Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Македонија

Петмина приведени за нелегален ископ на артефакти: Пронајдени 43 златни и сребрени монети
Петмина приведени за нелегален ископ на артефакти: Пронајдени 43 златни и сребрени монети
На 15 декември полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Виница приведоа пет лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“, казниво по член 265 од Кривичниот законик. Од слобода се лишени И.А.(61) и С.А.(63), двајцата од село Јакимово, виничко, Д.Т.(66) од Кочани, како и М.И.(62) и Ј.М.(30), двајцата од Виница. Акцијата следеше по пријава, при што на патот во атарот на с.Калиманци се сопрени патничките возила „Фиат Браво“ и „Опел Вектра“. Во возилата биле пронајдени и одземени метален детектор и алат. Во соработка со кустоси од Музеј „Теракота“ Виница, е констатирано дека пријавените во периодот од 13 до 15 декември извршиле нелегален ископ во с.Калиманци. По наредба на Основен суд Виница, извршени се претреси во домовите на дел од приведените, при што биле пронајдени и одземени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети со различна големина, како и друг алат. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Спречен обид за криумчарење на 2.000 кг фалсификат прашок за перење кој е штетен по здравјето на граѓаните
Спречен обид за криумчарење на 2.000 кг фалсификат прашок за перење кој е штетен по здравјето на граѓаните
Царинските службеници од Царинската испостава Тетово спречија обид за криумчарење на голема количина фалсификуван прашок за перење кој според првичните сознанија е штетен по здравјето на граѓаните и животната средина. Станува збор за пратка од 2000 килограми, односно 200 вреќи од по 10 кг прашок за перење алишта со трговска марка „Ариел“. Стоката била натоварена во Турција и била наменета за увозник од Скопје. Правниот застапник потврдил дека прашокот „Ариел“ е фалсификат и се согласил за уништување на стоката. Царинската управа нагласува дека криумчарениот прашок содржи неконтролиран хемиски состав, што го прави штетен по здравјето на граѓаните и може да предизвика загадување на животната средина. Против сторителот на криумчарењето, по спроведувањето на постапката, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов за злоупотреби со набавка на електрични автобуси
Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов за злоупотреби со набавка на електрични автобуси
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против шест лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Струмица, К.К. (35), за сериозни злоупотреби при постапката за јавна набавка на електрични автобуси за ЈСП „Струмица-Транспорт“. Поранешниот градоначалник К.К. се сомничи за кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, додека другите пет пријавени лица: Д.П.С.(61), К.Б.(37), Л.Ј.(63), Л.Ѓ.(62) и Г.П.(58) се сомничат за „несовесно работење во службата“ и помагање во извршување на кривичните дела. Според МВР, поранешниот градоначалник К.К., во својство на одговорно лице, ги повредил правилата на постапката за набавка на 10 електрични автобуси, чија вкупна вредност изнесува околу 430 милиони денари. Ова го сторил со ангажирање на пријавениот Г.П. како одговорно лице задолжено за технички прашања и надзор, иако тој не ги поседувал потребните стручни квалификации и потребната Лиценца А за надзор од областа на електротехниката. Покрај тоа, пријавениот К.К. свесно ги повредил прописите со договарање на тој начин што во тендерската документација биле наведени спецификации кои недвосмислено и речиси идентично одговарале токму на спецификациите на набавените електрични автобуси. Директорот на ЈСП, Д.П.С., постапил несовесно и пропуштил должен надзор над целокупната постапка и имплементацијата на јавната набавка, потпишувајќи го Договорот во кој учествувало лице без потребните стручни квалификации. Исто така, претседателот и членовите на комисијата за јавни набавки (К.Б., Л.Ј. и Л.Ѓ.) го определиле Г.П. за одговорно лице за следење на реализацијата, иако тој не бил квалификуван за тие работни задачи.
Општина Бутел започна со уривање на дивоградба во Визбегово
Општина Бутел започна со уривање на дивоградба во Визбегово
Општина Бутел во координирана акција со Министерството за внатрешни работи, рано утринава спроведе акција за отстранување на бесправно изграден објект и узурпација на државно земјиште во населеното место Визбегово. Градоначалникот упати порака дека нема да толерира прекршувања на прописите во општината. Тој потенцираше дека законот ќе важи за сите подеднакво, без отстапки, сѐ додека тој е на чело на општината. „Во општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпации на државно земјиште. Јас работам во интерес на моите сограѓани, постапувам и сум на страна на чесните луѓе. За мене додека сум градоначалник сите граѓани ќе бидат исти и еднакви.“ - додаде Костовски. По отстранувањето на објектот, ќе следат и соодветни пријави против лицата кои бесправно граделе и го узурпирале државното земјиште.
Предложен притвор за сопственикот на кравите и двете негови ќерки во кривопаланечко
Предложен притвор за сопственикот на кравите и двете негови ќерки во кривопаланечко
Основното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица – татко и неговите две ќерки поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Осомничените, како соизвршители, на 2 декември со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), кои биле со полициска асистенција, да спроведат правосилно и извршно решение за одземање на домашен крупен добиток. Јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите три лица. Според Обвинителството, од однесувањето на осомничените произлегува дека тие подолг временски период го малтретираат месното население и соседите, и покрај сите досега преземени активности од надлежните државни органи, а сега започнале и со дејствија на спречување на вработени во надлежните инспекциски служби на АХВ и униформирани полициски службеници.
Царинската управа спречи шверц на 5.200 штеки цигари на граничниот премин „Ново Село“
Царинската управа спречи шверц на 5.200 штеки цигари на граничниот премин „Ново Село“
Секторот за контрола и истраги при Царинската управа успешно откри и спречи обид за шверц на вкупно 5.200 штеки цигари, спакувани во 104 пакети. Случајот е откриен на граничниот премин „Ново Село“, каде камион пријавен како празен на излез од државата бил селектиран за детален царински преглед. Инспекторите од Одделението за оперативни работи, во полуприколката ладилник открија специјално конструиран бункер со преграда каде биле сокриени цигарите. По спроведените истражни дејствија од страна на Одделението за истраги, поднесена е кривична пријава против возачот, кој е српски државјанин. Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека борбата со царински измами и спречувањето на обиди за шверц на тутун и тутунски производи е една од клучните обврски, нотирани и во извештајот на Европската Комисија, на која управата е целосно посветена. Николовски нагласи дека годинава, заклучно со 30 ноември, Царинската управа по основ на увоз на тутун и тутунски производи наплатила 15,3 милијарди денари, што претставува раст од 10% во однос на минатата година. Кумулативно, заклучно со 30 ноември, годинава се наплатени приходи од 1,95 милијарди евра, што е за 86,9 милиони евра повеќе од лани истиот период, забележувајќи раст од 4,7%. Раст е регистриран по сите основи: Приходите од наплата на царина со раст од 15,1%, од ДДВ при увоз 3,2% раст, од Данокот на моторни возила (ДМВ) од 10,9% и од акциза 4,6%.
Општина Центар започна со поставување на уреди за мерење бучава
Општина Центар започна со поставување на уреди за мерење бучава
Општина Центар започна со поставување на уреди на 30 критични локации низ општината, чија примарна цел е континуирано следење на нивото на бучава и алармирање во моментите кога се надминуваат дозволените граници. Веќе се поставени 19 уреди во неколку клучни и фреквентни делови на Центар. Уредите се активни во Дебар Маало, на улиците „Орце Николов“, „Мирослав Крлежа“ и „Отон Жупанчиќ“, како и на двете локации на „Боемска“. Во следниот период, проектот ќе продолжи со поставување на уредите и на други важни локации кои се идентификувани како критични зони за бучава. Следни локации опфатени со овој паметен систем ќе бидат улиците „Ленинова“, населбите Капиштец и Буњаковец, „Кеј 13 Ноември“ и локалитетот „Кале“. Градоначалникот Герасимовски потенцираше дека Општина Центар продолжува да воведува современи решенија кои се насочени кон обезбедување помирен и поудобен живот за граѓаните.
Предупредување од Бигорскиот манастир: Се злоупотребува името на манастирот за продажба на лажни лекови
Предупредување од Бигорскиот манастир: Се злоупотребува името на манастирот за продажба на лажни лекови
Бигорскиот манастир објави демант и предупредување до јавноста по повод појавата на лажни интернет-страници и спонзорирани објави на социјалните мрежи, кои го злоупотребуваат името и угледот на манастирот и монашкото братство за продажба на сомнителни медицински препарати. Братството јавно реагираше откако измамници почнаа лажно да тврдат дека монасите од манастирот наводно измислиле или произведуваат чудотворни лекови и масти за зглобови и коски, наведувајќи го препаратот „BoneControl“. Од манастирот изјавија дека немаат никаква поврзаност со овие производи. Братството нагласи дека тие не произведуваат, не рекламираат и не продаваат ваков вид на медицински препарати. Од Бигорски нагласуваат дека станува збор за класична интернет измама, чија цел е финансиски профит преку манипулација со довербата што верниците ја имаат во Црквата. Граѓаните се предупредуваат да не ги оставаат своите лични податоци (име, адреса, телефон) на овие сомнителни веб-страници. Овие лекови се со непознато потекло и состав и можат да бидат опасни по здравјето. Единствените автентични производи на манастирот може да се најдат исклучиво во манастирската продавница или преку нивните официјални канали за комуникација. Од Бигорскиот манастир најавија дека за оваа злоупотреба ќе бидат известени и надлежните органи за компјутерски криминал.
Крај на шверцот во пратки: Нов скенер во поштата ќе детектира оружје, дрога и експлозиви
Крај на шверцот во пратки: Нов скенер во поштата ќе детектира оружје, дрога и експлозиви
Царинската управа денеска го презентираше најновиот додаток во својата опрема - софистициран скенер за поштенски пратки, инсталиран во Царинската испостава Пошта. Скенерот е опремен со вештачка интелигенција и ќе помага во борбата против шверцот на огнено оружје, дрога и експлозиви преку поштенски пратки. Капацитетот за скенирање е стотици пратки во минута, користејќи ја вештачката интелигенција за прецизна детекција на забранети предмети. „Скенерот за поштенски пратки е од големо значење во заедничката борба против тероризмот, спречување пролиферација на мало и лесно оружје и недозволената трговија со дрога.“ - истакна директорот Николовски. Тој нагласи дека во Царинската испостава Пошта, каде што е поставен скенерот, годинава поминале над 100.000 пратки. Овој скенер е донација од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал во рамки на проектот Хермес 2, чија цел е спречување пролиферација на огнено оружје и експлозиви преку поштенски пратки во земјите од Западен Балкан. Николовски се заблагодари на UNODC, како и на земјите-донатори: Германија, Шведска, Холандија, Франција, Обединетото Кралство и Норвешка за нивната севкупна поддршка во борбата против организираниот криминал, потенцирајќи дека донацијата е силен доказ за заедничката посветеност на државите во справувањето со криминалот на меѓународно ниво. Киро Цветков од UNODC истакна: „Еден од најчестите начини на криумчарење оружје е преку испраќање на нивни делови и компоненти во поштенски пратки. Со вградената вештачка интелигенција, скенерот става акцент на деловите и компонентите, препознавајќи ги и детектирајќи ги сомнителните пратки.“ Тој додаде дека институциите работат на измени на Законот за кривична постапка, кои ќе овозможат употреба на посебни истражни мерки, како што е симулирана достава, за делата поврзани со делови и компоненти на огнено оружје.
Општина Центар продолжува со уривање на дивоградби, отстранета нелегална доградба на улицата „Орце Николов“
Општина Центар продолжува со уривање на дивоградби, отстранета нелегална доградба на улицата „Орце Николов“
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека е отстранета уште една нелегална доградба на улицата „Орце Николов“, како дел од засилените активности на општината за воспоставување ред и заштита на јавниот простор. Урната е нелегално изградената доградба на деловен објект лоциран на ул. „Орце Николов“ бр. 139. Како што информира Општина Центар, објектот бил изграден без соодветно одобрение за градење и директно узурпирал простор наменет за граѓаните. „Општина Центар продолжува со засилени инспекциски контроли и со активности за расчистување на бесправно изградени и нелегално поставени објекти. Целта е јасна – заштита на јавниот интерес и враќање на јавниот простор на сите граѓани.“ - изјави градоначалникот Герасимовски.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk