Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Економија

Срушена нелегална доградба од ресторанот „Мечка“ што го блокираше тротоарот во Дебар Маало
Срушена нелегална доградба од ресторанот „Мечка“ што го блокираше тротоарот во Дебар Маало
Општина Центар денеска изврши уривање на нелегална доградба која беше дел од ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало. Инспекциските служби и механизацијата денеска излегоа на терен и ја отстранија бесправно поставената конструкција, која со месеци го блокираше тротоарот и зафаќаше дел од коловозот во фреквентната населба. Градоначалникот Герасимовски истакна дека акцијата е резултат на непочитувањето на законските процедури од страна на сопственикот, и покрај повеќе претходни опомени од општината. „Општина Центар ја урна нелегалната доградба која подолго време го блокираше тротоарот и дел од коловозот. По повеќе опомени и непостапување, инспекциските служби и механизацијата ја отстранија конструкцијата што го попречуваше нормалното движење. Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата.“ - изјави Герасимовски. Општината најавува дека ова е само дел од засилените контроли и активности кои ќе продолжат да се спроведуваат со цел да се воспостави ред и да се заштити јавниот интерес од нелегално поставени објекти на целата територија на Центар.
Продуктоводот Солун-Скопје ќе биде оперативен до крајот на годината
Продуктоводот Солун-Скопје ќе биде оперативен до крајот на годината
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Владата презема чекори за ставање во функција на продуктоводот Солун-Скопје, кој со години е надвор од употреба и се очекува да биде оперативен до крајот на оваа година. Иако во новинарското прашање беше спомната можноста за снабдување на Јужна Србија со нафтени деривати во контекст на американските санкции кон српската нафтената компанија „НИС“, Мицкоски нагласи дека трговијата со нафтените деривати е работа на приватните компании, а не на Владата. Иако во новинарското прашање беше спомната можноста за снабдување на Јужна Србија во контекст на американските санкции кон српската нафтената компанија „НИС“, Мицкоски нагласи дека трговијата со деривати е работа на приватните компании, а не на Владата. „Нормално дека како Влада ја разгледуваме секоја можност, но ние како Влада не сме акционерско друштво за да ја снабдуваме Јужна Србија или другите земји, тоа го прават приватни компании коишто водат бизнис.“ - изјави Мицкоски. Премиерот информираше дека испитувањата на цевководот се завршени и претстои фаза на проби на притисок. Тој посочи дека ценовникот за користење на продуктоводот е веќе усвоен од Владата.
Во септември е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено
Во септември е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено
Според Државниот завод за статистика, во септември е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено. Вкупната бруто-произведена електрична енергија во септември изнесува 391.740 MWh, што е за 4,9% повеќе од вкупната бруто-домашна потрошувачка. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 100% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 373.518MWh електрична енергија, 19.406 милиони нормални кубни метри природен гас, 368.114 тони јаглен и 95.577 тони нафтени продукти. Според податоците, 99,9% од вкупната потрошувачка на јаглен е употребена за производство на електрична енергија. Во споредба со истиот месец лани, забележано е намалување на потрошувачката на одредени енергенти: потрошувачката на природен гас е намалена за 15,5%, што ДЗС го објаснува со намалената активност на когенеративните постројки, додека потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 13,2%.
Министерство за енергетика: Над 15 милиони евра приходи од концесии во првите девет месеци, наплатата зголемена за два и пол пати
Министерство за енергетика: Над 15 милиони евра приходи од концесии во првите девет месеци, наплатата зголемена за два и пол пати
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини за првите 9 месеци достигна над 15 милиони евра. Само во третиот квартал од 2025 година, наплатата достигна рекордна сума од околу 6,2 милиони евра, што е зголемување за повеќе од два и пол пати споредено со истиот период во 2024 година, кога биле наплатени околу 2,4 милиони евра. Во првиот квартал од 2025 година се наплатени околу 4,2 милиони евра, а во вториот квартал околу 4,6 милиони евра, што е значително повеќе од истите квартали во 2024 година. Министерството нагласи дека овие резултати се директна последица на посветените активности за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. Клучни чекори вклучуваат засилени инспекциски контроли и испраќање писмени опомени, со ризик од едностран раскин на договорите за оние кои не ги почитуваат законите. Владата, на предлог на Министерството, веќе донесе 46 одлуки за едностран раскин на договори за концесија за експлоатација на минерални суровини, делумно поради неплаќање на концесискиот надоместок. Дополнително, од 1 јануари 2025 година е воведен Нов Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100%, со цел да се обезбеди правична вредност за користење на природните ресурси. Овие измени не се однесуваат на енергетските минерални суровини, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија. Министерството очекува наплатата дополнително да расте откако концесионерите ќе ги регулираат преостанатите обврски.
Ѓорѓиевски: Тротоарите веќе не се паркинзи, се поставуваат столпчиња низ Скопје
Ѓорѓиевски: Тротоарите веќе не се паркинзи, се поставуваат столпчиња низ Скопје
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека градежни екипи во моментов работат паралелно на повеќе локации низ целата територија на главниот град. Активностите се фокусирани на неопходни брзи интервенции и воведување поголем ред во јавниот простор. Екипите на Градот тековно интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците. Овие брзи зафати се неопходни поради зимските услови и целта е да се подобри безбедноста во сообраќајот. Градоначалникот најави дека со подобрувањето на временските услови напролет, фокусот ќе се префрли кон темелна и целосна обнова на коловозите. Паралелно со санацијата на коловозите, Град Скопје започна акција за ослободување на тротоарите преку поставување на столпчиња. „Тротоарите не се паркинзи и повеќе нема да дозволиме така да се третираат.“ - изјави е градоначалникот Ѓорѓиевски. Дополнително, во централното градско подрачје и на сите места каде што е потребно, се поставува нова урбана опрема со цел да се внесе повеќе ред, функционалност и достоинствен изглед на јавниот простор.
Со дрон ќе се следи дали концесионерите на рудниците прават злоупотреби
Со дрон ќе се следи дали концесионерите на рудниците прават злоупотреби
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведе современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на сите концесии во државата – од минерални суровини, до соларна енергија и ветерни инсталации. Овој чекор е насочен кон зајакнување на контролата, транспарентноста и одговорното користење на природните ресурси. Новата технологија овозможува прецизно следење на експлоатацијата на минералното богатство, како и проверка на точните координати и инфраструктурата на соларните панели и столбовите за мерење на ветерните паркови. Со воведувањето на дронот, инспекцискиот надзор значително се зајакнува: им овозможува на инспекторите да вршат увид без секогаш да бидат физички присутни на терен, обезбедува побрза реакција, пократко време за контрола и непречено следење на активностите. Овој систем овозможува подетално следење на работата на концесионерите и значително го намалува ризикот од злоупотреби. Министерката Сања Божиновска истакна дека со овој систем се унапредува инспекциската контрола: „Создадовме можност за современ и ефикасен надзор, кој овозможува концесиите да се користат одговорно и согласно законот“. Вработените во Министерството кои ќе управуваат со дронот веќе поминаа специјализирана обука за негово користење и правилна интерпретација на податоците од далечинското набљудување. Користењето на дронови е веќе стандардна практика во развиените земји за мапирање, инспекциски надзор и мониторинг на енергетски и природни ресурси. Со оваа иновација, Министерството ја следи светската пракса и ја унапредува модернизацијата и ефикасноста во управувањето со ресурсите.
АХВ спречи увоз на 20 тони небезбеден помфрит и уништи 2.000 килограми пилешки стек
АХВ спречи увоз на 20 тони небезбеден помфрит и уништи 2.000 килограми пилешки стек
АХВ спречи увоз на 20 тони замрзнат компир - помфрит, увезен од Холандија, кој бил наменет за продажба во Македонија. При контролата е утврдено дека производот е со поминат рок на употреба. Врз основа на изречената мерка забрана за увоз и решението за нештетно уништување, целата количина небезбеден помфрит е уништена во петокот на депонијата „Дрисла“, под надзор на инспектори за храна од Агенцијата. Во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи дополнителни 2.000 килограми небезбеден пилешки стек. Поради непочитување на процедурите за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, на операторот со храна му е изречена мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра. АХВ најави дека ќе продолжи со спроведување на редовни и вонредни инспекциски контроли од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна со цел заштита на граѓаните од консумирање небезбедна храна, како и заштита на здравјето и благосостојбата на животните.
Бензините поевтинуваат за половина денар, додека дизелот поскапува за исто толку
Бензините поевтинуваат за половина денар, додека дизелот поскапува за исто толку
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55% во однос на одлуката од 17.11.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,335%, кај дизелот има зголемување за 1,379%, кај екстра лесното масло има исто така зголемување за 0,510% и кај мазутот има намалување за 3,089%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0455%. Од 25.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-95) - 75,00 (денари/литар). - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР (БС-98) - 77,00 (денари/литар). - Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ (БС Д-Е V) - 73,00 (денари/литар). - Масло за горење (Екстра лесно 1) - 69,50 (денари/литар). - Мазут (М-1 НС) - 34,865 (денари/килограм). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,756 ден/кг и сега ќе изнесува 34,865 ден/кг. Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза
Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска најави дека енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза, со цел изградба на енергетски систем што ќе донесе стабилност, доверба и европски стандарди. Изјавата следи по одржаниот состанок во Владата со Секторската работна група за енергетика, на кој присуствуваа сите клучни институции и меѓународни партнери. Министерката потенцираше дека целта на состанокот не била само пренесување извештаи, туку и потврда дека веќе има резултати и дека претстои уште побрзо темпо на работа. Божиновска истакна дека инвестициите во соларна енергија и ветер се зголемуваат, а клучните инфраструктурни проекти и интерконекторите со регионот напредуваат. Дополнително, енергетските институции активно работат на модернизација и побезбедност на мрежата. Паралелно со производството, се подготвуваат и програми за реконструкција на јавните згради и зголемување на енергетската ефикасност, бидејќи, како што нагласи министерката, „секој киловат што нема да го потрошиме вреди исто како и оној што ќе го произведеме“.
Количеството на превезена стока во железницата е зголемена за 8%, товарниот патен превоз со раст од 25,7%
Количеството на превезена стока во железницата е зголемена за 8%, товарниот патен превоз со раст од 25,7%
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, транспортниот сектор во Македонија бележи раст во третиот квартал. Количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е зголемена за 25,7% во однос на истиот период лани. Раст е забележан и во другите видови товарен транспорт: количеството на превезена стока во железничкиот превоз е зголемена за 8%, додека во воздухопловниот превоз растот изнесува 14,2%. Во однос на патничкиот превоз, во третото тримесечје се превезени 7.884 илјади патници во градско-приградскиот превоз, 1.054.189 патници во воздухопловниот превоз, 948 илјади патници во патниот превоз и 35 илјади патници во железничкиот превоз.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk