Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Владата потпиша договори од 100 милиони евра за изградба на фотонапонска електрана и ревитализација на хидроелектраните
Владата потпиша договори од 100 милиони евра за изградба на фотонапонска електрана и ревитализација на хидроелектраните
Премиерот Христијан Мицкоски, најави нов голем инвестициски циклус во енергетскиот сектор вреден речиси 100 милиони евра. Со потпишувањето на договорите за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните, државата го зацврстува патот кон енергетска независност и стабилност. Вкупната вредност на овие стратешки проекти изнесува 97 милиони евра. Финансиската конструкција е обезбедена преку меѓународните партнери, при што 50 милиони евра од КФВ Банката се наменети за фотонапонската електрана „Битола 3“, додека дополнителни 37 милиони евра за истиот проект се обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Преостанатите 10 милиони евра се инвестираат во модернизација на хидропотенцијалите на земјата. Премиерот Мицкоски истакна дека енергетиката во современиот свет е прашање од суштинско значење за националната безбедност и економската конкурентност. Според него, сопствениот и стабилен енергетски систем е клучен предуслов за отпорност на економски и геополитички предизвици. Со изградбата на „Битола 3“, државата ќе ја намали зависноста од увоз и ќе се создадат услови за пониски трошоци на долг рок. Третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните има за цел да ја зголеми ефикасноста и да го продолжи работниот век на овие капацитети. Овие проекти се очекува да поттикнат дополнителен економски развој преку ангажман на домашната индустрија и отворање нови работни места.
Косините на автопатот Кичево-Охрид се стабилизираат со сложен инженерски зафат кој за првпат се изведува во регионот
Косините на автопатот Кичево-Охрид се стабилизираат со сложен инженерски зафат кој за првпат се изведува во регионот
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, и градоначалници од регионот, денеска извршија увид во градежните работи на автопатската делница Кичево-Охрид. Во фокусот на активностите е решавањето на најкритичните точки преку сложени инженерски зафати за стабилизација на косините и земјиштето кои досега не се применети во овој обем. Министерот Николоски најави дека на најтешкиот дел од трасата се применуваат иновативни методи кои се изведуваат за првпат во регионот. Тој објасни дека се работи на пробивање на планини каде косините достигнуваат висина од 100 до 200 метри, а земјиштето постојано се спушта кон главната траса. Вкупно се решаваат 16 косини, а на 14 од нив ќе бидат изградени таканаречени галерии од армиран бетон со кои буквално ќе се зацврсти целата планина за да се овозможи трајна стабилност. Директорот Коце Трајановски истакна дека на терен веќе се вршат интензивни подготовки за понатамошните градежни активности со цел поголем дел од автопатот да биде функционален и ставен во употреба за полесно патување до Охрид.
Алкалоид ќе ја заврши годината со приходи од над 335 милиони евра и рекорден извоз од над 220 милиони евра
Алкалоид ќе ја заврши годината со приходи од над 335 милиони евра и рекорден извоз од над 220 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети фармацевтската компанија „Алкалоид“, каде заедно со генералниот директор Живко Мукаетов официјално ја пуштија во употреба новата микробиолошка лабораторија. Оваа капитална инвестиција од 3,1 милион евра е насочена кон зајакнување на контролата на квалитетот и зголемување на конкурентноста на компанијата на светските пазари. Новиот објект значително ги проширува капацитетите за микробиолошки анализи на суровини, полупроизводи и готови производи. Директорот Мукаетов објасни дека лабораторијата е опремена за извршување на над 20 илјади анализи годишно. Премиерот Мицкоски, изрази големо задоволство од она што го видел во компанијата, нагласувајќи дека ваквите македонски успешни приказни се најдобриот промотор на државата во светот. Тој истакна дека Владата секогаш ќе ги поддржува компаниите кои вложуваат во развој, посочувајќи дека во Алкалоид својата иднина ја градат над 3.000 вработени. Тој додаде дека фактот што две третини од портфолиото на компанијата се извезува, директно влијае врз растот на бруто-домашниот производ и на целокупното индустриско производство во земјата. И покрај бројните предизвици во текот на оваа година, Алкалоид бележи исклучителни деловни резултати. Мукаетов информираше дека 2025 година ја завршуваат со остварувања над планираното, постигнувајќи вкупни приходи од над 335 милиони евра и рекорден консолидиран извоз од над 220 милиони евра.
Промовирани е-Киоск за вадење документи на терминал и е-Сандаче за официјална комуникација со државата
Промовирани е-Киоск за вадење документи на терминал и е-Сандаче за официјална комуникација со државата
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се обратија на конференцијата за промоција на националната ИКТ Стратегија СМАРТ/МК 2030. Во своето излагање, министерот Андоновски нагласи дека дигиталната трансформација не е само концепт, туку процес што се реализира преку конкретни и мерливи решенија дизајнирани директно да го подобрат секојдневието на сите граѓани, без разлика на нивните дигитални вештини или пристапот до технологија. Како клучни столбови на овој процес беа промовирани терминалите за услуги, познати како е-Киоск, и системот е-Сандаче. Терминалите е-Киоск се претставени како практично решение за дигитална инклузија кое ќе биде достапно 24 часа, седум дена во неделата. Овие уреди ќе бидат поставени на фреквентни локации низ целата држава, овозможувајќи им на граѓаните со лична карта или пасош веднаш да извадат и испечатат потребни документи. Овој проект е од особено значење за руралните средини, повозрасните лица и сите оние кои немаат постојан пристап до интернет, со што се премостува јазот во административните капацитети на општините. Паралелно со терминалите, министерот го образложи и значењето на е-Сандачето, кое претставува официјален и безбеден дигитален канал за комуникација меѓу државата и граѓаните. За разлика од обичната електронска пошта, е-Сандачето е правно валиден систем за прием на службени решенија, документи и известувања со потврда за прием. Системот овозможува нотификации во реално време и следење на статусот на предметите, што значително ја забрзува административната комуникација и го елиминира чекањето на шалтери. Заклучувајќи го своето обраќање, Андоновски потенцираше дека преку документот за менаџмент системите, интероперабилноста и новите дигитални алатки, државата спроведува темелна и европска дигитална трансформација. Целта на овие реформи е создавање на ефикасна и достапна дигитална држава која ќе биде во служба на секој поединец, обезбедувајќи брзи и транспарентни услуги за сите.
Од денеска цената на бензините се намалува за два денари
Од денеска цената на бензините се намалува за два денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 15.12.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,021%, кај дизелот за 3,929%, кај екстра лесното масло за 3,168% и кај мазутот намалувањето е за 0,401%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6378%. Од денеска максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР (БС-95) - 71,00 (денари/литар). - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР (БС-98) - 73,00 (денари/литар). - Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ (БС Д-Е V) - 66,50 (денари/литар). - Масло за горење (Екстра лесно 1) - 65,50 (денари/литар). - Мазут (М-1 НС) - 32,635 (денари/килограм). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот (М-1 НС) не се менуваат. Од РКЕ напоменуваaт дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Во Битола се отвори Почесен конзулат на Република Австрија
Во Битола се отвори Почесен конзулат на Република Австрија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола. За нов почесен конзул е именуван Игор Божиновски, кој ќе има задача да ги зајакнува економските и културните врски во регионот. Во своето обраќање, министерот Муцунски потенцираше дека отворањето на конзулатот токму во Битола е симбол на продолжување на богатата дипломатска и конзуларна традиција на градот. Тој ја означи Австрија како клучен и доверлив партнер, нагласувајќи дека двете земји се цврсто поврзани преку заеднички вредности и стратешки интереси за мир и просперитет. Министерот потсети дека Австрија е еден од најголемите странски инвеститори во земјата и континуиран поддржувач на македонската европска перспектива. Муцунски изрази уверување дека новиот Почесен конзулат ќе функционира како дополнителен мост на соработка, придонесувајќи за конкретни резултати во економијата, туризмот и културната размена.
Кривична пријава против 33 лица за наместен тендер од 7,6 милиони евра во ЕСМ
Кривична пријава против 33 лица за наместен тендер од 7,6 милиони евра во ЕСМ
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Одделот за организиран криминал при МВР спроведоа полициска акција во која е разоткриена криминална шема поврзана со јавни набавки, со која буџетот на „ЕСМ Дистрибуција на топлина“ е оштетен за над 7,6 милиони евра. По координираните претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово, Неготино, Велес и неколку други градови, поднесена е кривична пријава против 33 физички и две правни лица, при што 11 лица се веќе лишени од слобода. Осомничените се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, местење тендери и перење пари во износ од над два милиони евра. Истрагата утврдила дека во текот на 2023 година, тројца вработени во „ЕСМ Дистрибуција“ заедно со управители на фирми од Скопје и Куманово формирале група на која подоцна и се приклучиле уште 26 лица. Тие ја изиграле постапката за набавка на специфична опрема, односно „СКАД мониторинг ормари“, на тој начин што однапред ги договориле техничките спецификации и понудите. Иако вредноста на набавката не била јавно објавена, фаворизираната фирма од Скопје доставила понуда речиси идентична со проценетата сума, додека фирмата од Куманово учествувала со фиктивна понуда со непотполна документација за да го олесни изборот на претходно договорениот победник. Судија на претходна постапка веќе прифати дел од предлозите на обвинителството, па така за седум лица е одреден притвор, додека за шестмина се изречени мерки за обезбедување присуство. Полицијата продолжува со активностите за пронаоѓање на лицата по кои сè уште се трага.
Трамп нареди поморска блокада на нафтените танкери кои се поврзани со Венецуела
Трамп нареди поморска блокада на нафтените танкери кои се поврзани со Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп најави ескалација на притисокот врз Каракас, наредувајќи целосна блокада на сите санкционирани нафтени танкери кои влегуваат или излегуваат од Венецуела. Трамп соопшти дека Венецуела е веќе опколена од најголемата поморска армада во историјата на Јужна Америка, која според него само ќе продолжи да расте. Според Трамп, „нелегитимниот режим“ во Венецуела ги користи парите од украдените нафтени полиња за финансирање на криминални активности. Блокадата според најавите, ќе остане во сила се додека Венецуела не ги врати сите имоти, земјиште и нафтени ресурси за кои Трамп тврди дека биле украдени од Соединетите Американски Држави. Покрај поморската блокада, Трамп го актуелизираше и прашањето со миграцијата, посочувајќи дека криминалците и илегалните имигранти кои биле испратени во САД за време на претходната администрација, сега се враќаат во Венецуела со забрзано темпо. Овој потег веќе предизвика реакции на светските берзи, каде цената на нафтата забележа раст од преку 2%.
Бројот на посетители во театрите е зголемен за 20,5%, прикажани се вкупно 1.391 претстава
Бројот на посетители во театрите е зголемен за 20,5%, прикажани се вкупно 1.391 претстава
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика за периодот 2024/2025 година, професионалните театри во земјава бележат пораст на прикажување претстави и привлекување на публика. Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 20,9% во споредба со претходната сезона, додека бројот на посетителите бележи пораст од 20,5%. Во 18 професионални театри биле изведени 871 дело со вкупно 1.105 претстави, кои ги виделе 198.756 посетители. Бројот на прикажани претстави во театрите за деца и млади во периодот 2024/2025 година е намален за 24,9%, а има намалување и на бројот на посетители за 30,9% во однос на сезоната 2023/2024. Во овие театри биле прикажани 163 претстави со вкупно 16.534 посетители. Кај аматерските театри е забележана позитивна динамика со зголемување и на бројот на претстави и на бројот на посетители. Во овие театри биле изведени 123 претстави пред публика од 16.846 граѓани. Кога ќе се сумираат сите театарски дејности (професионални, аматерски и за деца), вкупната бројка изнесува 1.391 претстава и 232.136 посетители. Во делот на музичко-сценската дејност, Националната филхармонија бележи пад на бројот на посетители во споредба со периодот 2023/2024 година, реализирајќи 38 концерти со 25.100 посетители. Професионалниот ансамбл за народни игри и песни бележи раст. Кај нив е евидентирано зголемување на бројот на самостојни приредби и концерти, кои во тековниот период достигнале бројка од 28 настапи со вкупно 19.920 посетители.
Николоски: Се работи на нов просторен план кој ќе понуди инфраструктурен концепт за развој на Македонија
Николоски: Се работи на нов просторен план кој ќе понуди инфраструктурен концепт за развој на Македонија
Изработката на новиот просторен план на Македонија ќе понуди нов инфраструктурен концепт и ќе ги даде клучните насоки за долгорочен развој на државата, овозможувајќи бенефити за целокупното општество. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на настанот по повод 20 години постоење на Агенцијата за просторно планирање. Николоски потенцираше дека Агенцијата има централна улога во обликувањето на иднината на државата преку овој стратешки документ. Тој објасни дека Македонија, како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа, мора максимално да ја искористи својата геостратешка положба на Коридорите 8, 10 и 10-д. Новиот план предвидува интензивен развој на автопатиштата, железничките поврзувања и формирање на мултимодуларни јазли, особено на вкрстувањето на двата клучни коридори. Министерството за транспорт, во рамки на стратешките политики на Владата, веќе работи и на изработка на современ софтвер за развој и управување со геопросторни податоци.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk