Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Економија

Николоски се сретна со амбасадорот на Катар: Зајакнување на економската соработка и воведување на директна авиолинија Скопје-Доха
Николоски се сретна со амбасадорот на Катар: Зајакнување на економската соработка и воведување на директна авиолинија Скопје-Доха
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари, вршител на должност амбасадор на Катар, со фокус на зајакнување на билатералната економска соработка и воспоставување на директна авиолинија Скопје-Доха. Двајцата соговорници ја оценија билатералната соработка како добра, но ја потенцираа значајната можност за зајакнување на економските и трговските односи меѓу Македонија и Катар. Вицепремиерот Николоски ја претстави амбициозната програма на Владата во областа на инфраструктурата, туризмот и авиосообраќајот. Посебен акцент беше ставен на можноста за воспоставување на директна авиолинија меѓу Скопје и Доха, што се смета за клучно за одржување на бизнис релациите и поврзувањето на граѓаните. На средбата се разговараше и за зголемување на соработката во транспортниот сектор, туризмот и инвестициите. Министерот Николоски истакна дека Македонија е во фаза на реализација на крупни капитални проекти и упати јавен повик до сите заинтересирани компании од Катар да се пријават на меѓународните јавни повици.
Ѓорѓиевски и Николоски разговараа за нови проекти во Скопје: Градски воз, нови автобуси и модернизација на инфраструктурата
Ѓорѓиевски и Николоски разговараа за нови проекти во Скопје: Градски воз, нови автобуси и модернизација на инфраструктурата
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во просториите на Град Скопје оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на која беа договорени чекори за забрзана реализација на капитални проекти кои треба да го трансформираат градскиот сообраќаен систем. Главна тема на состанокот беше подобрувањето на транспортниот систем на градот преку неколку клучни иницијативи: ш- Проектот Градски воз: По започнувањето на изградбата на првата линија, следниот приоритет ќе биде подготовката на техничката документација и плановите за другите две линии. Тие се предвидени да се движат во насока кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци. - Набавка на нови, еколошки автобуси: Градот Скопје веќе е во комуникација со Владата за набавка на нови, еколошки возила, со цел значително да се подигне квалитетот и ефикасноста на јавниот градски превоз. - Модернизација на инфраструктурата: Се разговараше и за целосна модернизација на сообраќајната инфраструктура во Скопје. Според нив, Скопје има итна потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе донесе поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните.
Унгарија изземена од американските санкции за руска нафта и гас по средбата меѓу Орбан и Трамп
Унгарија изземена од американските санкции за руска нафта и гас по средбата меѓу Орбан и Трамп
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, објави дека Унгарија добила изземање од американските санкции за увоз на руска нафта и гас. Орбан изјави дека постигнал договор за целосно изземање од санкциите што се однесуваат на рускиот гас испорачан преку гасоводот „Турски поток“ и нафтата преку гасоводот „Дружба“. Официјални претставници на Белата куќа потврдија дека Унгарија добива изземање на една година, поради тешката позиција на земјата без излез на море во однос на набавката на енергенси. Како дел од разговорите, Унгарија се обврза и на купување американски течен природен гас (ЛНГ) во вредност од околу 600 милиони долари, како и на соработка во нуклеарната енергија. Главна тема на средбата, покрај енергетските прашања, беше и војната во Украина. Орбан, кој го поддржува мировниот пристап на Трамп, истакна дека се разговарало за начините на кои може да се стави крај на конфликтот и ја повтори подготвеноста на Будимпешта да биде домаќин на евентуален самит меѓу претседателите Трамп и Владимир Путин. Трамп го пофали Орбан како голем лидер и особено ја истакна неговата цврста позиција за миграцијата, додека Орбан ја опиша обновената соработка со администрацијата на Трамп како отворање на ново поглавје во билатералните односи, тврдејќи дека претходната администрација им нанела штета на односите меѓу двете земји.
Од Зелениково до Скопје ќе се патува за 25 минути со градски воз
Од Зелениково до Скопје ќе се патува за 25 минути со градски воз
Премиерот Христијан Мицкоски денеска направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз. На увидот присуствуваа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП „Железници инфраструктура“ Синиша Ивановски и новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Првата фаза веќе е започната и опфаќа целосен ремонт на траса долга околу 25 километри. Оваа делница започнува од Зелениково, поминува низ станиците Јане Сандански и Драчево, продолжува кон Лисиче и завршува на главната железничка станица во Скопје (Транспортен Центар). На оваа траса се предвидени вкупно седум железнички станици. Директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски истакна дека патниците од најодалечената станица во Зелениково до центарот на градот ќе патуваат за околу 25 минути, додека патувањето од Драчево ќе трае од 11 до 13 минути. Финансиската рамка за оваа прва фаза, која опфаќа 24,5 километри изнесува 5,7 милиони евра. Се очекува да биде завршена за шест месеци, по што следува испитување на трасата, а градскиот воз ќе биде целосно во функција до мај или јуни следната година. За 2026 година е планирано завршување на проектирањето за втората фаза и почеток на реконструкцијата. Линијата ќе започне од Волково, преку Ѓорче Петров и Скопје Север, се до централната железничка станица. Во однос на третата фаза, планирана за периодот 2026-2027 година, ќе ја поврзе околината со центарот преку станиците Миладиновци и Илинден, исто така завршувајќи на централната железничка станица во Скопје.
САД ја блокираа зделката - „Гунвор“ се повлече од купувањето на имотот на „Лукоил“ надвор од Русија
САД ја блокираа зделката - „Гунвор“ се повлече од купувањето на имотот на „Лукоил“ надвор од Русија
Компанијата „Гунвор Груп“ ја повлече својата понуда за купување на меѓународните средства на рускиот енергетски гигант „Лукоил“, откако Министерството за финансии на САД јавно го блокираше договорот, нарекувајќи ја компанијата „марионета на Кремљ“. Американското Министерство за финансии, кое е клучно за издавање дозволи за трансакции поврзани со санкционирани субјекти, напиша на социјалната мрежа „X“: „Претседателот Трамп беше јасен дека војната мора да заврши веднаш. Сѐ додека Путин продолжува со бесмислените убиства, марионетата на Кремљ, Гунвор, никогаш нема да добие дозвола да оперира и да профитира.“ Од „Гунвор Груп“, чиј ко-основач во минатото беше близок соработник на Владимир Путин, реагираа веднаш, отфрлајќи ги обвинувањата: „Изјавата на Министерството за финансии на САД за Гунвор е дезинформација. Гунвор е и отсекогаш бил отворен и транспарентен во врска со своето сопствеништво и бизнис, и повеќе од една деценија активно се дистанцира од Русија, престана да тргува во согласност со санкциите, продаде руски средства и јавно ја осуди војната во Украина. Ја поздравуваме можноста да се осигураме дека ова јасно недоразбирање е исправено. Во меѓувреме, Гунвор го повлекува својот предлог за меѓународните средства на Лукоил.“ Руската компанија „Лукоил“, најголемиот приватен производител на нафта во Русија, беше цел на нови, сеопфатни американски санкции минатиот месец. Овие санкции, кои требаше да стапат на сила на 21 ноември 2025 година, во суштина го оневозможија меѓународното работење на компанијата. Поради овие рестриктивни мерки, „Лукоил“ одлучи да го продаде целиот свој имот надвор од Русија, кој вклучува: рафинерии во Европа (Бугарија и Романија), мрежа од околу 2.000 бензински пумпи низ Европа и удели во нафтени и гасни проекти во Централна Азија, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка.
Македонија со нови 1.200 MW од обновливи извори за четири години
Македонија со нови 1.200 MW од обновливи извори за четири години
Македонија бележи значителен напредок во енергетската транзиција, вклучувајќи во просек скоро по еден нов мегават (MW) обновлива енергија секој ден во последните четири години, објави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, на Регионалната конференција за зелена трансформација на Западен Балкан што се одржа во Тирана. Заклучно со октомври 2025 година (сметано од октомври 2022 година), во земјата се изградени нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет од 1.200 MW. Иако бројките се охрабрувачки, Бислимоски посочи дека периодот што претстои е полн со предизвици, од кои најголем е балансирањето на електроенергетскиот систем поради големиот прилив на електрична енергија од обновливи извори. „Мораме во оваа фаза да делуваме и поттикнуваме инвестиции во енергетски капацитети кои ќе произведуваат базна енергија. Секако и употребата на батериите има своја улога, но неопходно е да е реализираат инвестиции со кои ќе се замени производството на струја од јаглен со гас или биомаса,“ посочи Бислимоски. На Панелот посветен на формирање зони за побрза реализација на зелените инвестиции, беше истакната потребата од дигитализација на административните процеси за добивање дозволи.
Кавадарци добива нова зимска атракција: „Кожувска Панорама“ со нова скијачка патека и ски-лифт
Кавадарци добива нова зимска атракција: „Кожувска Панорама“ со нова скијачка патека и ски-лифт
Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска ја објави изградбата на голем проект кој значително ќе го зајакне зимскиот туризам во регионот. Во Ски-центарот „Михајлово“ на планината Кожув, се гради новата атракција наречена „Кожувска Панорама“. Според најавата, се работи на изградба на нова скијачка патека долга 1.200 метри на надморска височина од 1.400 метри, заедно со нов ски-лифт и уште две дополнителни ски-стази. Според градоначалникот Јанчев, ова е силен развоен чекор за зимскиот туризам и планинските спортови во регионот, со што Кавадарци станува задолжителна зимска дестинација. Пуштањето во употреба на новата „Кожувска Панорама“ е планирано за 1 јануари 2026 година, со што ќе може да се користи во претстојната зимска сезона.
Потпишан Договор за железничкиот тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија
Потпишан Договор за железничкиот тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот на Бугарија Гроздан Караџов, денеска на железничката станица во Ѓуешево, Бугарија, го потпишаа Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8. Вицепремиерот Николоски истакна дека овој чин е „сон на многу генерации“ и претставува историски момент со стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан и Европа. Николоски потенцираше дека железничкиот Коридор 8 е исклучително важен за Македонија бидејќи ја поврзува земјата со две мориња, со што директно ќе ја зголеми конкурентноста на домашната економија. Тој нагласи дека коридорот има и огромно безбедносно значење за НАТО Алијансата, особено во контекст на актуелната војна во Украина, служејќи како помош за Алијансата. Првата фаза, од Куманово до Бељаковце, е завршена и ставена во функција оваа година и чинеше 79 милиони евра. Втората фаза, од Бељаковце до Крива Паланка, се работи во моментов со рок за изградба октомври 2026 година, со предвиден буџет од 155 милиони евра. За третата фаза, од Крива Паланка до границата, чиј буџет е околу 455 милиони евра, се очекува во тек на месец декември да се распише претквалификација за избор на изведувач и надзор, со поддршка од ЕИБ, ЕБРД и ЕУ. Дополнително, предвидени се 110 милиони евра за сигнализација и електрификација од Куманово до границата, со цел да се добие најмодерна сигнализација по завршување на целиот коридор. Вкупниот буџет за железницата од Куманово до границата изнесува најмалку околу 810 милиони евра, од кои 200 милиони евра се грант од ЕУ. Николоски изрази незадоволство од досегашната работа на изведувачите на втората фаза, најавувајќи дека ќе се бара заедничко решение со партнерите од ЕБРД. На крајот, вицепремиерот најави дека наскоро ќе го покани вицепремиерот Караџов во Македонија за завршување на втората и отпочнување на градежните работи на третата фаза.
Јужнокорејскиот гигант „Hyundai Corporation Holdings“ ја разгледува можноста за инвестирање во ТИРЗ
Јужнокорејскиот гигант „Hyundai Corporation Holdings“ ја разгледува можноста за инвестирање во ТИРЗ
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, денеска оствари средба со делегација од јужнокорејската компанија Hyundai Corporation Holdings, предводена од Сунгву Хонг, генерален менаџер на претставништвото за Европа. Претставникот на Hyundai Corporation Holdings изрази особен интерес за Македонија како потенцијална дестинација за проширување на нивните производствени капацитети. Компанијата е во потрага по локации кои нудат добра инфраструктура, квалификувана работна сила и поволни услови за инвестирање. Директорот Димовски ги презентираше потенцијалите и механизмите за поддршка што ги нуди државата за странските инвеститори. Тој нагласи дека примарна цел на ТИРЗ е создавање на уште поповолна инвестициска клима со проекти кои ќе донесат висока додадена вредност. „Дирекцијата за ТИРЗ е целосно посветена на обезбедување на поддршка на странските инвеститори преку ефикасни административни процеси, стабилно и предвидливо деловно опкружување, како и олеснет пристап до современа инфраструктура и квалификувана работна сила,“ истакна Димовски. Иако брендот HYUNDAI традиционално се поврзува со автомобилската и тешката индустрија, Hyundai Corporation Holdings го прошири своето делување во сегменти како електроника, хардвер и иновативни технологии. Портфолиото на компанијата денес вклучува домашни апарати, преносни генератори, опрема за домаќинство и индустрија, осветлување и батерии, што отвора значаен потенцијал за технолошки развој и соработка во рамки на македонските зони. Средбата заврши со очекување за понатамошна соработка и конкретизирање на потенцијалната инвестиција во блиска иднина.
Цените на угостителските услуги повисоки за 3.9% на годишно ниво
Цените на угостителските услуги повисоки за 3.9% на годишно ниво
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека цените на угостителските услуги во октомври 2025 година продолжиле да растат, достигнувајќи зголемување од 3.9% во однос на истиот месец лани. Во споредба со претходниот месец, вкупните цени на угостителските услуги се зголемиле за 0.3%. Ова месечно зголемување главно е предизвикано од порастот на цените во сите групи на услуги. Најголем скок е забележан кај ноќевањата, каде цените се покачиле за 0.8%. По нив следат алкохолните пијалаци со зголемување од 0.5%, додека цените на храната и безалкохолните пијалаци се зголемени за по 0.2%. Анализирано кумулативно, во периодот јануари – октомври 2025 година, цените на угостителските услуги во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.1%. Во однос на крајот на 2024 година (декември 2024), зголемувањето заклучно со октомври 2025 година изнесува 2.1%.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk