Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Економија

Николоски: Следната година ќе се воведе меѓуградски воз Скопје-Приштина кој ќе патува 50 минути
Николоски: Следната година ќе се воведе меѓуградски воз Скопје-Приштина кој ќе патува 50 минути
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, за време на своето обраќање на глобалниот настан „Денови на поврзување на Европа“ во Брисел, истакна дека Македонија спроведува обемни инвестиции во модернизација на инфраструктурните Коридори 8 и 10. На панелот посветен на Западен Балкан и Источен Медитеран, тој нагласи дека како земја без излез на море, развојот на патниот и железничкиот сообраќај има клучно политичко и економско значење за државата. На источното крило на Коридорот 8, првата железничка делница е завршена, а за втората се очекува завршување до крајот на 2028 година. Минатата недела, во соработка со ЕИБ, започна постапката за набавка за избор на изведувач за третата и најтешка делница со должина од 23,1 километар, каде дури 75 проценти се состојат од објекти, односно над 20 тунели и 56 мостови. Оваа фаза завршува со заеднички прекуграничен тунел што ќе се гради со Бугарија, врз основа на потпишаниот меѓувладин договор од минатиот ноември, со цел до 2031-2032 година да се овозможи патување од пристаништето Драч до Бургас и Варна преку Скопје. На западниот дел се работи за реконструкција на постојната железница и поврзување со Албанија. На Коридорот 10 во тек се активности за изградба на двоколосечна брза пруга за патнички возови со брзина од 160 до 200 километри на час и за карго возови до 120 километри на час, како и за воведување на Интелигентен транспортен систем (ИТС) на автопатот. Дополнително, започната е нова автопатска врска од Коридорот 6 од Скопје преку Приштина кон Драч и Бар со рок на изградба од три години, а се водат и разговори за меѓуградски воз Скопје-Приштина кој би патувал 50 минути. Набавени се 150 електрични автобуси, во тек е набавка за 5 електрични локомотиви и 5 до 7 патнички возови, а за десетина дена ќе започне и изградбата на автопатот Букојчани - Кичево.
Бројот на работниците во индустријата намален за 3 проценти во август, рударството со најголем пад
Бројот на работниците во индустријата намален за 3 проценти во август, рударството со најголем пад
Бројот на работниците во македонската индустрија во август е намален за 3% во споредба со истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Сумарните податоци покажуваат дека и во периодот јануари-август е евидентиран пад од 2,8% во однос на истиот период од 2025 година. Според секторите, најголемо намалување на бројот на вработените од 8% е регистрирано во Рударството и вадењето камен, додека во Преработувачката индустрија падот изнесува 2,8%. Единствен сектор со благ раст е Снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде што бројот на работниците се зголемил за 0.7%. Анализирано според главните индустриски групи, во сите сектори е забележан пад на работната сила во август оваа година во споредба со август во 2025 година. Најизразено намалување има кај Нетрајните производи за широка потрошувачка каде што бројот на работниците падна за 4,4%, по што следат Интермедијарните производи со пад од 3%. Кај групите Енергија и Капитални производи е евидентирано истоветно намалување од по 2,3%, додека кај Трајните производи за широка потрошувачка падот изнесува 2,1%.
Потпишан договорот за надзор за автопатот Кичево-Букојчани: Избран е конзорциум предводен од Градежен Институт Македонија
Потпишан договорот за надзор за автопатот Кичево-Букојчани: Избран е конзорциум предводен од Градежен Институт Македонија
Јавното претпријатие за државни патишта го направи клучниот чекор за почеток на градбата на автопатската делница Кичево-Букојчани, со потпишување на договорот за вршење надзор над градежните работи. Договорот се однесува на делницата во должина од 11,5 километри, која е дел од стратешкиот Коридор 8. Документот го потпишаа директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, и генералниот директор на ГИМ АД Скопје, Влатко Иванов, во име на избраниот конзорциум. Договорот е резултат на двофазна меѓународна тендерска постапка спроведена според строгите правила и одобрение на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Избраниот конзорциум, предводен од Градежен Институт Македонија АД Скопје заедно со партнерите ДИВИ Македонија ДОО и ГЕИНГ ДОО Скопје, ќе има задача да го следи квалитетот, безбедноста и согласноста на изведбата со проектната документација. Проектот за изградба ќе се реализира во две одделни фази, и тоа од селото Црвевци до Кичево и од селото Долно Строгомиште до селото Црвевци. Со реализацијата на оваа автопатска траса трајно ќе се надмине сегашното сообраќајно решение преку превојот Стража. Новото автопатско решение ќе овозможи современа и значително побезбедна патна врска низ ридско-планинскиот терен, во согласност со сите европски стандарди за безбедност и квалитет.
По речиси 50 години: Трансформаторската станица „Дуброво“ конечно запишана во сопственост на МЕПСО
По речиси 50 години: Трансформаторската станица „Дуброво“ конечно запишана во сопственост на МЕПСО
По речиси 50 години од нејзината изградба во 1977 година, објектите на трансформаторската станица 400/110 kV „Дуброво“ официјално се запишани како државна сопственост во корист на АД МЕПСО. Со ова се затвора еден од најголемите долгогодишни имотно-правни проблеми во македонската електроенергетска инфраструктура и се отвора патот за сигурно одржување, модернизација и идни инвестиции во преносната мрежа. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со АД МЕПСО и надлежните институции, започна системски процес за уредување на сопственоста на енергетските објекти кои со години беа административна пречка за реализација на нови капитални проекти. Решавањето на статусот на ТС „Дуброво“ е резултат на одлуката на Владата за формирање посебна Работна група за регулирање на имотно-правниот статус на 110 kV трафостаниците помеѓу АД МЕПСО и ЕВН АД. По иницијатива на министерката Сања Божиновска, воспоставена е директна координација со цел забрзано надминување на сите отворени прашања во секторот. Паралелно со овој процес, во тек се активности за уредување на имотно-правниот статус и на ТС 110/20 kV „Бунарџик“, каде што се подготвува договор за отстапување без надоместок на половина од имотот во корист на АД МЕПСО. Со тоа ќе се создадат услови за изградба на новиот 110 kV далекувод ТС „Бунарџик“ - ТС „Миладиновци“, кој е од клучно значење за стабилно снабдување со електрична енергија на железничката инфраструктура во земјава.
Индустриското производство во август забележа пад од 1,9 проценти
Индустриското производство во август забележа пад од 1,9 проценти
Индустриското производство во август е намалено за 1,9% во споредба со истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Сепак, кумулативниот индекс на индустриското производство за периодот јануари – август 2026 година, во однос на истиот период од 2025 година, бележи благ пораст и изнесува 100,6. Според сектори, најизразено опаѓање од 10,1% е регистрирано во Рударството и вадењето камен, додека Преработувачката индустрија бележи пад од 1,3%. Напроти нив, секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација оствари благ раст од 0,8%. Намалувањето во клучната Преработувачка индустрија главно се должи на намалениот обем на работа во повеќе индустриски оддели. Најголемо негативно влијание врз вкупниот резултат имаат падот во производството на машини и уреди од 9,6%, производството на моторни возила, приколки и полуприколки од 8,7%, како и производството на електрична опрема од 6,9%. Пад е забележан и кај текстилната индустрија, хемискиот сектор, производите од пластика и металургијата. Според главните индустриски групи, во август е евидентиран пад кај Капиталните производи за 8,9%, Енергијата за 6,5% и Интермедијарните производи за 4%. Позитивен тренд е забележан кај производите за широка потрошувачка, каде Нетрајните производи бележат раст од 7%, а Трајните производи за широка потрошувачка бележат зголемување од 5%.
Мицкоски: Очекувам следната година да ставиме камен-темелник на изградбата на Чебрен и Галиште
Мицкоски: Очекувам следната година да ставиме камен-темелник на изградбата на Чебрен и Галиште
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека е дојдено време државата да преземе похрабар чекор и директно да застане зад изградбата на капиталниот хидроенергетски проект „Чебрен и Галиште“, наместо да се бара надворешен партнер како во изминатите децении. Според Мицкоски, веќе постои сериозен интерес од меѓународни финансиски институции за поддршка на овој проект. Меѓу нив е и американската Меѓународна финансиска корпорација за развој (ДФЦ), која веќе присутвува во земјава преку грант од 5 милиони долари за рудникот за антимон Крстов Дол. Пресметките и физибилити студиите покажуваат дека внатрешната стапка на повраток на инвестицијата е двоцифрена, што гарантира долгорочна економска исплатливост. Иако станува збор за стратешки проект чија реализација ќе опфати повеќе владини мандати, ефектот врз домашниот систем ќе биде повеќеслоен. Хидроцентралата ќе служи како главен енергетски резервоар за стабилност на електроенергетскиот систем, додека акумулацијата ќе обезбеди дополнителни количини вода за наводнување на земјоделските површини во Тиквешкото Поле. При добро темпо на подготовка, очекувањата се дека следната година може да се постави и камен-темелникот на оваа долгонајавувана инвестиција.
Димовски и менаџментот на „Леар“ ги разгледаа можностите за нови инвестиции и унапредување на производството
Димовски и менаџментот на „Леар“ ги разгледаа можностите за нови инвестиции и унапредување на производството
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, оствари работна посета на производствениот погон на американската компанија „Леар“ во ТИРЗ Тетово. За време на посетата, Димовски одржа состанок со менаџментот на компанијата и изврши обиколка на производствените капацитети, во рамки на заложбите за одржување активна и транспарентна комуникација со странските инвеститори. На средбата се разговараше за тековните оперативни активности, идната развојна стратегија на компанијата, како и за можностите за дополнително унапредување на работните процеси. Директорот Димовски истакна дека непосредниот контакт со компаниите е клучен за навремено детектирање на предизвиците и за изнаоѓање соодветни решенија. Тој потврди дека ДТИРЗ останува фокусирана на создавање поволно деловно опкружување во кое инвеститорите ќе можат непречено да ги реализираат своите проекти. Менаџментот на „Леар“ ги презентираше своите идни планови за развој и изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Дирекцијата. Оваа посета е дел од редовните теренски активности на ДТИРЗ за поддршка на бизнис-климата во индустриските зони ширум земјата.
Се забрзува изградбата на логистички центар во Скопје и центар за сортирање во Струмица за земјоделски производи
Се забрзува изградбата на логистички центар во Скопје и центар за сортирање во Струмица за земјоделски производи
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со високата делегација од Светска банка, предводена од Редон Беголи, заменик-директор за Северна Македонија, и Теклу Тесфае, тим-лидер на Проектот за модернизација на земјоделството. На средбата се разгледани заклучоците од редовната мисија на банката, постигнатиот напредок и наредните чекори за реализација на планираните инвестиции. Главниот фокус на разговорите е ставен врз клучните капитални и дигитални проекти во аграрниот сектор, меѓу кои се изградбата на логистичко-дистрибутивниот центар во Скопје и центарот за сортирање и складирање во Струмица. Покрај откупно-дистрибутивните капацитети, проектните активности опфаќаат и воспоставување на интегрирана земјоделска информациска платформа во Министерството, како и целосна реконструкција на административната зграда на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Министерот Серафимовски ја потврди заложбата за забрзување на административните и техничките постапки, со цел овие инвестиции што побрзо да прераснат во функционална инфраструктура и современи дигитални услуги кои ќе обезбедат подобар пласман за земјоделските производители.
Николоски најави голема инвестиција: Следната есен започнува изградбата на експресниот пат од Радовиш до границата со Бугарија
Николоски најави голема инвестиција: Следната есен започнува изградбата на експресниот пат од Радовиш до границата со Бугарија
Министерот за транспорт, Александар Николоски, за време на денешната посета на Радовиш објави дека е распишана постапката за избор на проектантска куќа која ќе ја изработи целокупната документација за изградба на нов експресен пат. Трасата ќе се протега од Радовиш, преку Струмица и Ново Село, сè до граничниот премин со Република Бугарија. Со овој проект се планира обезбедување уште едно современо патно поврзување меѓу двете земји. Процесот во оваа фаза опфаќа изработка на предпроектна документација, еколошки и социјални студии, како и физибилити студија, а рокот за поднесување на понудите е отворен до 8 октомври. Очекувањата се дека по изборот на консултантската куќа, подготовката на комплетните студии ќе заврши во рок од шест до девет месеци, по што веднаш ќе се премине кон тендерирање за избор на изведувач. Градежните активности на терен се планира да започнат идната есен. Проектот целосно ќе се финансира со сопствени средства на Јавното претпријатие за државни патишта. Според Николоски, претпријатието располага со стабилен прилив на средства и одлична финансиска кондиција за самостојно да ја изнесе реализацијата на оваа значајна инфраструктурна инвестиција.
Крај за несигурниот откуп: Новиот закон носи писмени договори и заштита за земјоделците
Крај за несигурниот откуп: Новиот закон носи писмени договори и заштита за земјоделците
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа јавна расправа за новиот Предлог-закон за уредување на пазарите со земјоделски производи. Министерот Борче Серафимовски порача дека со ова законско решение се воспоставува нов систем за појасна распределба на одговорноста меѓу производителите, откупувачите и преработувачите, со цел да се стави крај на неизвесноста и ад хок решенијата во аграрниот сектор. Новиот закон ги обединува организираниот откуп, договорните односи, пазарните информации, интервентните мерки, задолжителните пазарни стандарди и здружувањето на производителите. Со него не се предвидува административно одредување на цените, туку се воведуваат прецизни правила кои налагаат писмен договор пред испораката со однапред утврдени количини, квалитет, рокови за плаќање и начин на пресметка на цената. Законот предвидува воведување електронска евиденција на регистрираните откупувачи и нов Земјоделски пазарен информативен систем со национална опсерваторија. Овие алатки ќе овозможат следење на понудата, побарувачката, цените и залихите во реално време, со што институциите ќе можат навремено да препознаваат пазарни ризици и да спроведуваат мерки за јавна интервенција и поддршка за приватно складирање. По посебен акцент е ставен на поддршката за организирање на земјоделците во групи и организации на производители за зајакнување на нивната преговарачка позиција. Предложените механизми воедно обезбедуваат и целосно усогласување на домашната регулатива со правилата на Европската Унија за заедничка организација на земјоделските пазари.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk