Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Економија

Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика - Во фокусот се инвестиции во регионали енергетски коридори
Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика - Во фокусот се инвестиции во регионали енергетски коридори
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по официјална покана од секретарот за енергетика на САД, Крис Рајт и грчкиот министер за енергетика, Ставрос Папаставру, ќе учествува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина. Настанот го организира Владата на САД во соработка со грчкото Министерство за енергетика, и претставува една од највлијателните платформи за енергетска соработка меѓу Европа и Северна Америка. Форумот ќе го отвори американскиот секретар за енергетика Крис Рајт, заедно со грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, а на програмата ќе учествуваат водечки личности од глобалниот енергетски сектор, претставници на меѓународни институции и енергетски компании. Во рамки на посетата, Министерката Божиновска ќе има и средба со секретарот за енергетика на САД, на која ќе се разговара за можности за продлабочување на енергетската соработка, инвестиции во регионални енергетски коридори. Во рамки на форумот, министерката Божиновска ќе присуствува и на прием организиран од Амбасадата на САД во Атина, на покана на амбасадорката Кимберли Гилфојл, во чест на американските секретари за внатрешни работи и енергетика и нивните тимови кои престојуваат во Грција како дел од програмата на P-TEC. P-TEC форумот опфаќа теми како енергетската безбедност, нуклеарната технологија, инфраструктурното финансирање, природниот гас како нова карта на енергетска поврзаност во Европа и трансформацијата на енергетските системи во ерата на вештачката интелигенција. Учеството на министерката Божиновска на овој форум е потврда за зголемениот интерес и позиционирање на Македонија во рамките на трансатлантските енергетски иницијативи, како и за континуираниот ангажман на Владата во насока на јакнење на енергетската стабилност, диверзификација на изворите и пристапот до нови технологии и инвестиции.
Македонскиот трговски дефицит се зголемува, Европската Унија останува најголем партнер
Македонскиот трговски дефицит се зголемува, Европската Унија останува најголем партнер
Државниот завод за статистика (ДЗС) ги објави податоците за стоковната размена со странство за периодот јануари–септември 2025 година, кои укажуваат на натамошен раст на надворешната трговија на земјата. Во споредба со истиот период од претходната година, забележан е пораст на трговскиот дефицит. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во првите девет месеци достигна 368 милијарди денари (околу 5,9 милијарди евра), раст од 2,1% во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока изнесува 523 милијарди денари (околу 8,5 милијарди евра), бележејќи раст од 3,6%. Во извозот најмногу се застапени високотехнолошки производи и компоненти за автомобилската индустрија. Најголемо учество имаат катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење и слично, делови на седишта и друго. Кај увозот најзастапени се нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали, платина и метали од платинската група, моторни возила и друго. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, клучни партнери остануваат земјите од Европската Унија и регионот. Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои заедно учествуваат со 47,7% во вкупниот обем на размена. Земјите членки на Европската Унија се најголемиот трговски партнер, со учество од 59,6% во вкупната размена со Македонија.
Во септември е намален бројот на работници во индустријата за 2,8%
Во септември е намален бројот на работници во индустријата за 2,8%
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави податоци кои покажуваат намалување на бројот на работниците во индустријата за 2,8% во септември 2025 година во однос на истиот месец минатата година. Според секторите, најголемо намалување бележи Преработувачката индустрија со пад од 2,9%. Намалување е регистрирано и во секторот Рударство и вадење на камен за 2,0%, како и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6%. Анализирано според главните индустриски групи, најголем пад на работници е забележан во групата Капитални производи, со значително намалување од 6,4%. Намалување има и во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка (2,8%) и Енергија (1,8%). ДЗС регистрира зголемување на бројот на работници во две групи: Трајни производи за широка потрошувачка со раст од 4,8% и Интермедијарни производи, освен енергија, со мал раст од 0,2%. Тренд на намалување се забележува и кумулативно, при што во периодот јануари-септември 2025 година, бројот на работници во индустријата се намалил за 3,7% во споредба со истиот период претходната година.
Поскапуваат бензините и дизелот - Нови цени на горивата од полноќ
Поскапуваат бензините и дизелот - Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на одлуката од 30.10.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,849%, кај дизелот за 2,319%, кај екстра лесното масло има намалување е 0,05% и кај мазутот има зголемување за 3,433%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0034%. Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-95) - 74,00 (денари/литар). - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-98) - 76,00 (денари/литар). - Дизел гориво (ЕУРОДИЗЕЛ БС Д-Е V) - 71,00 (денари/литар). - Масло за горење (Екстра лесно 1) - 69,50 (денари/литар). - Мазут (М-1 НС) - 36,913 (денари/килограм). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг. Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Индустриското производство во септември се зголеми за 2,7%
Индустриското производство во септември се зголеми за 2,7%
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека индустриското производство во Македонија во септември 2025 година бележи раст од 2,7% во споредба со истиот месец минатата година. Клучен двигател на овој пораст е секторот Преработувачка индустрија, кадешто има зголемување од 3,1%. Најголемо влијание врз растот имаат одделите: Производство на прехранбени производи (+8,3%), Производство на електрична опрема (+8,2%) и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки (+7,7%). Спротивно, секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 1,7%, додека секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е намален за 2,5%. Гледано според главните индустриски групи, забележан е пораст кај: Интермедијарни производи, освен енергија (6,0%), Капитални производи (3,0%) и Енергија (1,6%). Истовремено, опаѓање има кај Трајни производи за широка потрошувачка (5,6%) и Нетрајни производи за широка потрошувачка (0,6%). ДЗС соопшти дека кумулативното индустриско производство во периодот јануари – септември 2025 година е зголемено за 2,3% во однос на истиот период од 2024 година.
АД ЕСМ доби грант од германската КфВ банка во износ од 1,5 милиони евра за енергетска транзиција
АД ЕСМ доби грант од германската КфВ банка во износ од 1,5 милиони евра за енергетска транзиција
АД ЕСМ денеска потпиша Договор за грант со германската развојна КфВ банка, со што се обезбедени 1,5 милиони евра техничка помош. Ова финансирање, обезбедено од Европската Унија, е наменето за зајакнување на внатрешните капацитети на ЕСМ и за забрзување на клучните активности во процесот на енергетска транзиција. Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, истакна дека грантот претставува стратешки камен-темелник за институционална трансформација. „За ЕСМ ова е повеќе од премин кон обновливи извори на енергија, туку сериозна посветеност да станеме модерна и комерцијално конкурентна сила на европскиот енергетски пазар. Финансирањето ќе биде алатка за зајакнување на нашите внатрешни капацитети и корпоративно управување, преку финансирање на критични иницијативи за моделирање и стратешко планирање. Овој фокус ја осигурува нашата оперативна одржливост, ја зајакнува енергетската безбедност на земјата и значително ги забрзува нашите напори за намалување на јаглеродниот отпечаток.“ изјави Узунчев. Штефан Худолин, раководител на Одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ, нагласи дека забрзувањето на зелената транзиција е многу блиску, а земјата добива технички насоки од КфВ за да ја забрза трансформацијата на енергетскиот сектор.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари по литар
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари по литар
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 29.10.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,480%, кај дизелот за 1,760%, кај екстра лесното масло за 5,965% и кај мазутот зголемувањето е за 3,830%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0496%. Од 31.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-95) - 73,50 (денари/литар). - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-98) - 75,50 (денари/литар). - Дизел гориво (ЕУРОДИЗЕЛ БС Д-Е V) - 70,00 (денари/литар). - Масло за горење (Екстра лесно 1) - 69,50 (денари/литар). - Мазут (М-1 НС) - 36,057 (денари/килограм). Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.10.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
„Лукоил Македонија“ ќе добие нов сопственик - Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ продава компании поради американските санкции
„Лукоил Македонија“ ќе добие нов сопственик - Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ продава компании поради американските санкции
Руската нафтена компанија „Лукоил“ објави дека добиле официјална понуда од „Гунвор Груп“ за купување на сите имоти и компании во странство во сопственост на компанијата. Од „Лукоил“ соопштија дека ја прифатиле понудата, чии клучни услови биле претходно договорени меѓу двете страни. Со прифаќањето, „Лукоил“ се обврза да не преговара со други потенцијални купувачи. Според соопштението, оваа продажба доаѓа како директен резултат на рестриктивните мерки воведени од одредени држави против компанијата и нејзините подружници. Финализирањето на обврзувачкиот договор за трансакцијата зависи од исполнувањето на неколку претходни услови, вклучувајќи го добивањето на дозвола од агенцијата на Министерството за финансии на САД, како и други применливи лиценци, дозволи и овластувања. Со оваа продажба е опфатена и македонската подружница на „Лукоил“ која има бензински пумпи низ целата држава. Оваа одлука е донесена поради воведувањето на санкции на САД кон руските компании „Лукоил“ и „Роснефт“ со цел да се принуди Русија да ја прекине војната во Украина и да склучи мировен договор.
Трамп: Кина се согласи да купи големи количини на американска соја и енергенси, ќе продолжи слободниот проток на ретки минерали
Трамп: Кина се согласи да купи големи количини на американска соја и енергенси, ќе продолжи слободниот проток на ретки минерали
По завршувањето на азиската турнеја, американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social објави дека имал одлична средба со кинескиот претседател Си Џинпинг. Трамп изјави дека претседателот Си Џинпинг лично одобрил Кина да започне со откуп на големи количини на соја и други земјоделски производи од САД, што според Трамп е голема победа за американските земјоделци. Кина се согласила да го продолжи слободниот проток на ретки и критични минерали и магнети кон САД. Како многу значаен чекор, Трамп истакна дека Кина изјавила дека ќе соработува со САД за да се прекине протокот на фентанил и да се стави крај на кризата со опијати во САД. Дополнително, Кина се согласила да започне со со купување на американски енергенси, при што може да се реализира многу голема трансакција за купување нафта и гас од Алјаска.
Дизелот поскапува за 2 денари, цените на бензините остануваат исти
Дизелот поскапува за 2 денари, цените на бензините остануваат исти
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 27.10.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,434%, кај дизелот за 4,809%, кај екстра лесното масло за 4,463% и кај мазутот зголемувањето е за 2,651%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1149%. Од 30.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-95) - 73,50 (денари/литар). - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-98) - 75,50 (денари/литар). - Дизел гориво (ЕУРОДИЗЕЛ БС Д-Е V) - 70,00 (денари/литар). - Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 67,50 (денари/литар). - Мазут (М-1 НС) - 36,057 (денари/килограм). Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.10.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk