По повод одбележувањето на Светскиот ден на борба против гладот, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, реализираше хуманитарна донација на прехранбени производи наменети за поддршка на семејствата на кои им е најпотребна помош.
Донацијата е предадена и дистрибуирана преку хуманитарната организација „Свети Спас“ од Драчево. Притоа, градоначалничката упати јавна благодарност до отец Оливер Петровски и до сите хумани луѓе кои несебично се вложуваат за да им помогнат на граѓаните на кои им е најтешко во секојдневниот живот.
Градоначалничката истакна дека Општина Кисела Вода останува цврсто посветена на грижата за сите свои сограѓани, нагласувајќи дека ваквите хуманитарни активности не треба да бидат реткост или поврзани само со одредени датуми од календарот.
„Хуманоста е наша заедничка одговорност. Таа се покажува со дела, со искрена грижа и со подадена рака тогаш кога е најпотребно. Како Општина Кисела Вода, остануваме посветени на грижата за нашите сограѓани. Верувам дека секоја помош значи многу, а заедно можеме да внесеме повеќе надеж и сигурност во домовите на семејствата на кои им е потребна поддршка. Хуманоста нема да ја покажуваме само на одредени денови, туку секојпат кога некој има потреба од нас“, порача Стаменкоска Трајкоска. Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К. (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38), поранешна раководителка на Секторот за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште, како и против Ј.П. (60) од Битола, поранешен управител на фирма од Битола.
Пријавата е поднесена поради постоење основано сомневање за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.
Според документацијата од истрагата, К.К. и С.Р. во текот на 2022 година ја злоупотребиле својата службена положба за да овозможиле легализација на бесправно изграден објект на катастарска парцела во селото Куклиш, со што овозможиле стекнување противправна имотна корист за физичкото лице Т.Ј. од истото село.
За да се реализира постапката, од страна на тогашната раководителка било побарано од третопријавениот Ј.П. да изготви елаборат со невистинита содржина. Со техничкиот извештај било лажно прикажано дека на терен не постојат објекти, со цел од катастарската евиденција да се избришат постојните објекти во сопственост на Општина Струмица и да се обезбеди чист имотен лист.
Врз основа на вака подготвените документи, тогашниот градоначалник донел решение за легализација на деловен простор (стовариште) со површина од 161 квадратен метар. Ова решение дополнително му овозможило на лицето Т.Ј. да изврши откуп и да отуѓи државно градежно земјиште со површина од 866,46 квадратни метри во сопственост на државата.
При извршувањето на овие дејствија, пријавените службени лица свесно ги занемариле претходните правосилни одлуки на Вишиот управен суд од 2016 и 2019 година, со кои барањето за легализација на ова лице било конечно одбиено. Дополнително било игнорирано и решението од овластен градежен инспектор со кое претходно му било наредено на инвеститорот да ја отстрани дивоградбата, со што е нанесена директна материјална штета врз буџетот на Општина Струмица и државата. Шумската полиција спроведе засилени теренски акции против нелегалната сеча на целата територија на државата, при што во текот на септември и почетокот на октомври се запленети над 500 кубни метри нелегално исечена дрвна маса и се поднесени 140 пријави.
Во рамките на овие контроли привремено се одземени 13 товарни и 17 патнички возила, девет трактори, како и моторни пили, приколки, секири и други предмети употребени за вршење на незаконската сеча и за превоз на дрвата.
Активностите се одвиваат паралелно со редовните секојдневни контроли, со посебен фокус на подрачјата каде што е забележано делување на организирани групи дрвокрадци. Инспекциите се насочени кон сузбивање на нелегалното снабдување со дрва на населението и на производствените капацитети, со што се спречува нанесувањето значителна штета врз националниот шумски фонд.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, истакна дека засилените акции ќе продолжат и во наредниот период, нагласувајќи дека Шумската полиција ја има целосната поддршка од Министерството да постапува одлучно против сите облици на незаконска сеча, транспорт и трговија со дрва.
Во пресрет на грејната сезона, од Министерството апелираат до граѓаните да набавуваат огревно дрво исклучиво од лиценцирани продавачи и складови, со што директно се придонесува кон заштита на шумите, и ги повикуваат сите сомнежи за нелегални активности да ги пријавуваат до надлежните органи. Министерството за внатрешни работи учествуваше во меѓународната оперативна акција „TRIGGER X“, спроведена во организација на ИНТЕРПОЛ во периодот од 22 јуни до 5 јули 2026 година. Носител на активностите во македонското МВР беше Одделот за криминалистичка полиција преку Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, додека координацијата се одвиваше преку Националното централно биро на ИНТЕРПОЛ - Скопје.
Во акцијата се вклучени повеќе организациски единици на Бирото за јавна безбедност и Царинската управа, со примарна цел сузбивање на прекуграничниот криминал, спречување на нелегалната трговија со огнено оружје и муниција, како и контрола на стрелачки клубови, цивилни стрелишта, ловни друштва и правни лица што вршат промет со оружје.
За време на оперативните активности се извршени проверки на 548 селектирани лица и 382 патнички и товарни возила, додека во базите на податоци се проверени над 500 лица и 300 возила. Во предоперативната фаза се пронајдени четири пиштоли, три рачни бомби, рамки и муниција, додека во оперативната фаза се спроведени 35 претреси при што се одземени 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција за кои се преземаат мерки за кривична постапка, 10 минско-експлозивни средства, како и дополнително оружје и муниција за управна постапка.
На граничните премини се лишени од слобода две лица, од кои едно на „Табановце“ за сомнение за кривично дело по член 215 од Кривичниот законик и едно лице на стоп-листа на „Меџитлија“. Дополнително, се спроведени вонредни контроли во стрелачки клубови и стрелишта на подрачјата на Скопје, Битола и Прилеп, со што МВР уште еднаш го потврди активниот придонес кон зајакнување на меѓународната полициска соработка и борбата против прекуграничниот криминал. Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, и министерката за култура на Грција, Лина Мендони, ја посетија црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, каде што извршија увид во успешно завршените конзерваторски активности на непроценливиот фрескоживопис од XII век.
Посетата претставува потврда за успешната меѓународна соработка во областа на заштитата на културното наследство, реализирана преку заеднички ангажман на македонските и грчките стручни институции.
Процесот на конзервација е реализиран со стручна поддршка од експерти од Грција, ангажирани врз основа на Меморандумот за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, во непосредна соработка со стручниот тим на Националната установа Завод и музеј - Битола, предводен од директорката Маргарета Спасов.
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново претставува еден од најзначајните споменици на византиската уметност во Преспанскиот Регион и пошироко. Успешната конзервација на нејзиниот фрескоживопис нуди модел за размена на искуства и знаења, истовремено отворајќи нови можности за промоција на културниот туризам во регионот.