Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Економија

Од полноќ се намалува цената на нафтените деривати
Од полноќ се намалува цената на нафтените деривати
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2% во однос на одлуката од 29.09.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,509% и кај дизелот за 3,632%, кај екстра лесното масло за 3,791% и кај мазутот намалувањето е за 3,998%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3395%. Од 7.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-95) - 74,00 (денари/литар). - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-98) - 76,00 (денари/литар). - Дизел гориво (ЕУРОДИЗЕЛ БС) - 68,50 (денари/литар). - Масло за горење (Екстра лесно 1) 68,00 (денари/литар). - Мазут (М-1 НС) - 36,660 (денари/килограм). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,931 ден/кг и сега изнесува 36,660 ден/кг. Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.10.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Во првите седум месеци Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија и Кина
Во првите седум месеци Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија и Кина
Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – август 2025 година, изнесува 325 милиони денари и бележи пораст од 1.8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2025 година, изнесува 464 милиони денари, што е за 2.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализатори со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење на возила, авиони или бродови и делови за седишта. Во увозот најмногу се застапени: нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платина, легури на платина и електрична енергија. Во периодот јануари – август 2025 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.7% во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.8% во вкупната размена.
Трајановски: Активно се работи на автопатот Тетово-Гостивар, ангажирани се 1200 работници
Трајановски: Активно се работи на автопатот Тетово-Гостивар, ангажирани се 1200 работници
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, при посетата на трасата на автопатот Тетово – Гостивар, истакна дека проектот за изградба на Коридорот 8 е во фаза која ветува брза и квалитетна изградба. Со заедничка работа на проектната единица на ЈПДП и изведувачот на работите, американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, се постигнаа голем напредок. До сега, на делницата Тетово – Гостивар се извршени ископувања на околу 150.000 м³ земја, вграден е 310.000 м³ материјал за пополнување и произведени се 2.500 м³ бетон. Работат околу 1.200 лица, а активно се користат повеќе од 750 машини и механизација. "Веќе се забележува видлив напредок, бидејќи на делницата се обезбедени услови за непречено извршување на работите во должина од околу 9 километри, од вкупно 17,5 километри колку што е долга оваа делница", додаде Трајановски. Тој исто така истакна дека 60% од снабдувачите и 90% од подизведувачите на проектот се домашни компании, што дополнително придонесува за развојот на македонската економија и создавањето на нови работни места.
Српската нафтена компанија НИС доби ново одложување на санкциите до 8 октомври
Српската нафтена компанија НИС доби ново одложување на санкциите до 8 октомври
Министерството за финансии на САД, на 30 септември издаде нова посебна лиценца со која се одложува целосното воведување санкции против српската нафтена компанија НИС и се овозможува извршување на оперативните активности на компанијата најдоцна до 8 октомври 2025 година. Компанијата НИС поднела дополна на барањето за отстранување од листата на Специјално назначени државјани (SDN). Станува збор за долг и сложен процес, а иницијалното барање е испратено на 14 март оваа година. НИС продолжува со активности кои имаат за цел надминување на актуелната ситуација, а за сите нови околности кои може да влијаат на бизнисот, компанијата ќе ја информира јавноста навремено. Јанаф АД, хрватската компанија за транспорт и складирање на нафта, доби нова лиценца од канцеларијата за контрола на странски имоти (OFAC) на САД, која дозволува продолжување на спроведувањето на Договорот за транспорт на нафта со српската компанија НИС. Лиценцата ќе важи до 8 октомври 2025 година, што овозможува компаниите да продолжат со соработката без ограничувања.
Трамп постигна договор со Pfizer за намалување на цената на лековите во САД
Трамп постигна договор со Pfizer за намалување на цената на лековите во САД
Претседателот на САД, Доналд Трамп постигна договор со фармацевтската компанија Pfizer, за намалување на цената на лековите во САД на ниво на најниските цени плаќани од други развиени земји. Со овој договор, секој државен медицински програм во САД ќе има пристап до ефтини цени на производите на Pfizer, што ќе доведе до заштеди во вредност од милиони долари и ќе биде големо олеснување за најранливите групи на граѓани. Овие акции ќе доведат до конкретни заштеди на трошоците за американските пациенти и целиот здравствен систем. Вкупно, повеќе од 100 милиони пациенти се погодени од болестите за кои Pfizer развива лекови, и многу од нив ќе имаат корист од напорите за намалување на цените. Трамп презема мерки за преуредување на системот кој им дозволува на фармацевтските компании да нудат ниски цени за другите богати земји, додека за американските граѓани да наплаќаат многу повисоки цени.
Намален бројот на работниците во индустријата за 2.6% во август
Намален бројот на работниците во индустријата за 2.6% во август
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6% во август во однос на истиот период лани, спорред податоците објавени од Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1.7%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6%. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8%, Капитални производи за 7.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.2%, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7.3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0%. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, се намалил за 3.8%.
ЕУ со рекорден извоз на хемиски производи во вредност од 560 милијарди евра
ЕУ со рекорден извоз на хемиски производи во вредност од 560 милијарди евра
Во 2024 година, ЕУ го оствари најголемиот годишен извоз на хемиски производи кон земјите надвор од ЕУ во вредност од 560 милијарди евра, што претставува раст од 7% во споредба со 2023 година, објави Евростат. Увозот од земји надвор од ЕУ на овие производи благо опадна за 1%, на 322 милијарди евра од претходните 326 милијарди евра. Петте земји членки на ЕУ со најголем извоз кон надворешни пазари се: Германија (134 милијарди евра), Ирска (82 милијарди), Белгија (62 милијарди), Франција (54 милијарди) и Холандија (50 милијарди) евра. Најголемите дестинации за извоз надвор од ЕУ се: САД (170 милијарди евра), Швајцарија (64 милијарди), Обединетото Кралство (47 милијарди), Кина (36 милијарди) и Јапонија (18 милијарди) евра. Што се однесува до увозот, најголеми увозници на хемиски производи во ЕУ се: Германија (56 милијарди евра), Белгија (45 милијарди), Холандија (43 милијарди), Италија (34 милијарди) и Словенија (29 милијарди) евра.
Индустриското производство во август опадна за 3.5% споредено со лани
Индустриското производство во август опадна за 3.5% споредено со лани
Индустриското производство во Македонија во август бележи намалување од 3.5% во однос на истиот месец во 2024 година, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика. Сепак, некои индустриски сектори покажуваат позитивни резултати. Секторот Рударство и вадење на камен забележал раст од 7.0%, додека во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 1.4%. Најголем пад е забележан во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, кој е намален за 26.8%. Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, на намаленото производство во следните оддели: - Производство на прехранбени производи. - Производство на текстил. - Печатење и продукција на снимени медиуми (записи). - Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати. - Производство на метали. - Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема. - Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место. - Производство на мебел. Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23.7%, Капитални производи за 12.0%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7%. Пораст е забележан кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.8%. Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2.2 % во однос на периодот јануари – август 2024 година.
Трамп најави воведување на 100% царина за сите филмови направени надвор од САД
Трамп најави воведување на 100% царина за сите филмови направени надвор од САД
Во објава на социјалната мрежа TruthSocial, претседателот на САД, Доналд Трамп изрази силно незадоволство од "крадењето" на американската филмска индустрија од страна на други земји. Според Трамп, САД ја губат контролата врз својата филмска индустрија, што тој го спореди со "крадење бонбони од деца". „Калифорнија, со својот слаб и неспособен гувернер, беше особено тешко погодена.“ - напиша Трамп во објавата. Трамп изјави дека за решавање на овој долгогодишен и никогаш завршен проблем, ќе воведе 100% царина на сите филмови што се направени надвор од САД.
Lufthansa планира да отпушти 4.000 вработени до 2030 година
Lufthansa планира да отпушти 4.000 вработени до 2030 година
Lufthansa Group ја претстави својата стратегија за иднината и објави нови среднорочни финансиски цели за периодот 2028-2030 година. Компанијата потврди дека продолжува со својот план за значително зголемување на профитабилноста преку интегрирање на операциите во рамките на групата. Како дел од стратешката реорганизација, Lufthansa Group ќе изврши значителни промени во структурите на групацијата. Со цел да се зголеми ефикасноста, планирано е намалување на околу 4.000 административни работни места до 2030 година, што ќе биде резултат на дигитализацијата, автоматизацијата и интеграцијата на процесите. Ова намалување ќе биде најизразено во Германија и ќе се спроведе во консултација со синдикатите. Еден од главните аспекти на стратегијата е концентрацијата на хаб авиолиниите: Lufthansa, SWISS, Austrian Airlines, Brussels Airlines и ITA Airways. Групацијата планира уште поголема интеграција и прилагодување на организациската структура со цел да се забрзаат процесите на одлучување, да се подобри соработката и да се зголеми продуктивноста. Lufthansa Group планира да вложи значителни средства во модернизација на флотата, со повеќе од 230 нови авиони до 2030 година. Lufthansa Cargo исто така ќе продолжи да ја зголемува својата профитабилност со проширување на капацитетите и инвестирање во автоматизација и дигитализација, со цел да стане еден од трите најголеми играчи на глобалниот пазар на воздухопловен карго транспорт. Групацијата постави амбициозни цели за периодот 2028-2030, со цел зголемување на профитабилноста за 8 до 10 проценти пред оданочување.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk