Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Македонија ќе отвори нова амбасада во Саудиска Арабија следната година
Македонија ќе отвори нова амбасада во Саудиска Арабија следната година
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, најави значајно преориентирање во надворешно-трговската и дипломатската стратегија на земјата, со акцент на пазарите кои имаат огромен потенцијал и кои досега биле запоставувани. Главниот фокус е ставен на Блискиот Исток, како и на одредени пазари во Африка и Азија. Како конкретен чекор во оваа насока, министерот Муцунски најави отворање на нова амбасада во Саудиска Арабија. „Ќе се отвори нова амбасада во Саудиска Арабија, земја со којашто имаме сериозен потенцијал, се очекува да се отвори во 2026 година.“ - изјави Муцунски. Во однос на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), по неодамнешната посета на македонската влада во ОАЕ, министерот изрази очекување за дополнителни конкретни придобивки. „Покрај визното олеснување коешто веднаш го добивме и е значајно за нашите граѓани и бизнис, очекуваме и со ОАЕ да имаме конкретно придвижување. Не би можел сега да соопштам поради доверливата комуникација помеѓу двете страни, но ќе има бенефити коишто граѓаните наскоро ќе ги чувствуваат.“ - потенцираше тој. Министерот во 2026 година планира да посети дел од пазарите во Африка и Азија, а планот е да биде придружуван со претставници од нашата деловна заедница.“ нагласи Муцунски.
Издадени 314 градежни дозволи во септември, најмногу во Полошкиот регион
Издадени 314 градежни дозволи во септември, најмногу во Полошкиот регион
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека во септември 2025 година е забележан раст на бројот на издадени одобренија за градење. Вкупно се издадени 314 одобренија, што претставува зголемување од 6.1% во однос на истиот месец лани. Иако бројот на одобренија расте, предвидената вредност на објектите бележи пад. Предвидената вредност на објектите изнесува 7.124.419 илјади денари, што е за 5.2% помалку во споредба со септември 2024 година. Според намената, најголем дел од одобренијата, односно 220 (70,1%), се издадени за објекти од високоградба. За објекти од нискоградба се наменети 38 (12,1%) одобренија, додека 56 (17,8%) се однесуваат на реконструкција. Најголем дел од инвеститорите се физички лица, кои се јавуваат како инвеститори на 229 (72,9%) од објектите. Деловните субјекти се инвеститори на преостанатите 85 (27,1%) објекти. Географски, најмногу одобренија за градење во септември 2025 година се издадени во Полошкиот Регион, каде се евидентирани 98 одобренија. Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 нови станови, со вкупна корисна површина од 69.411 квадратни метри.
Полицаец е осомничен за крадење бакарни кабли од објекти на поранешна фабрика
Полицаец е осомничен за крадење бакарни кабли од објекти на поранешна фабрика
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Н.А., вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Полицискиот службеник е осомничен за кривичното дело „тешка кражба“ по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 и член 22 „соизвршителство“ од Кривичниот законик. Според пријавата, осомничениот Н.А. во повеќе наврати, во периодот од 5 јануари до 7 мај 2025 година, во претходен меѓусебен договор и заедничко дејствување со три други лица од Скопје, противправно одзеле туѓи подвижни предмети. Предметите на кражбата биле бакарни кабли – јавни инсталации кои содржат бакар, одземени од објекти на акционерско друштво од Скопје, сместени во кругот на поранешна фабрика во Скопје. По поднесувањето на кривичната пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, на осомничениот полициски службеник му е одреден 30-дневен притвор. Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, покрај кривичната постапка, ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против Н.А. Како задолжителна мерка, против него ќе биде изречена и мерка отстранување од работното место – суспензија.
Бројот на туристи се зголемил за 5,8%, најбројни странски посетители се Турците и Србите
Бројот на туристи се зголемил за 5,8%, најбројни странски посетители се Турците и Србите
Државниот завод за статистика објави дека во септември 2025 година, вкупниот број на туристи кои ја посетиле Македонија изнесувал 132.999, при што се остварени вкупно 262.686 ноќевања. Според податоците на ДЗС за септември, најмногу од посетителите биле странски туристи, кои учествувале со 75,4% од вкупниот број, додека 24,6% биле домашни туристи. Слично, во однос на ноќевањата, странските туристи оствариле 68,2% од вкупниот број, додека домашните 31,8%. Во септември 2025 година, најголем број странски туристи пристигнале од Турција со 32.950 посетители, следени од Србија со 8.830, Германија со 6.615 и Полска со 3.577 туристи. Податоците за првите девет месеци од 2025 година (јануари – септември) покажуваат позитивен тренд во туризмот, главно поттикнат од странските посетители. Вкупниот број на туристи е зголемен за 5,8% во однос на истиот период од претходната година, што се должи на значителното зголемување кај странските туристи од 9,6%, иако кај домашните туристи има благо намалување од 1,4%. Вкупниот број на ноќевања, пак, е зголемен за 0,9% во истиот период, со пораст кај странските туристи од 7,0% и намалување кај домашните од 3,8%.
Мицкоски: Пет странски компании пред потпис за инвестирање во земјава, планирано е да отворат над 1000 нови работни места
Мицкоски: Пет странски компании пред потпис за инвестирање во земјава, планирано е да отворат над 1000 нови работни места
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги коментираше најавите за можно заминување на одредени странски компании од земјата, порачувајќи дека тоа е природен процес во економијата кој не треба да се сфаќа драматично. Премиерот истакна дека Владата активно работи на привлекување нови инвеститори и веќе постигнува успех во тоа. Тој најави дека се во тек преговори со неколку компании, од кои се очекува да се финализираат договорите до крајот на годината. „Веќе имаме неколку коишто се во процес на завршување на преговори. Очекувам до крајот на годината 4 или 5 компании да потпишат договор со Владата“, рече Мицкоски. Овие нови договори ќе донесат над 1000 нови работни места. Премиерот нагласи дека Македонија нуди еден од најконкурентните пакети за поддршка на инвестиции во Европа, што ја прави земјата атрактивна дестинација за странскиот капитал.
„Костал“ со нова инвестиција од 30 милиони евра и 200 нови работни места во Охрид
„Костал“ со нова инвестиција од 30 милиони евра и 200 нови работни места во Охрид
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети компанијата „Костал Македонија“ во Охрид, каде беше најавен нов инвестициски циклус вреден над 30 милиони евра за следната година, со кој ќе се отворат 200 нови работни места. Посетата ја истакна заложбата на Владата за поддршка на странските инвеститори и развојните цели на компанијата, која планира до 2027 година да достигне извоз и обрт од над 300 милиони евра. Извршниот директор на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, потврди дека и покрај стагнацијата на автомобилскиот пазар, компанијата одлучила да продолжи со планот за инвестиции и развој. „Костал“ го проширува своето портфолио на клиенти и производи со дополнителните 30 милиони евра инвестиции, а целта е до 2027 година да биде една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија. Мизо нагласи дека новите 200 вработувања ќе опфатат работници во производство, како и технички лица – инженери и луѓе во административни дејности, очекувајќи позитивен ефект не само за охридско-струшкиот регион, туку и за целата држава. Премиерот Мицкоски го изрази своето задоволство од довербата што „Костал“, како семеен бизнис со голема традиција и годишен обрт од околу 3,5 милијарди евра на ниво на групација, ја покажува кон Охрид и Македонија.
Кривична пријава против благајник од ЈП Кавадарци: Проневерени околу 9.000 евра
Кривична пријава против благајник од ЈП Кавадарци: Проневерени околу 9.000 евра
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против В.Д. (48) од Кавадарци, вработена како благајник во Јавното претпријатие за комунални работи Кавадарци. Таа е осомничена за сторени кривични дела „проневера во службата" и „затајување". Според поднесената пријава, постои основано сомнение дека пријавената В.Д., во периодот од 22.09.2025 до 31.10.2025 година, одзела вкупно 568.684 денари (околу 9.246 евра) од претпријатието. Имено, како благајник, таа била одговорна за парите од дневниот промет од наплатните пунктови, добиени по основ на платени сметки за водоснабдување и комуналии. Се сомнева дека дел од овие пари, кои ѝ биле доверени во службата, не ги внесувала на банкарската сметка на претпријатието, туку дел задржувала за себе, а остатокот го внесувала на сметката. Со овие дејствија, пријавената го оштетила Јавното претпријатие за комунални работи Кавадарци за наведената сума.
Николоски се сретна со амбасадорот на Катар: Зајакнување на економската соработка и воведување на директна авиолинија Скопје-Доха
Николоски се сретна со амбасадорот на Катар: Зајакнување на економската соработка и воведување на директна авиолинија Скопје-Доха
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари, вршител на должност амбасадор на Катар, со фокус на зајакнување на билатералната економска соработка и воспоставување на директна авиолинија Скопје-Доха. Двајцата соговорници ја оценија билатералната соработка како добра, но ја потенцираа значајната можност за зајакнување на економските и трговските односи меѓу Македонија и Катар. Вицепремиерот Николоски ја претстави амбициозната програма на Владата во областа на инфраструктурата, туризмот и авиосообраќајот. Посебен акцент беше ставен на можноста за воспоставување на директна авиолинија меѓу Скопје и Доха, што се смета за клучно за одржување на бизнис релациите и поврзувањето на граѓаните. На средбата се разговараше и за зголемување на соработката во транспортниот сектор, туризмот и инвестициите. Министерот Николоски истакна дека Македонија е во фаза на реализација на крупни капитални проекти и упати јавен повик до сите заинтересирани компании од Катар да се пријават на меѓународните јавни повици.
АХВ заплени и уништи 37 тони храна без декларации и со поминат рок на употреба
АХВ заплени и уништи 37 тони храна без декларации и со поминат рок на употреба
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатата недела спроведе интензивни контроли на терен, при што е извршена голема акција за заплена и уништување на огромни количини небезбедна храна. При спроведена вонредна контрола кај еден оператор со храна, инспекциските служби на АХВ заплениле и нештетно уништиле приближно 37 тони храна, вклучувајќи јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи, како и разни зачини, кои биле без соодветни декларации. Како што информира АХВ, рокот на употреба на дел од производите бил истечен од една до две години. Поради овој сериозен прекршок, на операторот му е изречена мерка времена забрана за работа и парична глоба, како и наредба за отстранување на сите утврдени недоследности. АХВ неделава продолжи со засилени вонредни контроли и кај други оператори со храна, вклучувајќи месарници, ресторани, сендвичарници и маркети. Во овие контроли, инспекторите утврдиле повеќе недоследности, меѓу кои нерегистрирани оператори со храна, неспроведени задолжителни обуки на вработените за безбедност на храната и пуштање во промет на небезбедна храна. Поради овие прекршоци, на одговорните лица и на операторите им биле изречени парични казни, времени забрани за вршење на дејност, како и наредби за отстранување на недостатоците. Целата затекната небезбедна храна веднаш била нештетно уништена. АХВ со ова ја нагласува својата заложба за заштита на здравјето на потрошувачите и најавува дека ваквите засилени контроли ќе продолжат.
Ѓорѓиевски и Николоски разговараа за нови проекти во Скопје: Градски воз, нови автобуси и модернизација на инфраструктурата
Ѓорѓиевски и Николоски разговараа за нови проекти во Скопје: Градски воз, нови автобуси и модернизација на инфраструктурата
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во просториите на Град Скопје оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на која беа договорени чекори за забрзана реализација на капитални проекти кои треба да го трансформираат градскиот сообраќаен систем. Главна тема на состанокот беше подобрувањето на транспортниот систем на градот преку неколку клучни иницијативи: ш- Проектот Градски воз: По започнувањето на изградбата на првата линија, следниот приоритет ќе биде подготовката на техничката документација и плановите за другите две линии. Тие се предвидени да се движат во насока кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци. - Набавка на нови, еколошки автобуси: Градот Скопје веќе е во комуникација со Владата за набавка на нови, еколошки возила, со цел значително да се подигне квалитетот и ефикасноста на јавниот градски превоз. - Модернизација на инфраструктурата: Се разговараше и за целосна модернизација на сообраќајната инфраструктура во Скопје. Според нив, Скопје има итна потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе донесе поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk