Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Средба на Николоски и Казидакис, во фокусот е изградбата на брза пруга на коридорот 10
Средба на Николоски и Казидакис, во фокусот е изградбата на брза пруга на коридорот 10
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис. Ова е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоцијата на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти. На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите. Беа презентирани стратешките приоритети на Владата во инфраструктурата и се потенцира важноста од поефикасно регионално поврзување како предуслов за забрзан економски развој на регионот. Се истакна силната одлучност на двете Влади за изградба на брзата пруга на коридорот 10, регионален проект кој ќе овозможи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа. На средбата се презентираа усовите за инвестирање во земјата како и можноста за поголема економска и трговска соработка меѓу бизнис заедницата на двете земји. На средбата заклучија дека соработката и реализацијата на проектите од регионално значење ќе продолжи во следниот период во насока на зголемување на ефикасноста на транспорот и меѓуграничната соработка.
Владата потпиша договор за соработка со Обединетото Кралство за модернизација на железничката инфраструктура
Владата потпиша договор за соработка со Обединетото Кралство за модернизација на железничката инфраструктура
Министерот за транспорт Александар Николоски најави важен чекор напред во развојот на железничката инфраструктура во земјава. На редовна седница на Владата е разгледана и усвоена информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство, Кросрејл Интернешнал Лимитед (Crossrail International Limited - CIL). Овој договор за соработка претставува значаен потег за модернизација на македонската железничка мрежа, со посебен фокус на развојот на брзата железница и товарниот железнички сообраќај. Како дел од договорот, двете страни ќе соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во областите како што се сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, модернизација на депоата и железничкиот возен парк. "Овој договор е продолжување на веќе успешната соработка помеѓу нашата влада и владата на Обединетото Кралство, која започна во контекст на партнерството за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти," изјави министерот Николоски. "Со оваа соработка, ќе имаме можност да ја унапредиме нашата железничка инфраструктура и да го зајакнеме транспортниот сектор во Македонија." Договорот е важечки пет години, со можност за продолжување на уште пет години, и ќе има значајно влијание врз развојот на железничката инфраструктура и економскиот раст на земјата.
644 сообраќајни прекршоци и 5 возачи лишени од слобода за безобзирно управување со возило
644 сообраќајни прекршоци и 5 возачи лишени од слобода за безобзирно управување со возило
Во текот на вчерашниот ден (23.09.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, вкупно се издадени 644 платни од кои 183 се сообраќајни прекршоци за непрописно паркирање и 158 прекршоци за управување на возилото со брзина поголема од пропишаната. Согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се изречени и 82 прекршоци за возачи кои управувале возила без возачка дозвола, потоа евидентирани биле 33 прекршочни санкции за користење на мобилен телефон и 37 прекршоци заради неносење сигурносен појас, додека пак за неносење заштитен шлем биле санкционирани 27 возачи на мотоцикл. Исто така, санкционирани се двајца возачи на електрични тротинети, петмина возачи што поминале на црвено светло како и 10 возачи што управувале возило со недозволено количество алкохол во крвта. Воедно од страна на полициските службеници вчера се лишени од слобода и петмина возачи на коишто ќе им бидат поднесени кривични пријави по основ на член 297-а од КЗ на РСМ („безобзирно управување моторно возило“) затоа што кај нив се детектирани вредности на алкохол во крвта над 1,5 промили. Инаку, согласно Законот за возачи од сообраќај се отстранети 16 возила заради непоседување важечка сообраќајна дозвола, како и четири возила поради техничка неисправност. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Мицкоски: Платите пораснаа за над 10,5% во јули, а државниот и јавниот долг е намален
Мицкоски: Платите пораснаа за над 10,5% во јули, а државниот и јавниот долг е намален
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека според последните податоци на Државниот завод за статистика, платите во јули 2025 година пораснале за повеќе од 10,5% во споредба со јули 2024. Мицкоски ја истакна важноста на овие податоци како доказ за растот на економијата, а посебно на платите и ја разбија тезата на опозицијата дека во неговиот мандат не се остваруваат подобрувања на економски план. „Секогаш треба да работиме повеќе за да создадеме услови во кои бизнисите ќе се развиваат и ќе можат да обезбедат повисоки плати за работниците“, изјави премиерот. Во врска со критиките на опозициската партија СДСМ, Мицкоски посочи дека нивните тврдења дека платите не растеле, а задолжувањето на државата се зголемило, се покажуваат како неосновани. Според него, податоците објавени од Државниот завод за статистика го покажуваат спротивното, со што ги демантирале тврдењата на опозицијата. Покрај растот на платите, премиерот истакна дека по долг период, за првпат, и државниот и јавниот долг се намалени. Државниот долг се намалил за 4%, додека јавниот долг за 2,7% на крајот од вториот квартал на 2025 година.
Градоначалникот Костовски најави изградба на нова поликлиника во Бутел
Градоначалникот Костовски најави изградба на нова поликлиника во Бутел
Општина Бутел го добива најголемиот здравствен проект досега – нова поликлиника. Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел, најави дека Владата ја одобрила последната одлука за реализација на овој важен проект, кој ќе ја подигне здравствената инфраструктура во оваа општина на високо ниво. Според Костовски, проектот е веќе подготвен, локацијата е обезбедена, а потребните средства од 117.725.000 денари се осигурени. Ова е голем чекор напред за општината, бидејќи ќе се обезбеди современ здравствен сервис за сите граѓани на Бутел. "До крајот на неделата, очекуваме потпис на договорот со Министерството за здравство, а за неколку дена ќе започнеме со тендерирање за изведувач на проектот", изјави Костовски. Градоначалникот изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за неговата значајна поддршка која ја овозможи реализацијата на оваа одлука и ги пофали напорите за исполнување на најголемото барање на граѓаните на Бутел.
Полициски тим евакуираше тројца белгиски државјани кои побарале помош додека планинареле во Центар Жупа
Полициски тим евакуираше тројца белгиски државјани кои побарале помош додека планинареле во Центар Жупа
Полициски тим од ОВР Дебар синоќа успешно извлече тројца белгиски државјани кои побарале помош додека планинареле во планинскиот предел над Дебар, во близина на селото Новак, општина Центар Жупа. Повикот за помош бил примен на 22 септември во 19:13 часот, откако странските државјани пријавиле дека биле нападнати од овчарски кучиња. По добиената локација, полициски тим со теренско возило веднаш се упатил на терен, каде со помош на локалниот ловочувар ги лоцирал и безбедно ги пренел планинарите до нивното возило. Спасените се идентификувани како Л.М. (42), М.Л.К. (62) и Ј.Ј. (41), сите белгиски државјани. Тие изјавиле дека биле нападнати од кучиња откако поставиле камп-шатор, по што биле принудени да побегнат и да се искачат на столб за мобилна телефонија за да се заштитат. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицата биле во добра здравствена состојба и не претрпеле повреди.
УЈП: Уште два дена за поднесување и плаќање на ДДВ за август
УЈП: Уште два дена за поднесување и плаќање на ДДВ за август
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите даночни обврзници дека остануваат уште два работни дена до крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите за даночниот период 01.08 – 31.08.2025 година. Крајниот рок истекува во четврток, 25 септември 2025 година. УЈП апелира до обврзниците навреме да ги достават потребните документи до своите сметководители и да не го оставаат исполнувањето на законските обврски за последен момент. Според податоците на Управата, од вкупно 7.748 очекувани пријави, досега се поднесени само 2.057, што претставува околу 27% од вкупниот број даночни обврзници кои се должни да поднесат ДДВ-04 пријава. Од УЈП нагласуваат дека навременото поднесување и плаќање не само што е законска обврска, туку и клучен чекор за одржување на добра даночна историја, избегнување на дополнителни трошоци, камати и санкции, како и за финансиска стабилност на деловните субјекти.
Американски Wabtec ќе испорача 300 локомотиви на Казакстан во вредност од 4,2 милијарди евра
Американски Wabtec ќе испорача 300 локомотиви на Казакстан во вредност од 4,2 милијарди евра
Министерството за трговија на САД го објави потпишувањето на историскиот трговски договор во транспортниот сектор помеѓу американската компанија Wabtec и Владата на Казахстан, во рамки на свечена церемонија која се одржа за време на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Според договорот, вреден 4,2 милијарди долари, Wabtec ќе испорача 300 локомотиви на казахстанските железници во следната деценија, што е најголем договор за железничка опрема во историјата. Локомотивите од серијата Evolution ES44Aci, кои ќе бидат испорачани како монтажни комплети, се наменети за тешки товарни услуги и ќе се произведуваат во САД, со што се очекува да се поддржат повеќе од 11.000 добро платени американски работни места.
Просечната нето-плата порасна на 45.276 денари во јули
Просечната нето-плата порасна на 45.276 денари во јули
Според податоците од Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2025 година изнесува 45.276 денари, што претставува раст од 10,5% во однос на истиот месец минатата година. Зголемувањето на просечната нето-плата се должи пред сè на повисоките примања во одредени сектори, како што се: - Административни и помошни услужни дејности, со раст од 16,5%. - Образование, со раст од 15,0%. - Здравствена и социјална заштита, со раст од 14,8%. Иако трендот е позитивен на годишно ниво, намалување на платите во споредба со претходниот месец (јуни 2025) е забележано во неколку сектори: - Финансиски дејности и осигурување – пад од 4,0%. - Рударство и вадење на камен – пад од 3,3%. - Информации и комуникации – пад од 3,0%. Во однос на бруто-платата, статистиката покажува дека во јули 2025 година просечната исплатена бруто-плата изнесувала 68.102 денари, што е зголемување од 10,6% во споредба со јули 2024 година.
Поднесени 32 кривични пријави за предизвикување на пожари, приведени 56 лица
Поднесени 32 кривични пријави за предизвикување на пожари, приведени 56 лица
Министерството за внатрешни работи извести дека од 01.04.2025 до 23.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56 лица, а по преземени мерки поднесени се 32 кривични пријави. Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност. Воедно се известуваат граѓаните дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 23.09.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми. Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата. Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk