусот се инвестиции во регионали енергетски коридори
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по официјална покана од секретарот за енергетика на САД, Крис Рајт и грчкиот министер за енергетика, Ставрос Папаставру, ќе учествува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина. Настанот го организира Владата на САД во соработка со грчкото Министерство за енергетика, и претставува една од највлијателните платформи за енергетска соработка меѓу Европа и Северна Америка. Форумот ќе го отвори американскиот секретар за енергетика Крис Рајт, заедно со грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, а на програмата ќе учествуваат водечки личности од глобалниот енергетски сектор, претставници на меѓународни институции и енергетски компании. Во рамки на посетата, Министерката Божиновска ќе има и средба со секретарот за енергетика на САД, на која ќе се разговара за можности за продлабочување на енергетската соработка, инвестиции во регионални енергетски коридори. Во рамки на форумот, министерката Божиновска ќе присуствува и на прием организиран од Амбасадата на САД во Атина, на покана на амбасадорката Кимберли Гилфојл, во чест на американските секретари за внатрешни работи и енергетика и нивните тимови кои престојуваат во Грција како дел од програмата на P-TEC. P-TEC форумот опфаќа теми како енергетската безбедност, нуклеарната технологија, инфраструктурното финансирање, природниот гас како нова карта на енергетска поврзаност во Европа и трансформацијата на енергетските системи во ерата на вештачката интелигенција. Учеството на министерката Божиновска на овој форум е потврда за зголемениот интерес и позиционирање на Македонија во рамките на трансатлантските енергетски иницијативи, како и за континуираниот ангажман на Владата во насока на јакнење на енергетската стабилност, диверзификација на изворите и пристапот до нови технологии и инвестиции.
Македонскиот трговски дефицит се зголемува, Европската Унија останува најголем партнер
Македонскиот трговски дефицит се зголемува, Европската Унија останува најголем партнер
Државниот завод за статистика (ДЗС) ги објави податоците за стоковната размена со странство за периодот јануари–септември 2025 година, кои укажуваат на натамошен раст на надворешната трговија на земјата. Во споредба со истиот период од претходната година, забележан е пораст на трговскиот дефицит. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во првите девет месеци достигна 368 милијарди денари (околу 5,9 милијарди евра), раст од 2,1% во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока изнесува 523 милијарди денари (околу 8,5 милијарди евра), бележејќи раст од 3,6%. Во извозот најмногу се застапени високотехнолошки производи и компоненти за автомобилската индустрија. Најголемо учество имаат катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење и слично, делови на седишта и друго. Кај увозот најзастапени се нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали, платина и метали од платинската група, моторни возила и друго. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, клучни партнери остануваат земјите од Европската Унија и регионот. Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои заедно учествуваат со 47,7% во вкупниот обем на размена. Земјите членки на Европската Унија се најголемиот трговски партнер, со учество од 59,6% во вкупната размена со Македонија.
МВР санкционираше 138 возачи за непрописно затемнети стакла со фолија
МВР санкционираше 138 возачи за непрописно затемнети стакла со фолија
Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека во текот на месец октомври се изречени вкупно 138 санкции за возачи кои управувале возила со непрописно затемнети стакла, односно со вградени фолии кои не ги исполнуваат пропишаните услови. Секторот за сообраќајни работи при МВР во периодот од 1 до 31 октомври 2025 година спровел засилени сообраќајни контроли на територијата на цела држава со цел санкционирање на овој вид прекршоци. На сите 138 учесници во сообраќајот кои не ги почитувале законските одредби за затемнување на стаклата им се изготвени соодветни поднесоци. Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли за оваа проблематика ќе продолжат и во наредните денови. Истовремено, упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.
Во септември е намален бројот на работници во индустријата за 2,8%
Во септември е намален бројот на работници во индустријата за 2,8%
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави податоци кои покажуваат намалување на бројот на работниците во индустријата за 2,8% во септември 2025 година во однос на истиот месец минатата година. Според секторите, најголемо намалување бележи Преработувачката индустрија со пад од 2,9%. Намалување е регистрирано и во секторот Рударство и вадење на камен за 2,0%, како и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6%. Анализирано според главните индустриски групи, најголем пад на работници е забележан во групата Капитални производи, со значително намалување од 6,4%. Намалување има и во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка (2,8%) и Енергија (1,8%). ДЗС регистрира зголемување на бројот на работници во две групи: Трајни производи за широка потрошувачка со раст од 4,8% и Интермедијарни производи, освен енергија, со мал раст од 0,2%. Тренд на намалување се забележува и кумулативно, при што во периодот јануари-септември 2025 година, бројот на работници во индустријата се намалил за 3,7% во споредба со истиот период претходната година.
Поскапуваат бензините и дизелот - Нови цени на горивата од полноќ
Поскапуваат бензините и дизелот - Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на одлуката од 30.10.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,849%, кај дизелот за 2,319%, кај екстра лесното масло има намалување е 0,05% и кај мазутот има зголемување за 3,433%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0034%. Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-95) - 74,00 (денари/литар). - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-98) - 76,00 (денари/литар). - Дизел гориво (ЕУРОДИЗЕЛ БС Д-Е V) - 71,00 (денари/литар). - Масло за горење (Екстра лесно 1) - 69,50 (денари/литар). - Мазут (М-1 НС) - 36,913 (денари/килограм). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг. Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Приходите на Реплек се зголемија на 26 милиони евра, добивката порасна на 3,9 милиони евра
Приходите на Реплек се зголемија на 26 милиони евра, добивката порасна на 3,9 милиони евра
Фармацевтската компанија „Реплек“ АД објави континуиран раст и исклучително стабилни деловни резултати за периодот јануари – септември 2025 година, потврдувајќи ја одржливоста на својот бизнис модел. Компанијата оствари консолидирана нето-добивка по оданочување во износ од 239 милиони денари (3,9 милиони евра). Ова претставува раст од 77% во однос на истиот период минатата година. Главниот двигател на растот се приходите од продажба во сегментот Фармација, кои достигнаа 26 милиони евра. Овој приход е за 18% поголем во споредба со првите девет месеци од 2024 година. „Реплек“ останува силно извозно ориентирана компанија. Извозот во овој период изнесува 19,70 милиони евра, бележејќи раст од 18% на годишно ниво. Приходите од домашниот пазар исто така се зголемени за 18%, достигнувајќи 6,25 милиони евра. Со овие резултати, компанијата ја задржува стратегијата за балансирана географска распределба, при што 75% од приходите доаѓаат од извоз, а 25% од домашниот пазар.
Витаминка ги зголеми приходите на над 48 милиони евра - Добивката порасна за 5% во првите девет месеци
Витаминка ги зголеми приходите на над 48 милиони евра - Добивката порасна за 5% во првите девет месеци
Прехранбената компанија „Витаминка“ АД Прилеп објави позитивен финансиски резултат за периодот јануари – септември 2025 година, остварувајќи раст на вкупните приходи и зголемување на добивката по оданочување. Според неревидираниот единечен Биланс на успех, компанијата оствари вкупни приходи од 3 милијарди денари (околу 49 милиони евра). Ова претставува значителен раст од 14% во споредба со приходите реализирани во истиот период од 2024 година. Вкупните расходи за првите девет месеци изнесуваат 2,9 милијарди денари (околу 48 милиони евра), што е зголемување од 21% во однос на истиот период лани. Компанијата појаснува дека висината на расходите е во корелација со обемот на работењето. И покрај зголемувањето на расходите, „Витаминка“ оствари добивка по оданочувањето во висина од 37 милиони денари (614 илјади евра). Овој резултат е за 5% поголем во споредба со добивката постигната во периодот јануари – септември 2024 година.
Индустриското производство во септември се зголеми за 2,7%
Индустриското производство во септември се зголеми за 2,7%
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека индустриското производство во Македонија во септември 2025 година бележи раст од 2,7% во споредба со истиот месец минатата година. Клучен двигател на овој пораст е секторот Преработувачка индустрија, кадешто има зголемување од 3,1%. Најголемо влијание врз растот имаат одделите: Производство на прехранбени производи (+8,3%), Производство на електрична опрема (+8,2%) и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки (+7,7%). Спротивно, секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 1,7%, додека секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е намален за 2,5%. Гледано според главните индустриски групи, забележан е пораст кај: Интермедијарни производи, освен енергија (6,0%), Капитални производи (3,0%) и Енергија (1,6%). Истовремено, опаѓање има кај Трајни производи за широка потрошувачка (5,6%) и Нетрајни производи за широка потрошувачка (0,6%). ДЗС соопшти дека кумулативното индустриско производство во периодот јануари – септември 2025 година е зголемено за 2,3% во однос на истиот период од 2024 година.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk