Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Македонија

Царинската управа со историски резултат: Надминати 12 милијарди денари наплата
Царинската управа со историски резултат: Надминати 12 милијарди денари наплата
Царинската управа на Република Македонија бележи историски успех, надминувајќи ја бројката од 12 милијарди денари во наплата, објави денеска директорот Бобан Николовски. Овој резултат претставува значајна пресвртница и континуитет во позитивните трендови на институцијата. Тој посочи дека во истиот месец минатата година (јули 2024), наплатата изнесувала 11 милијарди и 993 милиони денари, што било „само чекор до неа“. Годинава, пак, постигнат е раст од 5,4 проценти, што е еквивалентно на 10,5 милиони евра повеќе од рекордниот резултат остварен тогаш. Растот на наплатата на приходи е евидентен по сите основи, при што најзначајни зголемувања се забележани кај: Царина: раст од дури 21,6%, ДДВ при увоз: раст од 3,8%, Акцизи: раст од 4,5%, Акцизи: раст од 4,5%, Данок на моторни возила: раст од 10,4%. Целта на новото раководството не е само да се биде подобар од претходната администрација, туку да се надминуваат самите себеси.
Завршена претквалификацијата за најподобен изведувач за изградба на автопатот Букојчани – Кичево
Завршена претквалификацијата за најподобен изведувач за изградба на автопатот Букојчани – Кичево
Проектот за изградба на автопатската делница Букојчани – Кичево, клучен сегмент од европскиот патен Коридор 8, влегува во финална фаза пред отпочнување на градежните работи. Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ја заврши претквалификацијата за избор на изведувач, со што девет фирми се квалификуваа за поднесување понуди за проектот вреден околу 11,5 километри. Како што соопштија од ЈПДП, тендерот за претквалификација е спроведен согласно процедурите за набавки на ЕБОР. По успешното завршување на овој процес, деветте претквалификувани компании добија покана за поднесување понуди. Крајниот рок за доставување на понудите е 30 септември 2025 година, по што ќе следи детална евалуација и избор на најповолниот изведувач за градежните работи. Постоечката делница на државниот пат А2 од Гостивар до Кичево проектирана е пред повеќе од 50 години и изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои има и трета лента за бавни возила. Сепак, поради зголемениот обем на сообраќај и недоволно добрите возно - диманички услови, неминовно е надградување на оваа делница на ниво на современо автопатско решение по кое ќе се одвива брз, безбеден и непречен меѓународен и домашен превоз на патници и стоки. Активностоте, пак за автопатската делница од Гостивар до Букојчани се во тек, Бехтел и Енка веќе работат на изградбата, а засилена градежна активност има и на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, сите дел од Коридорот 8. Со ова ќе има целосно автопатско поврзување од главниот град Скопје до туристичкиот центар Охрид.
САД ги намалија царините за македонски производи од 33% на 15%
САД ги намалија царините за македонски производи од 33% на 15%
Соединетите Американски Држави донесоа значајна одлука за намалување на царините за производи од Македонија, симнувајќи ги од досегашните 33% на 15%. Овој чекор ја изедначува Македонија со царините кои САД ги применува кон земјите членки на Европската Унија. Ова намалување ја става Македонија во значително поповолна позиција во однос на некои еврпски држави. За споредба, царините за Србија изнесуваат 35%, додека за Босна и Херцеговина се 30%. Изненадувачки, Швајцарија се соочува со високи царини од 39%. Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави одлуката, истакнувајќи дека ова е само прва фаза од преговорите. „Преговорите продолжуваат. Во моментот се наоѓаме во пауза поради годишните одмори. Очекувам втора половина во август да продолжиме со преговорите и очекувам уште намалување“, изјави Мицкоски. Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, исто така ја поздрави одлуката на САД, нагласувајќи дека ова претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и јасен сигнал за градење на поамбициозно трговско партнерство. „Иако преговорите за сеопфатен договор за тарифна либерализација сè уште се во тек, оваа одлука е конкретен доказ за заедничката посветеност на отворање нови можности за нашите извозници, компании и економијата во целина“, истакна Муцунски. Тој додаде дека владата останува целосно посветена на финализирање на договор што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери и ќе создаде долгорочни придобивки за двете економии.
Нов 400/110 kV трансформатор пристигна во ТС „Дуброво“ - инвестиција вредна 4,8 милиони евра
Нов 400/110 kV трансформатор пристигна во ТС „Дуброво“ - инвестиција вредна 4,8 милиони евра
Во трансформаторската станица „Дуброво“ пристигна нов, клучен 400/110 kV трансформатор, инвестиција вредна 4,8 милиони евра од страна на МЕПСО, соопшти министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Оваа инвестиција значително ќе ја зајакне стабилноста и сигурноста на македонскиот електропреносен систем во наредните три до четири децении. „Трансформаторската станица 'Дуброво' е клучна за македонскиот електропреносен систем, бидејќи го поврзува нашиот најголем производствен капацитет, РЕК Битола, со најголемиот потрошувачки регион – Скопје“, изјави министерката Божиновска. „Трансформаторската станица 'Дуброво' е клучна за македонскиот електропреносен систем, бидејќи го поврзува нашиот најголем производствен капацитет, РЕК Битола, со најголемиот потрошувачки регион – Скопје“, изјави министерката Божиновска. Таа потенцираше дека „Дуброво“ е еден од најважните енергетски јазли во регионот, со оглед на тоа што тука се вмрежуваат и 400 kV интерконективни далекуводи со соседните Бугарија и Грција. Пристигнувањето на новиот трансформатор е дел од стратешките инвестиции на МЕПСО, чија цел е модернизација и зајакнување на енергетската инфраструктура на државата. Овој чекор се очекува да придонесе за непречено снабдување со електрична енергија и поголема отпорност на системот кон потенцијални пречки.
Пет нови авиолинии од Скопскиот Аеродром: Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
Пет нови авиолинии од Скопскиот Аеродром: Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
Македонија добива значајно зајакнување на воздушната поврзаност со Европа, откако министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, утрово објави потпишување на договор за пет нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје. Овој потег, како што истакна министерот, ќе донесе повеќе туристи, подобри бизнис можности и нови опции за патување за граѓаните. Новите редовни линии ќе започнат со работа кон крајот на годината: Од ноември: Скопје-Стокхолм и Скопје-Мадрид. Од декември: Скопје-Бари, Келн-Скопје и Прага-Скопје. Со овие пет нови линии, вкупниот број на новоотворени дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром во последната година достигна 16, што претставува значителен напредок во регионалната и меѓународната поврзаност на земјата. Министерот Николоски, исто така, ги презентираше и позитивните резултати од работењето на аеродромите во првата половина од годината. Скопскиот и Охридскиот аеродром заедно достигнале милион и петсто илјади превезени патници. Конкретно, Скопскиот аеродром бележи раст од 5%, додека Охридскиот аеродром оствари уште позначаен раст од 11%.
Алкалоид достигна 164 милиони евра приходи во првата половина од годината
Алкалоид достигна 164 милиони евра приходи во првата половина од годината
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2025 година продажбите достигнуваат 6.754.023.385 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.113.230.177 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Во 2024 година остваривме импресивен раст од 15%, што значително ги надмина нашите првични проекции и претставуваше речиси двојно зголемување во однос на планираното за 2024 година. Ваквиот исклучителен резултат во 2024 година постави висока основа за тековната година, при што моменталниот раст е умерен, но е во согласност со предвидената динамика. Во споредба со планираните продажби за првата половина од 2025 година реализираните се поголеми за 2 %. Од вкупните консолидирани продажби 34 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 66 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 28 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР...) се остварени 19 %, а во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 19 % од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени во Холандија, кои се зголемени 6,6-пати; потоа во Австрија, каде што се зголемени 5,3-пати, во Шведска, каде што се зголемени 4-пати, на Јужна Африка, каде што се зголемени 3-пати, како и во Финска каде што продажбите се зголемени 2,8 пати. Потоа следуваат оние во Ирска (раст од 66%), Грузија (раст од 45%), Ерменија (раст од 23 %), во Грција (раст од 17 %), Босна и Херцеговина (раст од 14 %), Германија (раст од 14 %), во Словенија (раст од 10 %), Србија (раст од 10 %), Хрватска (раст од 9 %) итн. Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 91 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 23 %, препаратите ОТЦ со 16 %, невролошките препарати со 13 %, кардиолошките препарати со 12 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сегментот фармација, додека во Сегментот хемија, козметика и билкарство бележат намалување во споредба со остварените во истиот период од 2024 година. Сегментот фармација бележи раст од 8 %, хемија раст од 15 %, козметика пад од 7 %, а билкарство намалување од 17 %. Намалувањето на продажбите во сегментите козметика и билкарство во голема мера се должи на намалените и ограничени цени и маржи на речиси целото портфолио во Македонија и во Црна Гора. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 615.183.731 денари. Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.614.311.178 денари, бележи зголемување од околу 10 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 941.846.091 денари и е зголемена за 7 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.699.523.384 денари и бележи раст од 9 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 855.738.395 денари е зголемена за 4 %.
НЛБ Банка воведува Apple Pay за брзи и безбедни плаќања
НЛБ Банка воведува Apple Pay за брзи и безбедни плаќања
Денеска НЛБ Банка Скопје, на своите клиенти, им го носи Apple Pay, побезбеден, посигурен и самостоен начин за плаќање во продавници, преку апликации и онлајн За да платат во продавница, клиентите едноставно кликнуваат двапати на страничното копче, се автентицираат, и го допираат својот iPhone или Apple Watch близу до терминалот за плаќање за да извршат бесконтактно плаќање. Секое купување со Apple Pay е безбедно бидејќи е автентицирано со Face ID, Touch ID или лозинка на уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код. Apple Pay е прифатен во продавници за храна, аптеки, такси, ресторани, кафетерии и многу други места. Клиентите можат да го користат Apple Pay на iPhone, iPad и Mac за да прават побрзи и поудобни купувања преку апликации или на интернет, без да мора да креираат сметки или постојано да внесуваат контакт информации, детали за картичка, информации за испорака и фактурирање. Apple Pay, меѓу другото, го олеснува плаќањето за достава на храна и намирници, онлајн купување, транспорт и паркирање. Apple Pay може да се користи и за плаќање во апликации на Apple Watch. „Задоволство е да се биде првата банка на пазарот која на своите клиенти им го овозможува Apple Pay – иновативно, едноставно и безбедно решение за бесконтактно плаќање. Ова е уште еден значаен чекор во нашите заложби за дигитална трансформација, модерно банкарство, и безбедно и супериорно корисничко искуство. Во динамичниот свет во кој живееме, ние постојано вложуваме во решенија кои го поедноставуваат секојдневието на нашите клиенти, го следат нивниот животен стил и ги поставуваат стандардите на модерното банкарство.“ – истакнува Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.
ССМ ќе бара минимална плата од 500 евра
ССМ ќе бара минимална плата од 500 евра
Утрешниот состанок на Социјално-економскиот совет ќе биде посветен на анализа на потрошувачката кошничка, наместо на зголемувањето на платите, тема која Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави дека ќе ја постави како клучно барање. ССМ инсистира на итно зголемување на минималната плата на 500 евра и дополнителни 6.000 денари покачување за сите останати плати. ССМ своето барање го темели на четири клучни причини: Раст на трошоците за живот: Вредноста на синдикалната минимална кошничка е драстично зголемена. Од јануари 2024 до јануари 2025 година, таа се зголемила за околу 6.500 денари. По завршувањето на владините мерки, забележан е дополнителен раст од 2.000 денари, што значи дека на едно семејство му недостасуваат околу 150 евра месечно за основни услови за живот. Недостапност на одмор за граѓаните: Податоците на Евростат покажуваат дека 55,7% од работниците во Македонија не можат да си дозволат годишен одмор во траење од седум дена, дури ни во бунгалов во Дојран. Ова укажува на нискиот животен стандард и неможноста за задоволување на основните потреби за рекреација. Најниска минимална плата во регионот: Македонија има најниска минимална плата во споредба со земјите од регионот. Во Србија, минималната плата од октомври ќе изнесува 500 евра (за 100 евра повеќе од нашата), во Босна и Херцеговина веќе е 511 евра (за 111 евра повеќе), а во Црна Гора се движи од 600 до 800 евра (200 до 400 евра повеќе од македонската минимална плата). Преседан со измените на Законот за работни односи: ССМ потсетува дека пратениците, "шверцерски" преку ноќ и без јавна расправа, го изменија Законот за работни односи за да удоволат на еден синдикат со цел да стане репрезентативен. Синдикатот потенцира дека ако можеле да го направат тоа за прашање на репрезентативност, исто така можат, по истата формула, да предложат измени на Законот за минимална плата со кои ќе ја зголемат на 500 евра, а за 100 евра да ги зголемат и останатите плати.
Владата ги зголемува стратешките резерви на пченица и ориз
Владата ги зголемува стратешките резерви на пченица и ориз
Премиерот Мицкоски денеска објави дека Владата донела одлука за значително зголемување на државните резерви на пченица и ориз. Целта е да се зајакне националната безбедност на храна, особено имајќи ја предвид реколтата од 2024 година. Одлучено е да се набават 9.000 тони пченица и 2.400 тони ориз и оризова арпа. Земјоделците ќе можат да конкурираат со количини од 5 до 30 тони за пченица, додека за ориз и оризова арпа квотата е од 3 до 20 тони по производител. Како дел од оваа стратегија, за првпат е донесена законска измена со која оризот е прогласен за стратешка култура. Овој потег се очекува значително да ги олесни предизвиците со кои се соочуваат оризопроизводителите и да придонесе за поголема стабилност во овој сектор.
Свечено пуштен во употреба нов затворен базен во Кисела Вода
Свечено пуштен во употреба нов затворен базен во Кисела Вода
Денеска беше свечено пуштен во употреба нов модерен затворен базен кој се наоѓа во состав на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во општина Кисела Вода. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.Овој нов објект претставува значајна придобивка за заедницата, овозможувајќи услови за пливање и рекреација во текот на целата година. Базенот е со должина од 30 метри и ширина од 20 метри, зафаќајќи габаритна површина од 600 квадратни метри. Длабочината на базенот варира од 80 сантиметри до 1 метар и 20 сантиметри. Објектот е комплетиран со модерни машки и женски санитарии и гардеробери. Отворањето на овој базен е дел од поширок проект за развој на спортската инфраструктура во земјата. Во таа насока, беше најавено дека до крајот на летото ќе бидат пуштени во употреба уште четири нови базени кои се наоѓаат во општините Ѓорче Петров, Кичево, Битола и Штип.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk