Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Економија

Алкалоид ќе ја заврши годината со приходи од над 335 милиони евра и рекорден извоз од над 220 милиони евра
Алкалоид ќе ја заврши годината со приходи од над 335 милиони евра и рекорден извоз од над 220 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети фармацевтската компанија „Алкалоид“, каде заедно со генералниот директор Живко Мукаетов официјално ја пуштија во употреба новата микробиолошка лабораторија. Оваа капитална инвестиција од 3,1 милион евра е насочена кон зајакнување на контролата на квалитетот и зголемување на конкурентноста на компанијата на светските пазари. Новиот објект значително ги проширува капацитетите за микробиолошки анализи на суровини, полупроизводи и готови производи. Директорот Мукаетов објасни дека лабораторијата е опремена за извршување на над 20 илјади анализи годишно. Премиерот Мицкоски, изрази големо задоволство од она што го видел во компанијата, нагласувајќи дека ваквите македонски успешни приказни се најдобриот промотор на државата во светот. Тој истакна дека Владата секогаш ќе ги поддржува компаниите кои вложуваат во развој, посочувајќи дека во Алкалоид својата иднина ја градат над 3.000 вработени. Тој додаде дека фактот што две третини од портфолиото на компанијата се извезува, директно влијае врз растот на бруто-домашниот производ и на целокупното индустриско производство во земјата. И покрај бројните предизвици во текот на оваа година, Алкалоид бележи исклучителни деловни резултати. Мукаетов информираше дека 2025 година ја завршуваат со остварувања над планираното, постигнувајќи вкупни приходи од над 335 милиони евра и рекорден консолидиран извоз од над 220 милиони евра.
Од денеска цената на бензините се намалува за два денари
Од денеска цената на бензините се намалува за два денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 15.12.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,021%, кај дизелот за 3,929%, кај екстра лесното масло за 3,168% и кај мазутот намалувањето е за 0,401%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6378%. Од денеска максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР (БС-95) - 71,00 (денари/литар). - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР (БС-98) - 73,00 (денари/литар). - Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ (БС Д-Е V) - 66,50 (денари/литар). - Масло за горење (Екстра лесно 1) - 65,50 (денари/литар). - Мазут (М-1 НС) - 32,635 (денари/килограм). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот (М-1 НС) не се менуваат. Од РКЕ напоменуваaт дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Бројот на посетители во театрите е зголемен за 20,5%, прикажани се вкупно 1.391 претстава
Бројот на посетители во театрите е зголемен за 20,5%, прикажани се вкупно 1.391 претстава
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика за периодот 2024/2025 година, професионалните театри во земјава бележат пораст на прикажување претстави и привлекување на публика. Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 20,9% во споредба со претходната сезона, додека бројот на посетителите бележи пораст од 20,5%. Во 18 професионални театри биле изведени 871 дело со вкупно 1.105 претстави, кои ги виделе 198.756 посетители. Бројот на прикажани претстави во театрите за деца и млади во периодот 2024/2025 година е намален за 24,9%, а има намалување и на бројот на посетители за 30,9% во однос на сезоната 2023/2024. Во овие театри биле прикажани 163 претстави со вкупно 16.534 посетители. Кај аматерските театри е забележана позитивна динамика со зголемување и на бројот на претстави и на бројот на посетители. Во овие театри биле изведени 123 претстави пред публика од 16.846 граѓани. Кога ќе се сумираат сите театарски дејности (професионални, аматерски и за деца), вкупната бројка изнесува 1.391 претстава и 232.136 посетители. Во делот на музичко-сценската дејност, Националната филхармонија бележи пад на бројот на посетители во споредба со периодот 2023/2024 година, реализирајќи 38 концерти со 25.100 посетители. Професионалниот ансамбл за народни игри и песни бележи раст. Кај нив е евидентирано зголемување на бројот на самостојни приредби и концерти, кои во тековниот период достигнале бројка од 28 настапи со вкупно 19.920 посетители.
Николоски: Се работи на нов просторен план кој ќе понуди инфраструктурен концепт за развој на Македонија
Николоски: Се работи на нов просторен план кој ќе понуди инфраструктурен концепт за развој на Македонија
Изработката на новиот просторен план на Македонија ќе понуди нов инфраструктурен концепт и ќе ги даде клучните насоки за долгорочен развој на државата, овозможувајќи бенефити за целокупното општество. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на настанот по повод 20 години постоење на Агенцијата за просторно планирање. Николоски потенцираше дека Агенцијата има централна улога во обликувањето на иднината на државата преку овој стратешки документ. Тој објасни дека Македонија, како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа, мора максимално да ја искористи својата геостратешка положба на Коридорите 8, 10 и 10-д. Новиот план предвидува интензивен развој на автопатиштата, железничките поврзувања и формирање на мултимодуларни јазли, особено на вкрстувањето на двата клучни коридори. Министерството за транспорт, во рамки на стратешките политики на Владата, веќе работи и на изработка на современ софтвер за развој и управување со геопросторни податоци.
Netflix го купува Warner Bros за огромни 72 милијарди долари
Netflix го купува Warner Bros за огромни 72 милијарди долари
Стриминг платформата Netflix објави дека постигнале договор за купување на медиумскиот гигант Warner Bros. Discovery (WBD) за проценета вредност од 72 милијарди долари. Со преземањето, Netflix добива контрола врз студијата, стриминг бизнисот и архивите на WBD, вклучувајќи ги највредните брендови како HBO, DC Comics (Batman, Superman), франшизата „Harry Potter“ и „Game of Thrones“. Зделката, која доби согласност од одборите на двете компании, предвидува WBD да го одвои својот оддел за традиционални кабловски мрежи (вклучувајќи ги CNN, TBS и TNT) во посебен субјект. Сепак, аналитичарите нагласуваат дека зделката ќе се соочи со строга антимонополска контрола од регулаторните тела во САД и ЕУ поради големата концентрација на содржина и моќ во рацете на Netflix. Netflix се обврза да го задржи кино-дистрибутерскиот бизнис на Warner Bros. и да продолжи прикажувањето на нивните филмови во кино.
Досега се откупени над 1,7 милиони килограми тутун по просечна цена од 419 денари
Досега се откупени над 1,7 милиони килограми тутун по просечна цена од 419 денари
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска изврши увид во откупот на тутун во прилепскиот регион и информираше дека откупот на тутун од годинешната реколта е во полн ек, при што најголем дел од компаниите веќе започнале со откуп. Според најновите податоци, досега се откупени 1,7 милиони килограми тутун низ државата, со просечна откупна цена од 419 денари по килограм. Ова претставува зголемување за 19 до 20 денари во однос на минатогодишната просечна цена која изнесувала 400 денари. „Од тие над еден милион килограми (според податоците од претходните денови), околу 967.000 килограми се откупени како прва категорија, а многу мала количина како втора и трета категорија.“ - изјави министерот Трипуновски. Од пријавените 320 откупни пунктови низ државата, заклучно со вчерашниот ден, отворени се 207. Министерот нагласи дека очекува оваа откупна сезона да заврши навремено и со правилно вреднување на класите на тутунот. Тој додаде дека тутунарите оваа година добија државна поддршка за зелена нафта со значајна литража, што сериозно влијае на намалување на производните трошоци. Министерството ќе го следи целиот процес на откуп, а крајниот рок за завршување на откупот е крајот на февруари.
Тендерот за изградба на третиот дел од пругата кон Бугарија ќе биде објавен во декември или јануари
Тендерот за изградба на третиот дел од пругата кон Бугарија ќе биде објавен во декември или јануари
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, за време на неговата работна посета на Брисел, оствари средби на кои се разговараше за унапредување на регионалните инфраструктурни проекти. Тој се сретна со бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт, Гроздан Караџов, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан - Источен Медитеран, Мариан-Жан Маринеску, како и со Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница. Николоски информираше дека Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година за изградба на третиот дел од пругата кон Бугарија наскоро ќе биде ратификуван во Собранието. Директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот. Николоски потенцираше дека тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија се очекува да биде објавен во декември или јануари. Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре, каде што ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.
Македонија има раст на БДП од 3,8% во третиот квартал
Македонија има раст на БДП од 3,8% во третиот квартал
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал од 2025 година забележа пораст од 3,8% во споредба со истиот период од претходната година. Овој раст, според сезонски и календарски прилагодените податоци, изнесува 3.6%. Учеството на бруто инвестициите се зголемиле од 26,1% во третиот квартал од 2024 година на 31,1% во третиот квартал од 2025 година. Поголем пораст е забележан во секторите „Ѓ - Градежништво“ од 21% и „Ѕ - Информации и комуникации“ од 7,4%. Финалната потрошувачка има номинален раст од 7,7% во третиот квартал и учествува во структурата на бруто-домашниот производ со 80,2%.
Германската компанија Heidelberg Postpress со потенцијална инвестиција во ТИРЗ: Скопје и Штип се можни локации
Германската компанија Heidelberg Postpress со потенцијална инвестиција во ТИРЗ: Скопје и Штип се можни локации
Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) најави потенцијална нова странска директна инвестиција од германската технолошка компанија Heidelberg Postpress. Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, денеска оствари средба со Матиас Лаубенштајн, директор на Heidelberg Postpress, при што се разгледуваа можностите за отворање нов производствен погон во Македонија. Компанијата изрази интерес за инвестирање во рамките на зоните, при што како потенцијални локации беа разгледани ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип. На средбата, директорот Димовски ги презентираше можностите и поволностите што ги нуди Македонија, нагласувајќи ја стратешката локација и даночните олеснувања достапни за инвеститорите. Матијас Лаубенштајн посочи дека стабилната деловна средина, пристапот до квалификувана работна сила и транспарентната поддршка од институциите се клучни фактори во нивната анализа за избор на нова локација. Heidelberg Postpress е компанија која работи во областа на машинското инженерство. Ги снабдува компаниите со пакување и дигитално печатење, софтверски решенија, услуги и потрошен материјал. Компанијата моментално се фокусира на проширување во нови деловни области како што се високо прецизно инженерство на постројки со интегрирана контрола, технологија за автоматизација и роботика, како и растечките зелени технологии. Доколку оваа инвестиција се реализира, ќе придонесе во отворање на нови работни места и пренесување на напредните германски технологии и стандарди во македонската економија.
ЕУ постигна договор за целосно укинување на увозот на руски гас
ЕУ постигна договор за целосно укинување на увозот на руски гас
Европскиот парламент го формализираше и потврди клучниот договор со Советот на ЕУ за постепено укинување на увозот на руски природен гас. Европскиот парламент го формализираше и потврди клучниот договор со Советот на ЕУ за постепено укинување на увозот на руски природен гас. Договорот предвидува забрана на течен природен гас (ЛНГ) кој ќе започне со влегувањето во сила на регулативата на почетокот на 2026 година. Забраната за гасот што се испорачува преку гасоводи ќе стапи на сила од 30 септември 2027 година. За да се спречат обидите за заобиколување на правилата, договорениот текст предвидува максимални казни за операторите кои ги прекршуваат одредбите. Дополнително, операторите ќе мора да доставуваат построги и подетални докази до царинските власти за земјата на потекло на гасот пред неговиот увоз. Овој забрзан временски распоред, особено за гасоводот, е резултат на притисокот од европратениците за што побрзо намалување на зависноста од Русија. Исто така, Европската Комисија ќе подготви законски предлог за целосна забрана на увоз на руска нафта. Комисијата треба да го претстави предлогот на почетокот на 2026 година, со цел забраната за нафта да биде ефективна најдоцна до крајот на 2027 година.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk