Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Здружението на инженери со реакција: РКЕ не ја укина месечната давачка од 200 денари за пристап до електродистрибутивната мрежа
Здружението на инженери со реакција: РКЕ не ја укина месечната давачка од 200 денари за пристап до електродистрибутивната мрежа
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на седницата одржана на 27 ноември го донесе новиот Тарифен систем за дистрибуција на електрична енергија, притоа задржувајќи ги одредбите за надоместокот за пристап до електродистрибутивниот систем. Ова следува и покрај официјално поднесената забелешка од Здружението на Инженери на Република Македонија (ИНРМ), која беше поддржана од повеќе од 2.700 граѓани и членови. Во својата објава, ИНРМ потсетува и на јавното ветување на ВМРО-ДПМНЕ, дадено преку тогашниот претседател на Комисијата за енергетика, а сегашен член на РКЕ, Елена Маркова-Велинова, дека укинувањето на оваа давачка ќе биде првата мерка на партијата. Тие започнуваат нова акција за собирање на поддршка, со цел да испратат официјално барање до членовите на Регулаторната комисија за енергетика.
Општина Бутел започна со уривање на дивоградба во Визбегово
Општина Бутел започна со уривање на дивоградба во Визбегово
Општина Бутел во координирана акција со Министерството за внатрешни работи, рано утринава спроведе акција за отстранување на бесправно изграден објект и узурпација на државно земјиште во населеното место Визбегово. Градоначалникот упати порака дека нема да толерира прекршувања на прописите во општината. Тој потенцираше дека законот ќе важи за сите подеднакво, без отстапки, сѐ додека тој е на чело на општината. „Во општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпации на државно земјиште. Јас работам во интерес на моите сограѓани, постапувам и сум на страна на чесните луѓе. За мене додека сум градоначалник сите граѓани ќе бидат исти и еднакви.“ - додаде Костовски. По отстранувањето на објектот, ќе следат и соодветни пријави против лицата кои бесправно граделе и го узурпирале државното земјиште.
Германската компанија Heidelberg Postpress со потенцијална инвестиција во ТИРЗ: Скопје и Штип се можни локации
Германската компанија Heidelberg Postpress со потенцијална инвестиција во ТИРЗ: Скопје и Штип се можни локации
Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) најави потенцијална нова странска директна инвестиција од германската технолошка компанија Heidelberg Postpress. Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, денеска оствари средба со Матиас Лаубенштајн, директор на Heidelberg Postpress, при што се разгледуваа можностите за отворање нов производствен погон во Македонија. Компанијата изрази интерес за инвестирање во рамките на зоните, при што како потенцијални локации беа разгледани ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип. На средбата, директорот Димовски ги презентираше можностите и поволностите што ги нуди Македонија, нагласувајќи ја стратешката локација и даночните олеснувања достапни за инвеститорите. Матијас Лаубенштајн посочи дека стабилната деловна средина, пристапот до квалификувана работна сила и транспарентната поддршка од институциите се клучни фактори во нивната анализа за избор на нова локација. Heidelberg Postpress е компанија која работи во областа на машинското инженерство. Ги снабдува компаниите со пакување и дигитално печатење, софтверски решенија, услуги и потрошен материјал. Компанијата моментално се фокусира на проширување во нови деловни области како што се високо прецизно инженерство на постројки со интегрирана контрола, технологија за автоматизација и роботика, како и растечките зелени технологии. Доколку оваа инвестиција се реализира, ќе придонесе во отворање на нови работни места и пренесување на напредните германски технологии и стандарди во македонската економија.
Предложен притвор за сопственикот на кравите и двете негови ќерки во кривопаланечко
Предложен притвор за сопственикот на кравите и двете негови ќерки во кривопаланечко
Основното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица – татко и неговите две ќерки поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Осомничените, како соизвршители, на 2 декември со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), кои биле со полициска асистенција, да спроведат правосилно и извршно решение за одземање на домашен крупен добиток. Јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите три лица. Според Обвинителството, од однесувањето на осомничените произлегува дека тие подолг временски период го малтретираат месното население и соседите, и покрај сите досега преземени активности од надлежните државни органи, а сега започнале и со дејствија на спречување на вработени во надлежните инспекциски служби на АХВ и униформирани полициски службеници.
Царинската управа спречи шверц на 5.200 штеки цигари на граничниот премин „Ново Село“
Царинската управа спречи шверц на 5.200 штеки цигари на граничниот премин „Ново Село“
Секторот за контрола и истраги при Царинската управа успешно откри и спречи обид за шверц на вкупно 5.200 штеки цигари, спакувани во 104 пакети. Случајот е откриен на граничниот премин „Ново Село“, каде камион пријавен како празен на излез од државата бил селектиран за детален царински преглед. Инспекторите од Одделението за оперативни работи, во полуприколката ладилник открија специјално конструиран бункер со преграда каде биле сокриени цигарите. По спроведените истражни дејствија од страна на Одделението за истраги, поднесена е кривична пријава против возачот, кој е српски државјанин. Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека борбата со царински измами и спречувањето на обиди за шверц на тутун и тутунски производи е една од клучните обврски, нотирани и во извештајот на Европската Комисија, на која управата е целосно посветена. Николовски нагласи дека годинава, заклучно со 30 ноември, Царинската управа по основ на увоз на тутун и тутунски производи наплатила 15,3 милијарди денари, што претставува раст од 10% во однос на минатата година. Кумулативно, заклучно со 30 ноември, годинава се наплатени приходи од 1,95 милијарди евра, што е за 86,9 милиони евра повеќе од лани истиот период, забележувајќи раст од 4,7%. Раст е регистриран по сите основи: Приходите од наплата на царина со раст од 15,1%, од ДДВ при увоз 3,2% раст, од Данокот на моторни возила (ДМВ) од 10,9% и од акциза 4,6%.
Општина Центар започна со поставување на уреди за мерење бучава
Општина Центар започна со поставување на уреди за мерење бучава
Општина Центар започна со поставување на уреди на 30 критични локации низ општината, чија примарна цел е континуирано следење на нивото на бучава и алармирање во моментите кога се надминуваат дозволените граници. Веќе се поставени 19 уреди во неколку клучни и фреквентни делови на Центар. Уредите се активни во Дебар Маало, на улиците „Орце Николов“, „Мирослав Крлежа“ и „Отон Жупанчиќ“, како и на двете локации на „Боемска“. Во следниот период, проектот ќе продолжи со поставување на уредите и на други важни локации кои се идентификувани како критични зони за бучава. Следни локации опфатени со овој паметен систем ќе бидат улиците „Ленинова“, населбите Капиштец и Буњаковец, „Кеј 13 Ноември“ и локалитетот „Кале“. Градоначалникот Герасимовски потенцираше дека Општина Центар продолжува да воведува современи решенија кои се насочени кон обезбедување помирен и поудобен живот за граѓаните.
ЕУ постигна договор за целосно укинување на увозот на руски гас
ЕУ постигна договор за целосно укинување на увозот на руски гас
Европскиот парламент го формализираше и потврди клучниот договор со Советот на ЕУ за постепено укинување на увозот на руски природен гас. Европскиот парламент го формализираше и потврди клучниот договор со Советот на ЕУ за постепено укинување на увозот на руски природен гас. Договорот предвидува забрана на течен природен гас (ЛНГ) кој ќе започне со влегувањето во сила на регулативата на почетокот на 2026 година. Забраната за гасот што се испорачува преку гасоводи ќе стапи на сила од 30 септември 2027 година. За да се спречат обидите за заобиколување на правилата, договорениот текст предвидува максимални казни за операторите кои ги прекршуваат одредбите. Дополнително, операторите ќе мора да доставуваат построги и подетални докази до царинските власти за земјата на потекло на гасот пред неговиот увоз. Овој забрзан временски распоред, особено за гасоводот, е резултат на притисокот од европратениците за што побрзо намалување на зависноста од Русија. Исто така, Европската Комисија ќе подготви законски предлог за целосна забрана на увоз на руска нафта. Комисијата треба да го претстави предлогот на почетокот на 2026 година, со цел забраната за нафта да биде ефективна најдоцна до крајот на 2027 година.
Казнети десет осигурителни компании за картелско здружување - договарале цена на полиса за осигурување од автомобилска одговорност
Казнети десет осигурителни компании за картелско здружување - договарале цена на полиса за осигурување од автомобилска одговорност
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди постоење на усогласено однесување, односно картел, помеѓу десет осигурителни компании на пазарот за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. Според Комисијата, казнети се следниве компании: „Еуроинс Осигурување АД Скопје“, „Триглав Осигурување АД Скопје“, „АД Македонија Скопје - Виена Иншуренс Груп“, „Сава Осигурување АД Скопје“, „Еуролинк АД Скопје“, „Граве АД Скопје“, „Уника АД Скопје“, „АД Осигурителна Полиса Скопје“, „Халк Осигурување АД Скопје“ и „Кроација Осигурување АД Скопје“. Во текот на постапката, од КЗК утврдиле дека во периодот од 1 март до 7 мај, компаниите разменувале чувствителни информации и ги координирале своите активности. Како резултат на тоа, во исклучително краток рок, донеле идентични или усогласени одлуки за зголемување на делот од премијата наменет за вршење дејност, познат како режиски додаток. Според Законот за заштита на конкуренцијата, ваквото однесување претставува најтешка форма на повреда – ограничување на конкуренцијата „по своја цел“. Размената на информации и паралелното донесување на ценовни одлуки ја заменила независната деловна политика со координирано колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането. Врз основа на утврдените факти, Комисијата изрече прекршочни санкции - глоби во вкупен износ од 17.266.930 денари (околу 280.000 евра). Од КЗК нагласија дека остануваат посветени на заштита на фер пазарните услови, спречување на картели и обезбедување на конкурентна средина во интерес на потрошувачите и стопанството.
Нови 12,7 милиони евра за компаниите: Пласирана нова транша од унгарскиот кредит преку Развојната банка
Нови 12,7 милиони евра за компаниите: Пласирана нова транша од унгарскиот кредит преку Развојната банка
Министерството за финансии денеска објави дека е извршена исплата на нова транша во износ од 785 милиони денари (околу 12,7 милиони евра) кон Развојната банка, наменета за директна поддршка на инвестицискиот циклус во домашните компании. Со префрлањето на оваа транша, вкупниот износ што државата го има инјектирано во приватниот сектор за поттикнување инвестиции надмина 200 милиони евра. Претходно, преку шесте исплатени транши се пласирани 190,5 милиони евра. Овие средства се дел од поголем инвестициски пакет во вкупен износ од околу 300 милиони евра, чиј износ за 2025 година беше проектиран на ниво од 250 милиони евра. Средствата се обезбедени по поволни услови од Унгарската експорт-импорт банка и по поволни услови се пласираат кон крајните корисници, односно домашните компании. Каматната стапка за овие заеми изнесува 1,95% на годишно ниво, со рок на отплата до 15 години и грејс-период до 3 години.
Предупредување од Бигорскиот манастир: Се злоупотребува името на манастирот за продажба на лажни лекови
Предупредување од Бигорскиот манастир: Се злоупотребува името на манастирот за продажба на лажни лекови
Бигорскиот манастир објави демант и предупредување до јавноста по повод појавата на лажни интернет-страници и спонзорирани објави на социјалните мрежи, кои го злоупотребуваат името и угледот на манастирот и монашкото братство за продажба на сомнителни медицински препарати. Братството јавно реагираше откако измамници почнаа лажно да тврдат дека монасите од манастирот наводно измислиле или произведуваат чудотворни лекови и масти за зглобови и коски, наведувајќи го препаратот „BoneControl“. Од манастирот изјавија дека немаат никаква поврзаност со овие производи. Братството нагласи дека тие не произведуваат, не рекламираат и не продаваат ваков вид на медицински препарати. Од Бигорски нагласуваат дека станува збор за класична интернет измама, чија цел е финансиски профит преку манипулација со довербата што верниците ја имаат во Црквата. Граѓаните се предупредуваат да не ги оставаат своите лични податоци (име, адреса, телефон) на овие сомнителни веб-страници. Овие лекови се со непознато потекло и состав и можат да бидат опасни по здравјето. Единствените автентични производи на манастирот може да се најдат исклучиво во манастирската продавница или преку нивните официјални канали за комуникација. Од Бигорскиот манастир најавија дека за оваа злоупотреба ќе бидат известени и надлежните органи за компјутерски криминал.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk