Поранешниот премиер Никола Груевски објави дека се израдувал на веста за три компании, привлечени за време на неговиот мандат, најавиле нови проширувања во Македонија. Во својата објава, Груевски ја истакна американската корпорација „Амфенол“, како и компаниите „Гентерм“ од САД и турската „Чагатај Кабло“, како доказ за успешната економска стратегија на неговата влада. Груевски ја поздрави веста за проширувањето на американската компанија „Амфенол“ во Кочани, која во моментов вработува 3.200 лица. Со новата производна хала, која започнува со работа кон крајот на септември, се предвидуваат 200 нови работни места. За следната година, пак, се планира уште еден погон со дополнителни 320 вработени. Според Груевски, компанијата има потенцијал да достигне и до 5.000 вработени, благодарение на поволната локација за опслужување на европскиот пазар. Тој потсети дека оваа инвестиција, која започна во 2013 година, помогнала да се преполови невработеноста во Кочани од 11.000 лица во 2006 година на околу 5.500 во 2016 година. Поранешниот премиер истакна дека и други две компании привлечени за време на неговиот мандат најавиле проширување на своите капацитети. Американскиот производител на автомобилски компоненти „Гентерм“ планира нов погон во технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп, со што ќе се отворат 300 нови работни места. И турската компанија „Чагатај Кабло“, производител на кабли за автомобилската индустрија, започна со изградба на нов погон во ТИРЗ Скопје, каде се очекуваат 200 нови вработувања. Груевски упати критика кон СДСМ, тврдејќи дека прекинот на стратегијата за привлекување странски инвестиции донел голема штета на Македонија и доколку се продолжеше со неговите политики, денес невработеноста би била само 3-4%, што би довело до повисоки плати и подобар животен стандард. Компанијата „Амфенол“ ја отвори својата нова производствена хала во Кочани, инвестиција која се очекува да донесе 200 нови работни места. На настанот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека Владата ќе продолжи да ги поддржува ваквите инвестиции, бидејќи тие директно влијаат на економскиот раст. Станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна и има близу 3.200 вработени, со план за нови 500 вработувања, во две фази. Кога ќе биде завршен објектот, ќе се отворат нови 300 работни места, догодина се планира нови 200 вработени и ќе се заокружи една бројка од 3.700 вработени. Премиерот истакна дека новите објекти на „Амфенол“ ќе бидат опремени со висока технологија, што е клучно за зголемување на додадената вредност на производите и за позитивно влијание врз бруто домашниот производ. „Приходите оваа година, ќе се приближат до 200 милиони евра, што е огромна бројка и придонесува не само за локалната, туку и за општата државна економија“, додаде Мицкоски. Тој нагласи дека Владата ја гледа компанијата како стратешки партнер и вети дека финансиски ќе ги поддржи идните инвестиции, вклучително и плановите за проширување во други градови. Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило. Против едно лице, државјанин на Косово, Одделението за истраги во Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“. Станува збор за аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори во стаклени вијали, кои биле во рефузна состојба, односно без оригиналното пакување, како и без соодветни дозволи и сертификати од надлежни институции. За да избегне царинска контрола, сторителот лековите ги наредил во редови и ги скрил меѓу патнички перничиња за врат, сместени во три картонски кутии. Со ваквиот начин на транспорт се загрозува безбедноста на граѓаните, бидејќи лекови кои не се соодветно декларирани, складирани, транспортирани и без соодветни дозволи и сертификати можат да претставуваат сериозен ризик по здравјето. По брзата реакција на инспекторите, кои работеа на случајот во текот на изминатото деноноќие, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија, од каде што е изречена мерка за одземање на лековите. Политичката партија Левица денес излезе со обвинување за наводен скандалозен тендер, вреден 2 милиони евра, доделен од АД ЕСМ на фирмата „Пуцко Петрол“. Според Левица, ова се случило и покрај тоа што против сопственикот на „Пуцко Петрол“ се води судска постапка за криминал поврзан со набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Во својата објава, Левица посочува дека тендерот за набавка на нафтени деривати за РЕК Битола и ТЕЦ Неготино е доделен од страна на актуелниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев. Партијата го доведува во прашање постапувањето на раководството на ЕСМ, нагласувајќи дека фирмата е поврзана со ДУИ, а нејзиниот сопственик е осомничен заедно со Ратко Капушевски. Дополнително, во истата истрага се опфатени и поранешни високи функционери од ЕСМ. Левица истакнува дека потписници на овој тендер се и директорот на Секторот за комерцијални работи, Виктор Јовановски, и директорот на Секторот за финансиски работи, Иван Стојановски. Партијата ја повикува ВМРО-ДПМНЕ, чии кадри се на раководни позиции во ЕСМ, да побара одговорност од нивните директори и да испита дали тендерот е доделен согласно законските прописи. Во објавата се споменува и претходен случај каде ЕСМ доделил тендер на фирмата „Руд Коп“, која исто така е под истрага за криминал во РЕК Битола. Левица прашува дали ЕСМ и овој пат ќе ја демантираат спорноста на тендерот, како што направија и во случајот со „Руд Коп“. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денес објави дека државата добила важен арбитражен спор во случајот познат како „Казандол“. Со оваа пресуда се одбиени сите 15 основи по кои неколку инвеститори од рудникот Казандол во Валандово ја тужеа државата, барајќи отштета од 115 милиони евра. Николоски, како претседател на координативното арбитражно тело на Владата, истакна дека победата е резултат на нивната увереност во аргументите на државата. Тој објасни дека претходната Влада веќе го имала затворено случајот со завршни зборови на 18 јануари 2023 година. Сепак, со доаѓањето на новата Влада, тие побарале повторно отворање на случајот. Според Николоски, откако тужителите сфатиле дека немаат силни аргументи, понудиле спогодба за помала отштета од 35 до 40 милиони евра. Оваа понуда била одбиена. „Ние таа спогодба ја одбивме затоа што бевме убедени во нашите аргументи и тоа излезе точно бидејќи го добивме случајот“, изјави министерот. Министерот Николоски изрази сомнеж за тоа дали овие спорови се отворани како резултат на договор меѓу инвеститорите и одредени членови на претходната власт Владата одлучи да започне со подготвителните активности за комплетна реконструкција на железничката пруга од Скопје до Кичево. Според министерот за транспорт, Александар Николоски, пругата е моментално во лоша состојба и не е во функција. Проектот предвидува целосна реконструкција, поставување на современа сигнализација и електрификација на целата делница, со што ќе се овозможи сообраќање на електрични возови, за разлика од досегашната состојба кога можеа да сообраќаат само дизел возови. Ова ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу градовите Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево. За проектот веќе се разговарало со Европската Унија, која ќе обезбеди грант од 5,3 милиони евра. Овие средства се наменети за изработка на студии за изводливост, анализа на трошоци и придобивки, идејни проекти, проценка на влијанието врз животната средина и нацрт-текст за апликација за инвестициски грант. Водечка финансиска институција за проектот ќе биде Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која ќе избере консултантска фирма за изработка на студиите. Рокот за нивна изработка е 18 месеци, по што ќе се премине на втората фаза, односно на теренска работа. Индикативната цена за делницата од Скопје до Гостивар се проценува на околу 4 милиони евра по километар. Министерството за дигитална трансформација најави почеток на целосен редизајн и модернизација на Националниот електронски систем за управување со документи (еДМС). Целта на овој амбициозен проект е да се создаде стабилен, безбеден и целосно интегриран систем кој ќе ја подобри комуникацијата меѓу граѓаните и институциите. Министерството информира дека затекнатата состојба на системот била незадоволителна. Во изминатите две години, системот немал техничка поддршка, а недостасувале и воспоставени стандарди за сајбер-безбедност. Ова довело до чести прекини и падови, а неговата употреба била ограничена на само 20 институции, главно за архивирање документи. Според планот, граѓаните наскоро ќе можат во реално време да го следат статусот на своите предмети. Системот ќе овозможи целосна електронска обработка на процесите, со автоматско создавање документи (решенија, известувања, сертификати) кои ќе бидат потпишани со електронски потпис и печат. За зголемена сигурност, ќе биде воведена двофакторска автентикација, а ќе се воспостави и интеграција со ERP систем за размена на податоци. Министерството за дигитална трансформација ќе служи како пилот-министерство, со целосно исклучување на хартијата од 1 октомври. Потоа, опфатот ќе се прошири со вклучување на нови институции, министерства, агенции и јавни претпријатија. Веќе е започнат процесот на вклучување на 5 нови институции. За граѓаните, ова ќе значи побрза и поефикасна администрација, поголема транспарентност и намалена бирократија. Институциите ќе добијат интегрирана платформа која ќе ги намали грешките и ќе ги оптимизира ресурсите, додека државата ќе се усогласи со европските стандарди. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави: „еДМС е темелот на дигиталната администрација. Нашата цел е да обезбедиме систем кој конечно ќе работи за граѓаните и институциите, со приоритет на безбедноста, довербата и корисноста.“