Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Казнети десет осигурителни компании за картелско здружување - договарале цена на полиса за осигурување од автомобилска одговорност
Казнети десет осигурителни компании за картелско здружување - договарале цена на полиса за осигурување од автомобилска одговорност
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди постоење на усогласено однесување, односно картел, помеѓу десет осигурителни компании на пазарот за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. Според Комисијата, казнети се следниве компании: „Еуроинс Осигурување АД Скопје“, „Триглав Осигурување АД Скопје“, „АД Македонија Скопје - Виена Иншуренс Груп“, „Сава Осигурување АД Скопје“, „Еуролинк АД Скопје“, „Граве АД Скопје“, „Уника АД Скопје“, „АД Осигурителна Полиса Скопје“, „Халк Осигурување АД Скопје“ и „Кроација Осигурување АД Скопје“. Во текот на постапката, од КЗК утврдиле дека во периодот од 1 март до 7 мај, компаниите разменувале чувствителни информации и ги координирале своите активности. Како резултат на тоа, во исклучително краток рок, донеле идентични или усогласени одлуки за зголемување на делот од премијата наменет за вршење дејност, познат како режиски додаток. Според Законот за заштита на конкуренцијата, ваквото однесување претставува најтешка форма на повреда – ограничување на конкуренцијата „по своја цел“. Размената на информации и паралелното донесување на ценовни одлуки ја заменила независната деловна политика со координирано колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането. Врз основа на утврдените факти, Комисијата изрече прекршочни санкции - глоби во вкупен износ од 17.266.930 денари (околу 280.000 евра). Од КЗК нагласија дека остануваат посветени на заштита на фер пазарните услови, спречување на картели и обезбедување на конкурентна средина во интерес на потрошувачите и стопанството.
Нови 12,7 милиони евра за компаниите: Пласирана нова транша од унгарскиот кредит преку Развојната банка
Нови 12,7 милиони евра за компаниите: Пласирана нова транша од унгарскиот кредит преку Развојната банка
Министерството за финансии денеска објави дека е извршена исплата на нова транша во износ од 785 милиони денари (околу 12,7 милиони евра) кон Развојната банка, наменета за директна поддршка на инвестицискиот циклус во домашните компании. Со префрлањето на оваа транша, вкупниот износ што државата го има инјектирано во приватниот сектор за поттикнување инвестиции надмина 200 милиони евра. Претходно, преку шесте исплатени транши се пласирани 190,5 милиони евра. Овие средства се дел од поголем инвестициски пакет во вкупен износ од околу 300 милиони евра, чиј износ за 2025 година беше проектиран на ниво од 250 милиони евра. Средствата се обезбедени по поволни услови од Унгарската експорт-импорт банка и по поволни услови се пласираат кон крајните корисници, односно домашните компании. Каматната стапка за овие заеми изнесува 1,95% на годишно ниво, со рок на отплата до 15 години и грејс-период до 3 години.
Предупредување од Бигорскиот манастир: Се злоупотребува името на манастирот за продажба на лажни лекови
Предупредување од Бигорскиот манастир: Се злоупотребува името на манастирот за продажба на лажни лекови
Бигорскиот манастир објави демант и предупредување до јавноста по повод појавата на лажни интернет-страници и спонзорирани објави на социјалните мрежи, кои го злоупотребуваат името и угледот на манастирот и монашкото братство за продажба на сомнителни медицински препарати. Братството јавно реагираше откако измамници почнаа лажно да тврдат дека монасите од манастирот наводно измислиле или произведуваат чудотворни лекови и масти за зглобови и коски, наведувајќи го препаратот „BoneControl“. Од манастирот изјавија дека немаат никаква поврзаност со овие производи. Братството нагласи дека тие не произведуваат, не рекламираат и не продаваат ваков вид на медицински препарати. Од Бигорски нагласуваат дека станува збор за класична интернет измама, чија цел е финансиски профит преку манипулација со довербата што верниците ја имаат во Црквата. Граѓаните се предупредуваат да не ги оставаат своите лични податоци (име, адреса, телефон) на овие сомнителни веб-страници. Овие лекови се со непознато потекло и состав и можат да бидат опасни по здравјето. Единствените автентични производи на манастирот може да се најдат исклучиво во манастирската продавница или преку нивните официјални канали за комуникација. Од Бигорскиот манастир најавија дека за оваа злоупотреба ќе бидат известени и надлежните органи за компјутерски криминал.
Македонија располага со околу 6,9 тони монетарно злато, пазарната вредност изнесува приближно 800 милиони евра
Македонија располага со околу 6,9 тони монетарно злато, пазарната вредност изнесува приближно 800 милиони евра
Народната банка потврди дека квалитетот и безбедноста на македонските златни резерви, кои се чуваат во Трезорот на Банката на Англија во Лондон, се на највисоко ниво. Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, заедно со својот тим оствари работна посета на Трезорот како дел од вообичаените активности на централните банки за обезбедување највисоки стандарди на сигурност и безбедност при чувањето на монетарното злато. Македонија располага со околу 6,9 тони монетарно злато, чија тековна пазарна вредност изнесува приближно 800 милиони евра. Златото се чува во Трезорот на Банката на Англија во алоцирана форма, претставувајќи маркирани златни прачки кои во целост го исполнуваат строгиот стандард на пазарот на злато во Лондон (London Good Delivery Standard). Овој стандард подразбира прачки со содржина на злато од најмалку 99,5% и тежина од околу 12 килограми. За време на увидот, беше презентиран примерок од златните прачки во сопственост на земјата. Гувернерот и неговиот тим извршија визуелна проверка, при што беше потврдено дека примероците одговараат на сериските броеви и дека се со правилна форма, согласно утврдените стандардни спецификации. Одлуката златото да се чува во Банката на Англија е донесена уште во 2010 година, поради сигурноста и флексибилноста што ги нуди инфраструктурата на оваа централна банка, како и пристапноста до пазарот на Лондон, кој е најголем пазар со злато во светот. Банката на Англија се грижи за над 400.000 златни прачки вредни милијарди фунти, чувајќи ги под највисоки безбедносни стандарди за владите, централните и првокласните странски деловни банки ширум светот. Народната банка истакна дека поради исполнувањето на високите стандарди и пристапноста до учесниците на пазарот во Лондон, ова злато може да се искористи за остварување дополнителни монетарни приходи. Тоа би можело да се реализира преку пласмани на краткорочни депозити и склучување трансакции со злато со првокласни странски банки, особено при поволни пазарни услови и покрај неговата значителна ценовна апрецијација.
Србија пред енергетски предизвик: САД не ја продолжија лиценцата за снабдување на НИС со нафта
Србија пред енергетски предизвик: САД не ја продолжија лиценцата за снабдување на НИС со нафта
Србија се соочува со сериозни енергетски предизвици откако Владата на САД не даде зелено светло за лиценца која е клучна за продолжување на снабдувањето со нафта за рафинеријата во Панчево. Рафинеријата е дел од Нафтената индустрија Србија (НИС), во која мнозински сопственик е рускиот „Гаспромнефт“. Ова го соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по состанокот со тимовите задолжени за енергетската стабилност и безбедност на земјата. Иако српската страна очекуваше позитивен одговор, сепак тој изостана. Претседателот ја истакна обврската да се прифати оваа одлука како факт, иако изрази неразбирање за неа. Вучиќ нагласи дека ситуацијата е резултат на геополитичките интереси. Дополнителен проблем е ставот на руската страна која не сака да го продаде НИС, што според Вучиќ е исклучиво политичка одлука и нивно право. Вучиќ потсети дека од воведувањето на санкциите поминаа 54 дена. Тој изрази задоволство што граѓаните не забележале никакви проблеми во снабдувањето со гориво, што го оцени како доказ за одговорноста и сериозноста на државата. Србија ќе има доволно гориво до крајот на јануари. Доколку дотогаш не се најде одржливо решение во преговорите, тој најави дека средината на јануари ќе биде пресечен рок за решавање на оваа ситуација.
Крај на шверцот во пратки: Нов скенер во поштата ќе детектира оружје, дрога и експлозиви
Крај на шверцот во пратки: Нов скенер во поштата ќе детектира оружје, дрога и експлозиви
Царинската управа денеска го презентираше најновиот додаток во својата опрема - софистициран скенер за поштенски пратки, инсталиран во Царинската испостава Пошта. Скенерот е опремен со вештачка интелигенција и ќе помага во борбата против шверцот на огнено оружје, дрога и експлозиви преку поштенски пратки. Капацитетот за скенирање е стотици пратки во минута, користејќи ја вештачката интелигенција за прецизна детекција на забранети предмети. „Скенерот за поштенски пратки е од големо значење во заедничката борба против тероризмот, спречување пролиферација на мало и лесно оружје и недозволената трговија со дрога.“ - истакна директорот Николовски. Тој нагласи дека во Царинската испостава Пошта, каде што е поставен скенерот, годинава поминале над 100.000 пратки. Овој скенер е донација од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал во рамки на проектот Хермес 2, чија цел е спречување пролиферација на огнено оружје и експлозиви преку поштенски пратки во земјите од Западен Балкан. Николовски се заблагодари на UNODC, како и на земјите-донатори: Германија, Шведска, Холандија, Франција, Обединетото Кралство и Норвешка за нивната севкупна поддршка во борбата против организираниот криминал, потенцирајќи дека донацијата е силен доказ за заедничката посветеност на државите во справувањето со криминалот на меѓународно ниво. Киро Цветков од UNODC истакна: „Еден од најчестите начини на криумчарење оружје е преку испраќање на нивни делови и компоненти во поштенски пратки. Со вградената вештачка интелигенција, скенерот става акцент на деловите и компонентите, препознавајќи ги и детектирајќи ги сомнителните пратки.“ Тој додаде дека институциите работат на измени на Законот за кривична постапка, кои ќе овозможат употреба на посебни истражни мерки, како што е симулирана достава, за делата поврзани со делови и компоненти на огнено оружје.
УЈП: Повратот на средства од МојДДВ продолжува, технички проблем ја забави исплатата за дел од граѓаните
УЈП: Повратот на средства од МојДДВ продолжува, технички проблем ја забави исплатата за дел од граѓаните
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенираните сметки во третиот квартал продолжува и не е прекинат или откажан, како што можеби се појавија шпекулации во јавноста. Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенираните сметки во третиот квартал продолжува и не е прекинат или откажан, како што можеби се појавија шпекулации во јавноста. Имено, доколку во една пратка постои дури и само еден корисник кој извршил промена на банка или трансакциска сметка, целиот налог системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон ниту еден корисник кој е дел од истата пратка. Овој предизвик е веќе идентификуван, а надлежните служби интензивно работат на негово надминување со цел да се обезбеди точна и правична исплата за сите граѓани. Исплатата за корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, додека за оние кои се соочуваат со техничкиот застој, средствата ќе бидат реализирани веднаш по завршување на целокупната преработка. УЈП упатува апел до граѓаните: доколку вршат промена на банка или трансакциска сметка, потребно е веднаш да направат ажурирање на податоците во системот. Со тоа, ќе се избегнат вакви ситуации во иднина и ќе се овозможи навремена исплата за сите корисници на мерката.
ССМ: Доколку не се зголеми минималецот, работниците се спремни да протестираат и да штрајкуваат
ССМ: Доколку не се зголеми минималецот, работниците се спремни да протестираат и да штрајкуваат
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) упати предупредување до надлежните институции, најавувајќи протести и штрајкови доколку не биде прифатено барањето на работниците за зголемување на минималната плата. Според последното истражување на ССМ, работниците сметаат дека минималната плата треба да се движи помеѓу 600 и 700 евра, што подразбира зголемување од најмалку 200 до 300 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека иако некои експерти заговараат промена на методологијата, решението кое се нудеше пред 2022 година значеше годишен раст на минималецот од само 100, 200 или 500 денари. Тој потсети дека доколку ССМ не протестираше во 2022 година за промена на методологијата и за зголемување на минималната плата, по старите параметри (една третина од просечната плата, инфлација и БДП), минималецот во 2026 година би изнесувал само 20.682 денари, што е за 5.379 денари помалку од она што евентуално ќе се усогласи. Трендафилов потенцираше дека со сегашната минимална плата земјата е на дното, а со враќање на старите параметри ќе го пробиеме и дното. Поради ова, тој ги предупреди надлежните дека доколку не се зголеми минималецот согласно барањата на работниците, тие се спремни да протестираат и да штрајкуваат.
Од полноќ поевтинува дизелот за еден денар, цената на бензините останува иста
Од полноќ поевтинува дизелот за еден денар, цената на бензините останува иста
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,1% во однос на одлуката од 27.11.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,2%, кај дизелот за 3,3%, кај екстра лесното масло за 2,3% и кај мазутот за 4,4%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0096%. Од 2.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-95) - 75,00 (денари/литар). - Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-98) - 77,00 (денари/литар). - Дизел гориво (ЕУРОДИЗЕЛ БС Д-Е V) - 69,50 (денари/литар). - Масло за горење (Екстра лесно 1) - 66,50 (денари/литар). - Мазут (М-1 НС) - 33,963 (денари/килограм). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот (М-1 НС) се намалува за 0,902 ден/кг и сега ќе изнесува 33,963 ден/кг. Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Бројот на работници во индустријата е намален за 2,8% во октомври
Бројот на работници во индустријата е намален за 2,8% во октомври
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека бројот на работници во индустријата во октомври е намален за 2,8% во споредба со истиот месец лани. Овој негативен тренд е забележан во секторот Рударство и вадење на камен кадешто намалувањето изнесува 2,8%, во секторот Преработувачка индустрија има пад од 2,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има намалување за 1%. Според главните индустриски групи, најголем пад во бројот на работниците во однос на октомври лани е регистриран во групата Капитални производи со намалување од 5,6%, потоа следат Нетрајни производи за широка потрошувачка со 3,1%, Енергија со 2,1% и Интермедијарни производи, освен енергија со 0,3%. Зголемување на бројот на работници има во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4,6%. За периодот јануари-октомври, бројот на работниците во индустријата бележи намалување од 3,6% во однос на истиот период претходната година.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk